Прејди на содржината

Знаме на Соединетите Американски Држави

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Знаме на САД)
Знамето на САД.

Знамето на Соединетите Американски Држави се состои од тринаесет еднакви ленти наизменично црвени со бели, со син правоаголник во кантон на кој има 50 мали бели петокраки ѕвезди сместени во 5 реда од по шест наизменично со 4 реда од по 5. 50-те ѕведички ги претставуваат сојузните држави на САД, а 13-те ленти ги претставуваат првобитните тринаесет колонии кои се побуниле против Британската круна (и влада) и станале првите сојузни држави.

Знамето на САД е еден од најкористените и најпрепознатливите симболи на земјата. Во САД тоа често се истакнува не само на јавни згради, туку и на приватни домови како и на возила, облека, и сл.

Знамето на САД за првпат е усвоено од Конгресот на САД на 14 јуни 1777, и оттогаш овој ден во САД се прославува како Ден на знамето. Првото знаме на САД имало само 13 ѕвездички, бидејќи тогаш федерацијата се состоела од 13 сојузни држави.

Развој на знамето

[уреди | уреди извор]

Во следната табела се прикажани сите варијанти на знамето на САД, односно неговиот развој. До знамето со 48 ѕвезди не постоела стандардизација на распоредот на ѕвездите. Исто така боите не биле стандардизирани сè до 1934

број на ѕвезди број на ленти дизајн држави претставени со новите ѕвезди датум на воведување период на употреба
0 13 н/п 3 декември 1775[1] – 14 јуни 1777 1½ години
(18 месеци)
13 13
 
Делавер, Пенсилванија, Њу Џерси, Џорџија, Конектикат, Масачусетс, Мериленд, Јужна Каролина, Њу Хемпшир, Вирџинија, Њујорк, Северна Каролина, Род Ајленд 14 јуни 1777 – 1 мај 1795 18 години
(215 месеци)
15 15 Вермонт, Кентаки 1 мај 1795 – 3 јули 1818 23 години
(278 месеци)
20 13   Индијана, Луизијана, Мисисипи, Охајо, Тенеси 4 јули 1818 – 3 јули 1819 1 година
(12 месеци)
21 13 Илиноис 4 јули 1819 – 3 јули 1820 1 година
(12 месеци)
23 13 Алабама, Мејн 4 јули 1820 – 3 јули 1822 2 години
(24 месеци)
24 13 Мисури 4 јули 1822 – 3 јули 1836
1831 term "Old Glory" coined
14 години
(168 месеци)
25 13 Арканзас 4 јули 1836 – 3 јули 1837 1 година
(12 месеци)
26 13   Мичиген 4 јули 1837 – 3 јули 1845 8 години
(96 месеци)
27 13 Флорида 4 јули 1845 – 3 јули 1846 1 година
(12 месеци)
28 13 Тексас 4 јули 1846 – 3 јули 1847 1 година
(12 месеци)
29 13   Ајова 4 јули 1847 – 3 јули 1848 1 година
(12 месеци)
30 13 Висконсин 4 јули 1848 – 3 јули 1851 3 години
(36 месеци)
31 13 Калифорнија 4 јули 1851 – 3 јули 1858 7 години
(84 месеци)
32 13 Минесота 4 јули 1858 – 3 јули 1859 1 година
(12 месеци)
33 13  
 
Орегон 4 јули 1859 – 3 јули 1861 2 години
(24 месеци)
34 13 Канзас 4 јули 1861 – 3 јули 1863 2 години
(24 месеци)
35 13 Западна Вирџинија 4 јули 1863 – 3 јули 1865 2 години
(24 месеци)
36 13   Невада 4 јули 1865 – 3 јули 1867 2 years
(24 месеци)
37 13   Небраска 4 јули 1867 – 3 јули 1877 10 години
(120 месеци)
38 13   Колорадо 4 јули 1877 – 3 јули 1890 13 години
(156 месеци)
43 13 Ајдахо, Монтана, Северна Дакота, Јужна Дакота, Вашингтон 4 јули 1890 – 3 јули 1891 1 година
(12 месеци)
44 13 Вајоминг 4 јули 1891 – 3 јули 1896 5 години
(60 месеци)
45 13 Јута 4 јули 1896 – 3 јули 1908 12 години
(144 месеци)
46 13 Оклахома 4 јули 1908 – 3 јули 1912 4 години
(48 месеци)
48 13 Аризона, Ново Мексико 4 јули 1912 – 3 јули 1959 47 години
(564 месеци)
49 13 Алјаска 4 јули 1959 – 3 јули 1960 1 година
(12 месеци)
50 13 Хаваи 4 јули 1960 – денес 64 години
(618 месеци)
  1. Leepson, Marc. (2005). Flag: An American Biography. New York: St. Martin's Press.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]