Прејди на содржината

Знаме на Соединетите Американски Држави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знамето на САД.

Знамето на Соединетите Американски Држави се состои од тринаесет еднакви ленти наизменично црвени со бели, со син правоаголник во кантон на кој има 50 мали бели петокраки ѕвезди сместени во 5 реда од по шест наизменично со 4 реда од по 5. 50-те ѕведички ги претставуваат сојузните држави на САД, а 13-те ленти ги претставуваат првобитните тринаесет колонии кои се побуниле против Британската круна (и влада) и станале првите сојузни држави.

Знамето на САД е еден од најкористените и најпрепознатливите симболи на земјата. Во САД тоа често се истакнува не само на јавни згради, туку и на приватни домови како и на возила, облека, и сл.

Знамето на САД за првпат е усвоено од Конгресот на САД на 14 јуни 1777, и оттогаш овој ден во САД се прославува како Ден на знамето. Првото знаме на САД имало само 13 ѕвездички, бидејќи тогаш федерацијата се состоела од 13 сојузни држави.

Развој на знамето

[уреди | уреди извор]

Во следната табела се прикажани сите варијанти на знамето на САД, односно неговиот развој. До знамето со 48 ѕвезди не постоела стандардизација на распоредот на ѕвездите. Исто така боите не биле стандардизирани сè до 1934

број на ѕвезди број на ленти дизајн држави претставени со новите ѕвезди датум на воведување период на употреба
0 13н/п3 декември 1775[1] – 14 јуни 1777 1½ години
(18 месеци)
1313
 
Делавер, Пенсилванија, Њу Џерси, Џорџија, Конектикат, Масачусетс, Мериленд, Јужна Каролина, Њу Хемпшир, Вирџинија, Њујорк, Северна Каролина, Род Ајленд14 јуни 1777 – 1 мај 1795 18 години
(215 месеци)
1515Вермонт, Кентаки1 мај 1795 – 3 јули 1818 23 години
(278 месеци)
2013 Индијана, Луизијана, Мисисипи, Охајо, Тенеси4 јули 1818 – 3 јули 1819 1 година
(12 месеци)
2113Илиноис4 јули 1819 – 3 јули 1820 1 година
(12 месеци)
2313Алабама, Мејн4 јули 1820 – 3 јули 1822 2 години
(24 месеци)
2413Мисури4 јули 1822 – 3 јули 1836
1831 term "Old Glory" coined
14 години
(168 месеци)
2513Арканзас4 јули 1836 – 3 јули 1837 1 година
(12 месеци)
2613 Мичиген4 јули 1837 – 3 јули 1845 8 години
(96 месеци)
2713Флорида4 јули 1845 – 3 јули 1846 1 година
(12 месеци)
2813Тексас4 јули 1846 – 3 јули 1847 1 година
(12 месеци)
2913 Ајова4 јули 1847 – 3 јули 1848 1 година
(12 месеци)
3013Висконсин4 јули 1848 – 3 јули 1851 3 години
(36 месеци)
3113Калифорнија4 јули 1851 – 3 јули 1858 7 години
(84 месеци)
3213Минесота4 јули 1858 – 3 јули 1859 1 година
(12 месеци)
3313 
 
Орегон4 јули 1859 – 3 јули 1861 2 години
(24 месеци)
3413Канзас4 јули 1861 – 3 јули 1863 2 години
(24 месеци)
3513Западна Вирџинија4 јули 1863 – 3 јули 1865 2 години
(24 месеци)
3613 Невада4 јули 1865 – 3 јули 1867 2 years
(24 месеци)
3713 Небраска4 јули 1867 – 3 јули 1877 10 години
(120 месеци)
3813 Колорадо4 јули 1877 – 3 јули 1890 13 години
(156 месеци)
4313Ајдахо, Монтана, Северна Дакота, Јужна Дакота, Вашингтон4 јули 1890 – 3 јули 1891 1 година
(12 месеци)
4413Вајоминг4 јули 1891 – 3 јули 1896 5 години
(60 месеци)
4513Јута4 јули 1896 – 3 јули 1908 12 години
(144 месеци)
4613Оклахома4 јули 1908 – 3 јули 1912 4 години
(48 месеци)
4813Аризона, Ново Мексико4 јули 1912 – 3 јули 1959 47 години
(564 месеци)
4913Алјаска4 јули 1959 – 3 јули 1960 1 година
(12 месеци)
5013Хаваи4 јули 1960 – денес 65 години
(618 месеци)
  1. Leepson, Marc. (2005). Flag: An American Biography. New York: St. Martin's Press.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]