Меди Бенатија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мехди Бенатија)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Меди Бенатија
Medhi Benatia.jpg
Лични податоци
Роден на 17 април 1987 (1987-04-17) (32 г.)
Роден во Куркурон, Франција
Држава Мароко Мароко
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Ал-Духаил Ал-Духаил
Број 4
Младинска кариера
600px Rosso e Bianco (strisce).png ИНФ Клерфонтејн
Генгамп Генгамп
Марсеј Олимпик Марсеј
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2006 Марсеј Олимпик Марсеј 0 (0)
2004-2006 Марсеј 2 Олимпик Марсеј 2 12 (0)
2006-2007Тур Тур 29 (1)
2007-2008Лорјан Лорјан 0 (0)
2008-2010 Клермон Клермон 57 (2)
2010-2013 Удинезе Удинезе 80 (6)
2013-2014 Рома Рома 33 (5)
2014-2016 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 29 (2)
2016-2019 Јувентус Јувентус 40 (3)
2019- Ал-Духаил Ал-Духаил 0 (0)
Репрезентација
2005 Франција Франција 18 7 (0)
2006-2007 Мароко Мароко 20 4 (0)
2008- Мароко Мароко 61 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 11 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 11 јануари 2012

Меди Бенатија (роден на 17 април, 1987 во Куркурон, Франција) е марокански фудбалер, играч од одбраната на Ал-Духаил и на мароканската репрезентација.

Иако е роден и израснал во Франција, Бенатија се определил да ја претставува земјата на потекло на неговиот татко, Мароко. Своето деби за сениорската репрезентација го имал во 2008 година и со неа настапувал на три турнири на Африканскиот куп на нации во 2012, 2013 и 2017 и едно Светско првенство во 2018. Во моментов тој е капитен на својата репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бенатија е роден во Куркурон, Франција, од татко мароканец и мајка алжирка.[1][2]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Висок, крупен, силен, и атлетски граден стопер, со добра техника, способност за играње со топката, одлични одбранбени вештини, и способност да ја организира својата одбрана; во последниве години Бенатија се стекнал со репутација како еден од најдобрите централни дефанзивци во Серија А; тој исто така е познат и по навремени стартови и способноста за игра во воздухот.[3][4][5]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Роден во Куркурон од татко мароканец и мајка алжирка,[1][6] Бенатија ги направил својте први фудбалски чекори во фудбалските клубови Еври и Кретеј, пред да влезе во престижната фудбалска академија ИНФ Клерфонтејн во 2002 година.[1]

Откако ја завршил обуката од две години во академијата одлучил да му се приклучи на младинскиот сектор на Олимпик Марсеј во 2003 година.[1] Две години подоцна го потпишал својот прв професионален договор со клубот. Со цел да се здобие со искуство и минути за игра, во 2006 година тој бил позајмен најпрво на екипата на Тур, каде што одиграл 29 натпревари, а во следната сезона и во Лорјан, каде што никогаш не заиграл поради сериозна повреда на коленото со која се здобил во јануари 2008.[1]

Клермон и Удинезе[уреди | уреди извор]

Бенатија се вратил назад во Марсеј по завршувањето на сезоната 2007-2008, но таму немал место во тимот, така што на 26 јуни 2008 тој го прифатил постојаниот трансфер во екипата на Клермон во Лига 2. Во Клермон тој успеал да пронајде можност за игра во континуитет, а неговите одлични настапи набрзо започнале да го будат интересот на разни други европски клубови. Конечно, во јануари 2010 година тој бил купен од италијанскиот Удинезе за 500.000 евра,[7] но останал во Клермон на позајмица до крајот на сезоната 2009-2010.

Бенатија на тренинг со Удинезе во 2011.

Во летото 2010 тој му се приклучил на Удинезе и ја започнал својата авантура во градот Удине, дебитирајќи во црно-белиот дрес на 11 септември 2010 година во поразот со 2-1 од Интер на Џузепе Меаца. Во шесттото коло од сезоната, на 2 октомври Бенатија го постигнал својот прв погодок за Удинезе во 92-рата минута од натпреварот против Чезена на Фриули за да му донесе водство на својот тим од 1-0 кое неколку минути подоцна значело и победа за Удинезе. Во осмото коло, против Палермо го постигнал својот втор гол за сезоната, отворајќи го резултатот во победата со 2-1. Тој се вратил на постигнувањето голови на 13 март 2011 година, во дваесет и деветтото коло, кога го постигнал погодокот за предност на Удинезе во натпреварот против Калјари што завршил со резултат од 4-0 за фриуланите. Удинезе ја завршил сезоната 2010-2011 на четвртото место во Серија А, обезбедувајќи пласман во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона, а Бенатија придонесол за успехот со 34 настапи и 3 гола. Следната сезона, започнала со елиминацијата и неуспехот на клубот да влезе во групната фаза од Лигата на шампионите но тие продолжиле да играат европски фудбал во Лигата на Европа, каде Бенатија забележал 9 настапи и постигнал 1 гол - негов прв во европските натпреварувања - против Атлетико Мадрид на 20 октомври, на патот на клубот до осминафиналето каде биле елиминирани од холандскиот Аз Алкмар. Тој одиграл 27 натпревари во Серија А и забележал еден единствен погодок на 2 октомври 2011 година во победата со 2-0 над Болоња. Во својата трета и последна сезона Бенатија одиграл најмалку натпревари во споредба со претходните две сезони, појавувајќи се само во 25 натпревари во сите натпреварувања на кои постигнал два гола и двата во Серија А во победите над Кјево (3-1 дома) и Палермо (3-2 гости).

Рома[уреди | уреди извор]

На 13 јули 2013, Бенатија се преселил во Рома за 13.5 милиони евра (вклучувајќи ја и сумата од половина од договорите на играчите кои Рома ги испратила во Удине, Валерио Вере и Нико Лопес, соодветно за 2,5 и 1 милион евра).[8] Дебитирал за џалороросите на 25 август, во првенствената победа на гостувањето кај Ливорно со 2-0.[9] На 25 септември, во победата на гости против Сампдорија со 2-0, Бенатија го постигнал својот прв гол за екипата од главниот град на Италија.[10] На почетокот на сезоната, тој придонесол Рома да стигне до рекордни 10 последователни победи во Серија А, успех кој бил постигнат со победата над Кјево на домашен терен со 1-0 на 31 октомври 2013 година. Следниот месец на 16 ноември, тој влегол во листата од 25 кандидати за титулата на Африкански фудбалер на годината, заедно со неговиот тимски колега Жервињо,[11] и бил сврстен во "Топ 11" на континентот.[12] На 22 декември, за прв пат во својата кариера Бенатија постигнал два гола на еден натпревар против Катанија во победата н Рома со 4-0.[13]

Успешната и единствена сезона во Рома, ја завршил со 37 настапи и 5 гола, и бил избран во ЕСМ Тимот на годината.

Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

Бенатоја во дресот на Бајерн Минхен во 2014

На 26 август 2014, Бенатија потпишал петгодишен договор со Бајерн Минхен,[14][15] во трансфер кој изнесувал 26 милиони евра (плус 4 во бонуси).[16] Со тоа баварците ги победиле Манчестер Сити, Челси, Барселона и Реал Мадрид кој исто така биле заинтерисирани за доведување на Бенатија во својте редови.[17] Тој признал дека бил разочаран поради напуштањето на Рома, но му било кажано дека мора да си замине, бидејќи на клубот му биле потребни пари.[17] Набргу потоа, претстедателот на Рома Џејмс Палота бил бесен од зборовите на Бенатија и одговорил дека тој бил продаден затоа што е отровен лажго.[18]

На 17 септември 2014 година, Бенатија го направил своето деби за Бајерн во победата на домашен терен против Манчестер Сити (1-0) во натпреварот со кој била отворена сезоната на клубот во Лигата на шампионите, каде што тој одиграл 85 минути, завршувајќи го натпреварот со 93% точни додавања. Во вториот натпревар од групата против Манчестер Сити, тој бил исклучен во 20-та минута поради фаулирање на Серхио Агуеро во чиста позиција за гол.[19] Својот прв гол за Бајерн Бенатија го постигнал на 13 декември, отворајќи го резултатот во победата со 4–0 над Аугсбург.[20] На 12 мај 2015 година, Бенатија го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите, во реваншот од полуфиналето против Барселона натпревар што завршил со победа на Бајер од 3-2 но и покрај тоа баварците не успеале да се пласираат во финалето и биле елиминрани со вкупен резултат 3-5.[21] Во текот на сезоната Бенатија многу страдал од повреди поради што морал да пропушти голем број на натпревари завршувајќи ја сезоната со само 24 настапи и 2 постигнати гола во сите конкуренции. Исто така, тој го освоил својот прв трофеј во кариерата, откако Бајерн ја освоил Бундеслигата.

Сезоната 2015-2016 Бенатија ја отворил играјќи во Суперкупот на Германија, кој Баерн го загубил на пенали од Волфсбург, по нерешените 1-1 по 120 минути игра.[22] Во текот на втората сезона, Бенатија имал уште повеќе проблеми со повреди играјќи само 22 натпревари во сите конкуренции на кој забележал 1 гол, против Хамбургер во лигата во победата со 5-0.[23] На крајот на сезоната со Бајерн освоил уште два трофеја: Бундеслигата и Купот на Германија.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 15 јули 2016 година, Бенатија се вратил во Италија, каде му се приклучил на Јувентус на позајмица за 3 милиони евра,[24] со можност за постојан трансфер за 17 милиони евра на крајот од сезоната.[25][26] Како прв мароканец кој потпишал за Јувентус, Бенатија дебитирал за торинскиот клуб на 27 август 2016 во победата на гостувањето кај Лацио со 1-0 во Серија А.[27] На 10 март 2017 го постигнал својот прв погодок во дресот на Јувентус, во дербито против Милан при победата со 2-1 на Стадион Јувентус.[28] На 6 мај, по завршувањето на градското дерби против Торино (1-1) Бенатија останал на теренот за да даде интервју за телевизиската куќа РАИ и пред да даде било каков коментар, Бенатија на слушалките слушнал расистичка навреда на негова адреса по што тој во неверување прашал кој му го порачал тоа и која е причината за срамната навреда.[29] Подоцна компанијата јавно му се извинила на играчот.[30] Во меѓувреме, на 12 мај, торинскиот клуб го откупил целосно договорот на играчот од Бајерн Минхен за 17 милиони евра.[31] На 17 и 21 мај, Бенатија освоил два трофеја со Јувентус; најпрво триумфирал во Купот на Италија со победа во финалето над Лацио (2-0), а потоа го освоил и своето прво скудето во кариерата благодарение на домашната победа над Кротоне (3-0) со која била математички осигурана титулата во Серија А. На 3 јуни Јувентус учествувал во финалето на Лигата на шампионите во кое загубиле од Реал Мадрид (1-4), а Бенатија го поминал целиот натпревар на клупата за резерви.

По релативно позитивната деби сезона во Јувентус, во која имал неколку одлични настапи иако пропуштил голем број на натпревари поради серија од физички проблеми и повреди, следната сезона заминувањето на Леонардо Бонучи од клубот отворило многу простор за мароканскиот дефанзивец да се воспостави како прв избор во центарот на одбраната на бјанконерите заедно со Џорџо Кјелини.[32] На 23 декември 2017, го постигнал единствениот гол во натпреварот со кој Јувентус славел победа над неговиот поранешен клуб Рома со 1-0.[33] На 9 мај 2018 година, постигнал два гола во победата со 4-0 над Милан во финалето на Купот на Италија.[34] Четири дена подоцна со Јувентус го освоил своето второ скудето во кариерата.

Ал-Духаил[уреди | уреди извор]

На 28 јануари 2019, Бенатија потпишал за катарскиот Ал-Духаил во трансфер вреден 8 милиони евра плус дополнителни 2 милиони евра доколку се остварат одредени услови.[35][36]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Бенатија ја започнал репрезентативната кариера играјќи неколку натпревари за француската младинска репрезентација (под-17). Подоцна тој играл за разни национални младински репрезентации на Мароко, а на 19 ноември 2008 година дебитирал за сениорската репрезентација на оваа земја, во пријателски натпревар против Замбија.[37] На 4 јуни 2011 година го постигнал својот прв репрезентативен погодок во квалификациски натпревар за Африканскиот куп на нации против Алжир.[38] Во 2012 и 2013 година Бенатија учествувал со својата репрезентација на Африканскиот куп на нации.

На 14 август 2013 во поразот со 2-1 од Буркина Фасо во пријателски натпревар игран во Тангер, Бенатија за прв пат во својата кариера ја носел капитенската лента на мароканците во отсуство на регуларниот капитен Хусин Харја. Меѓутоа по повлекувањето на Харја од репрезентативниот дрес во 2015, Бенатија официјално станал прв капитен на Мароко.

Бенатија бил капитен на Мароко на Африканскиот куп на нации 2017 во Габон и ги одигра сите минути за својата репрезентација на патот до четвртфиналето во кое "Атласките лавови" биле елиминирани со 1-0 од Египет во четвртфиналето. Во март истата година, тој одлучил да се откаже од репрезентацијата додека не стане редовен првотимец во Јувентус, наведувајќи: "Мислам дека не е фер да дојдам и да играм за репрезентацијата кога немам натпреварувачки фудбал и го заземам местото на некој кој е во подобра позиција".[39] Во септември 2011, Бенатија се вратил во репрезентацијата, а на 11 ноември тој го постигнал вториот погодок за Мароко во победата со 2-0 на гостувањето кај Брегот на Слоновата Коска, која ги квалификувала "Атласките лавови" на Светско првенство, за прв пат по 20 години.[40]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 13 февруари 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2006-2007 Франција Тур Л2 29 0 КФ+ЛКФ 0+1 0 - - - - - - 30 0
2007-2008 Франција Лорјан Л1 0 0 КФ+ЛКФ 0+1 0 - - - - - - 1 0
2008-2009 Франција Клермон Л2 27 1 КФ+ЛКФ 1+0 0 - - - - - - 28 1
2009-2010 Л2 30 1 КФ+ЛКФ 0+2 0 - - - - - - 32 1
Вкупно Клермон 57 2 3 0 0 0 - - 60 2
2010-2011 Италија Удинезе A 34 3 КИ 0 0 - - - - - - 34 3
2011-2012 A 27 1 КИ 0 0 ЛШ+ЛЕ 2[41]+9 0+1 - - - 38 2
2012-2013 A 19 2 КИ 0 0 ЛШ+ЛЕ 2[41]+4 0 - - - 25 2
Вкупно Удинезе 80 6 0 0 17 1 - - 97 7
2013-2014 Италија Рома А 33 5 КИ 4 0 - - - - - - 37 5
2014-2015 Германија Бајерн Минхен БЛ 15 1 КГ 2 0 ЛШ 7 1 СГ - - 24 2
2015-2016 БЛ 14 1 КГ 1 0 ЛШ 6 0 СГ 1 0 22 1
Вкупно Бајерн Минхен 29 2 3 0 13 1 1 0 46 3
2016-2017 Италија Јувентус А 15 1 КИ 1 0 ЛШ 5 0 СИ - - 21 1
2017-2018 A 20 2 КИ 3 2 ЛШ 8 0 СИ 1 0 32 4
2018-2019 A 5 0 КИ 0 0 ЛШ 1 0 СИ 0 0 6 0
Вкупно Јувентус 40 3 4 2 14 0 1 0 59 5
јан. 2019 Катар Ал-Духаил КСЛ 0 0 КК 0 0 - - - - - - 0 0
Вкупно во кариерата 269 18 15 2 44 2 2 0 330 22

Титули[уреди | уреди извор]

Германија Баерн Минхен[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Yokhin, Michael (4 February 2014). „Mehdi Benatia – how France lost the best of Generation '87“. ESPN. конс. 15 February 2014. 
  2. INTERVIEW. "Lemerre n’y est pour rien…"“ (посет. 30 август 2014 г). (на fr)
  3. Maurizio Pilloni (28 September 2009). „BEST XI: scegliamo i migliori difensori della storia bianconera“ (Italian). Tutto Udinese. конс. 22 February 2017. 
  4. „Benatia 'not good enough for Bayern' – Matthaus“. FourFourTwo. 9 December 2015. конс. 22 February 2017. 
  5. Steffen Potter (28 August 2014). „Benatia solves Guardiola's Bayern problem“. UEFA.com. конс. 22 February 2017. 
  6. INTERVIEW. "Lemerre n’y est pour rien…"“ (посет. 30 август 2014 г). (на fr)
  7. Francesco Velluzzi. „Ora l'Udinese vale 100 milioni in più“, 15 febbraio 2011.
  8. 2013 - 07 - 13 Operazioni di mercato“ (PDF), 13 luglio 2013.
  9. „Livorno 0-2 Roma“. 25 agosto 2013.  Unknown parameter |urlarchivio= ignored (помош); Unknown parameter |dataarchivio= ignored (помош); Unknown parameter |urlmorto= ignored (помош);
  10. „Sampdoria-Roma 0-2, Benatia e Gervinho fanno volare i giallorossi“. 25 settembre 2013. 
  11. „Duello Gervinho-Benatia: chi è il miglior africano?“. 16 novembre 2013. 
  12. „Toure rules Africa again“.  Unknown parameter |urlarchivio= ignored (помош); Unknown parameter |langua= ignored (помош); Unknown parameter |datearchivio= ignored (помош); Unknown parameter |urlmorto= ignored (помош)
  13. „Roma-Catania 4-0, Benatia e Destro rispondono alla Juventus, chiude Gervinho“. 22 dicembre 2013. 
  14. Mehdi Benatia: Bayern Munich sign Roma defender“, BBC Sports, 27 август 2014 (посет. 28 август 2014 г).
  15. Transfer von Benatia ist fix“, Süddeutsche Zeitung, 26 август 2014 (посет. 27 август 2014 г). (на de)
  16. „OPERAZIONI DI MERCATO BENATIA“ (PDF) (Italian). AS Roma. 27 August 2014. конс. 30 August 2014. 
  17. 17,0 17,1 Transfer news: Mehdi Benatia says Bayern Munich was obvious choice despite European interest“, Sky Sports, 8 септември 2014 (посет. 10 септември 2014 г).
  18. Палота, Џејмс (8 септември 2014). „Pallotta: “Benatia was poison”“. конс. 11 февруари 2018. 
  19. Man City 3–2 Bayern Mun“, „BBC Sport“, 25 ноември 2014 (посет. 25 ноември 2014 г).
  20. FC Augsburg 0–4 Bayern Mun“, „BBC Sport“, 13 декември 2014 (посет. 13 декември 2014 г).
  21. Bayern Mun 3–2 Barcelona“, „BBC Sport“, 12 мај 2015 (посет. 13 мај 2015 г).
  22. Joker Bendtner ist zweimal zur Stelle“, 1 август 2015 (посет. 1 август 2015 г). (на German)
  23. Bayern Munich 5-0 Hamburg: Bavarians begin Bundesliga campaign in ominous fashion“, Goal.com, 14 август 2015 (посет. 14 август 2015 г).
  24. „Benatia è bianconero“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  25. FC Bayern Munich (15 јули 2016). "Benatia joins Juventus". Соопштение за печат.
  26. „Official: Juventus sign Benatia“. Football Italia. 15 July 2016. конс. 15 July 2016. 
  27. „Juventus, è un super Benatia: il marocchino è già un membro legittimo della BBC“. 28 agosto 2016.  Unknown parameter |autore= ignored (помош);
  28. „Serie A: Juve-Milan 2-1, decide un rigore di Dybala al 97'. 10 marzo 2017. конс. 26 dicembre 2017.  Unknown parameter |autore= ignored (помош);
  29. Незапаметен инцидент во Италија: Бенатија доби срамна расистичка навреда додека имаше вклучување во живо (Видео) derbi.mk
  30. Italian broadcaster Rai apologises to Medhi Benatia for racist incident“, ESPN, 7 мај 2017 (посет. 22 декември 2017 г).
  31. „Benatia fino al 2020!“. 12 maggio 2017. 
  32. „Juventus, Benatia: «Non sono il nuovo Bonucci»“. 30 dicembre 2017. 
  33. Juventus-Roma 1-0: decide l'ex Benatia. Highlights e Gol sky italia
  34. Massimo Mazzitelli (9 maggio 2018). „Juventus-Milan 4-0, i bianconeri conquistano la quarta Coppa Italia consecutiva: notte da incubo per Donnarumma“. 
  35. Thanks for everything, Medhi!“, juventus.com, 28 јануари 2019 (посет. 28 јануари 2019 г).
  36. Zvanično:Benatia je igrač Al Duhaila www.ju1897.net
  37. Mehdi Benatia, une étoile dans le firmament du football marocain“, Maroc Québec, 26 јуни 2016 (посет. 22 декември 2017 г). (на French)
  38. Football : le Maroc humilie l’Algérie 4 à 0“, Bladi, 5 јуни 2011 (посет. 22 декември 2017 г). (на French)
  39. Benatia drops himself from Morocco team over lack of form“, Reuters, 15 март 2017 (посет. 22 декември 2017 г).
  40. LEADING MOROCCO TO RUSSIA 2018 ‘MY MOST BEAUTIFUL MOMENT’ - BENATIA“, Goal.com, 18 ноември 2017 (посет. 22 декември 2017 г).
  41. 41,0 41,1 Во плејофот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]