Камила (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Камила
Καμήλα
Највисока точка
ВрвКамила
Надм. вис.569 м
Величина
Должина12 км
Географија
МестоКукушко и Солунско, Егејска Македонија

Камила (грчки: Καμήλα) или Деве Каран (турски: Deve Karan) — ниска планина во Кукушко и Солунско, Егејска Македонија. Има издолжен облик во правец северозапад-југоисток и долга од околу 12 км. Планината е пресечена со клисура, низ која тече реката Курудере. Највисока точка е истоимениот врв Камила со 569 м, сместен во јужниот дел на планината.

Населени места[уреди | уреди извор]

Околу неа се сместени следниве населени места, наведени во состав на денешните општини на кои им припаѓаат:

Историја[уреди | уреди извор]

Во османлиско време, на турски планината се нарекувала Деве Каран, што значи „црна камила“.

За време на Втората балканска војна, Камила служела како набљудувачница на грчката војска во Битката кај Кукуш (19-21 јуни 1913).

Во 1953 г. е изградн параклис во чест на светиот цар Константин и царицата Елена. На врвот е поставен крст висок 14 м.

Стопанска активност[уреди | уреди извор]

Во најјужниот дел на планината има каменолом, каде почнувајќи од 1981 г. се вади варовник за потребите на цементарницата „ТИТАН“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Надзор врз каменоломот на планината Камила“. Одделение за физичка и околинска географија, Универзитет „Аристотел“ - Солун. конс. 25 јануари 2016.  (грчки)