Каракамен
Каракамен | |
---|---|
Βέρμιο | |
Каракамен гледан од селото Копаново | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.065 м |
Друго име | Βέρμιο |
Географија | |
Место | Гребенско и Кожанско, Егејска Македонија (денес во Грција) |
Каракамен или Кара Камен (грчки: Βέρμιο, Вермио) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција.
Планината се протега во централниот дел на Егејска Македонија меѓу административните области Западна Македонија (Кожани) на запад и Централна Македонија, Постол на североисток и Иматија (Берско) на југосток.
Планината се дели на два дела, северна „Негуш Планина или „Дурла“ (Турла) и јужна — „Докса“. Каракамен се наоѓа меѓу Островското Езеро на северозапад, котлината Сариѓол (Кајларско Поле) на запад, река Бистрица на југ и Солунското Поле на исток. Највисокиот врв на планината е Каракамен (на турски Караташ, на грчки Хамити) на 2.065 метри.[1]
Во народното творештво
[уреди | уреди извор]Планината Каракамен се споменува во народната песна „Дафино вино црвено“, каде во првата строфа се вели:[2]
„ |
|
“ |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Страница за Каракамен“. Архивирано од изворникот на 2007-06-02. Посетено на 2011-01-27.
- ↑ Дафино вино црвено Архивирано на 11 јануари 2015 г. — портал „Македонски народни песни“
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Флора на Каракамен Архивирано на 30 март 2014 г. (англиски)
40°31′33″N 22°00′38″E / 40.5258046° СГШ; 22.0104218° ИГД
|