Прејди на содржината

Гида (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Гида
Δήμος Αλεξάνδρειας

Карта на општина Гида
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Иматија
Гео. област: Урумлак
Население: 42.701 (2021)
Седиште: Гида
Нас. места: 38
Пошт. бр.: 593 00
Пов. бр.: 23330-2
Портал: alexandria.gr

Гида (грчки: Δήμος Αλεξάνδρειας, Димос Александријас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Гида. Општината е дел од округот Иматија.

Населени места

[уреди | уреди извор]

Општината Гида е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари општини: Гида (Александрија), Антигониди (Антигонидес), Мелик (Мелики) и Плати во областа Урумлак.

Напомена: Називот на „Антигониди“ не се однесува на ниедно постоечко место, туку е даден според македонската династија Антигониди, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија..

Општинска единица Гида

[уреди | уреди извор]

Општинската единица Гида го опфаќа градот Гида и 9 села.

  • Општински оддел Гида
Поранешната општина Гида на картата на некогашниот округ Иматија.
  • Општински оддел Лутрос
  • село Лутрос (Λουτρός)
  • село Ексоклиси (Εξωκκλήσι)
  • Општински оддел Ниси
  • село Ниси (Νησί)
  • село Санда (Σάντα) новосоздадено
  • Општински оддел Нихор
  • село Нихор (Νεοχώρι, Неохори)
  • Општински оддел Решани
  • Општински оддел Триховишта

Општинска единица Антигониди

[уреди | уреди извор]
Поранешната општина Антигонидес на картата на некогашниот округ Иматија.

Општинската единица Антигониди со седиште во Кавасила опфаќа 8 села:

  • Општински оддел Кавасила
  • Општински оддел Пископи
  • Општински оддел Пожари
  • село Пожари (Κεφαλοχώρι, Кефалохори)
  • Општински оддел Скилич
  • село Скилич (или Старо Скилич, Παλιό Σκυλίτσι, Палео Скилици)
  • Општински оддел Ставрос
  • Општински оддел Шеразмен

Општинска единица Мелик

[уреди | уреди извор]
Поранешната општина Мелик на картата на некогашниот округ Иматија.

Општинската единица Мелик со седиште во Мелик опфаќа 8 села и 1 манастир:

  • Општински оддел Мелик
  • село Мелик (или Менлик; Μελίκη, Мелики)
  • Општински оддел Грисел (1 547)
  • село Грисел (или Грижал; Αγκαθιά, Анкатија)
  • село Трихлево (Τριλοφία, Трилофија)
  • Општински оддел Кипсели
  • Општински оддел Неокастро
  • Општински оддел Продром
  • село Продром (Πρόδρομος, Продромос)
  • село Киркасии (Αγία Τριάδα) новосоздадено
  • село Нов Продром (Νέος Πρόδρομος, Неос Продромос) новосоздадено

На територијата на општинската единица е и денес напуштеното село Свиница (Свинца, Свинче)[2]).

Општинска единица Плати

[уреди | уреди извор]
Поранешната општина Плати на картата на некогашниот округ Иматија.

Општинската единица Плати со седиште во Плати опфаќа 11 села:

  • Општински оддел Плати
  • Општински оддел Арахос
  • село Арахос (Άραχος) новосоздадено
  • Општински оддел Голем Алабор
  • Општински оддел Клиди
  • Општински оддел Корифи
  • Општински оддел Љановери
  • Општински оддел Трикала
  • Општински оддел Чинар Фурнус

Поранешни села

[уреди | уреди извор]

На територијата на општината Гида се наоѓаат и следниве поранешни села: Ераки (Гераки), Калјани (Алорос), Капсохор (Капсохори), Карија, Катафиги, Маврангели, Нихор (Неохоропуло), Палеохори и Свиница (Сфина).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σφήνιτσα -- Σφήνα

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]