Црвен плоштад

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Црвен Плоштад)

Координати: Erioll world.svg 55°45′15″N, 37°37′12″E

Црвен плоштад
Красная площадь
светско наследство на УНЕСКО
Поглед кон црквата Свети Василиј
КритериумCultural: i, ii, iv, vi
Навод545
Запис1990 (14-то заседание)

Црвен плоштад (руски: Красная площадь) — плоштад во центарот на Москва и е најпознатиот плоштад во градот. Плоштадот го разделува Кремљ, поранешната кралска цитадела и моментално официјална резиденција на претседателот на Русија, од историската трговска четврт позната како Китај Город (руски: Китай Город) - или во превод: кинески град. Бидејќи од тука сите улици се распрснуваат низ градот во сите правци, а во подалечните делови од градот се претвораат во автопати, Црвениот плоштад често се смета за централен плоштад на Москва, а и на цела Русија.

На плоштадот се наоѓаат најпознатите знаменитости на Москва, како:

Историја и потекло на името[уреди | уреди извор]

Земјата на која што е сместен Црвениот плоштад била првично исполнета со дрвени градби, но тие биле исчистени со едиктот на царот Иван III од 1493 бидејќи тие објекти биле опасно подложни на пожари. Ново-отворената површина (оригинално позната едноставно како „пожарот“, односно „изгореното место“) постепено прерасна во примарен пазар на Москва. Подоцна, се користела и за разни јавни церемонии и прокламации, и повремено како место за крунисување на руските цареви. Од таа точка, плоштадот е постепено надоградуван и се користи за официјални церемонии на сите руски влади откако е основан.

Името Црвен плоштад не потекнува од бојата на тулите околу него, ниту пак има врска со црвената боја и комунизмот. Всушност, името потекнува од архаичниот руски збор красная (краснаја) којшто може да значи и „црвен“ и „прекрасен“ (второто значење е архаично). Зборот беше оригинално применет (со значењето „прекрасен“) на црквата на Св. Василиј, и постепено беше префрлено на блискиот плоштад. Се верува дека плоштадот го добил името во 17 век.[1][2][3]. И неколку други стари руски градови како Суздаљ, Јелец и Переслављ Заљескиј имаат главен плоштад со име краснаја плошчад, од името на московскиот Црвен плоштад.

Богатата историја на Црвениот плоштад се рефлектира во многу уметнички дела, вклучувајќи слики на Василиј Суриков, Константин Јуон, и други

Скорешна историја[уреди | уреди извор]

За време на советската ера, Црвениот плоштад ја зачува својата значајност, постанувајќи главен плоштад во животот на новата држава. Покрај тоа што бил официјална адреса на советската влада, беше реномирана локација за воени паради. Казанската катедрала и Портата на Воскресението и Ибериската капела беа демолирани за да се направи простор за тешки воени возила кои минувале низ плоштадот. Имало исто така и планови да се уништи и најпознатата градба во Москва, црквата на Св. Василиј. Легендата вели дека Лазар Каганович, Сталинов соработник и шеф на московскиот план за реконструкција, подготвил специјална макета на плоштадот на која што можело да се отстранува црквата и ја донел на Сталин за да му покаже како црквата ги попречува парадите и сообраќајот. Но, кога Каганович ја шутнал црквата од плоштадот, Сталин приговорил со неговиот познат цитат: „Лазар! Врати ја!“

Две од најзначајните паради на Црвениот плоштад се онаа од 1941 кога градот беше опсаден од Германци и трупите го напуштаа градот право кон фронтовите линии, и Московската парада на победата од 1945, кога знамињата на поразените фашистички армии беа фрлени пред мавзолејот на Ленин.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Секоја зграда на Црвениот плоштад е легенда сама по себе. Една од овие е Лениновиот мавзолеј каде што е изложено телото на Владимир Илич Ленин, основачот на Советскиот Сојуз. Во близина се наоѓа црквата на Св. Василиј Блажениот, градба со прекрасни светло-обоени куполи. Покрај неа, во близина се наоѓаат и многубројните цркви на Кремљ. На источната страна на плоштадот се наоѓа стоковната куќа ГУМ, а веднаш до неа се наоѓа реставрираната Казанска катедрала. На северната страна се наоѓа државниот историски музеј чиишто куполи се издигаат онолку високо колку и кулите на Кремљ. Единствениот извајан споменик на плоштадот е бронзената статуа на Кузма Минин и Дмитриј Пожарски, кои помогнале во ослободувањето на Москва од полските освојувачи во 1612, односно т.н. Време на неволји. Во близина се наоѓа т.н. Лобноје мјесто (руски: Лобное место) кое претставува кружна платформа каде што се одржувале јавни церемонии. Самиот плоштад е околу 330 метри долг и 70 метри широк. [1]

Панорама од 360° на Црвениот плоштад.

Понатамошни факти[уреди | уреди извор]

Црвениот плоштад навечер, со мавзолејот на Ленин (во средината)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Романюк, «Сердце Москвы. От Кремля до Белого города» 2013.
  2. Зеленецкий 1851.
  3. Муравьёв 2007.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Зеленецкий И. К. История Красной площади. — М.: Типография Московского университета, 1851. — С. 137—209. — 237 с.
  • Муравьёв В. Б. Московские слова, словечки и крылатые выражения. — М.: Алгоритм, 2007. — ISBN 978-5-9265-0301-9.
  • Романюк С. К. Сердце Москвы. От Кремля до Белого города. — М.: Центрполиграф, 2013. — С. 181—298. — 908 с. — (Москва и Подмосковье. История. Памятники. Судьбы). — 60 000 экз. — ISBN 978-5-227-04778-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]