Национален парк Бикин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национален парк Бикин
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Вид на долину р. Бикин с видовой площадки (гора Клин).jpg
Националниот парк Бикин
МестоПриморска Покраина, Русија
Најблизок градХабаровск
Површина11 600 km²
Воспоставен(а)3 ноември 2015 година
Управно телоФедерално државна институција-Бикин

Национален парк Бикин ( руски: Национальный парк Бикин) е еден од националните паркови на Русија и посебно заштитено природно подрачје во Пожарскиот реон во Приморскиот крај на Рускиот далечен исток. Паркот е формиран на 3 ноември 2015 година со декрет на Владата на Руската Федерација во рамките на програмата за заштита и ширење на критично загрозените видови на амурски тигар.[1] Паркот ја вклучува територијата на државниот природен резерват Верхебикински, што е од регионално значење и е дел од територијата на Бикинскаја.[2] Ова е еден од најмладите национални паркови во Русија, а неговата вкупна површина е 11.600 км².[3][4] Територијата на паркот е стационирана во западниот дел на планинскиот масив Сихоте Алин. Надморската височина во паркот варира од локацијата, така што е најниска на 200 м во долината на реката Бикин, а највисока на 1932 метри, на Аника, највисоката точка на Приморскиот крај .

Цели и задачи[уреди | уреди извор]

Паркот е формиран за да ги реши следниве проблеми [4] :

  • Зачувување на единствени природни локации
  • Зачувување на историски и културни локации, заштитата на живеалиштата и традиционалниот начин на живот на домородните народи ( Удегејци и Нанајци )
  • Еколошко образование на населението и создавање услови за регулиран туризам и рекреација
  • Државен надзор на земјата со цел да се заштити и зачува подрачјето

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Врвот Анит, највисоката точка на Приморскиот крај
Река Бикин во рамките на паркот

Територијата на националниот парк е едно од последните природни живеалишта на амурскиот тигар, каде што живеат 10% од светската популација од овој вид.

Во паркот се наведени 51 вид цицачи како лос, дива свиња, срна, црвена лисица, тигар, кафеава мечка и хималајска кафеава мечка, самур, бизон, бизамски стаорец и многу други. 194 видови птици живеат во подрачјето на националниот парк, а најмалку 9 од нив се запишани во Црвената книга на Русија, како што се црниот штрк, Mergus squamatus, Bubo blakistoni и други. Во паркот се наведени и 10 видови влекачи, 7 видови водоземци и 26 видови риби.[5]

Вегетацијата е претставена со листопадни шуми и широколисни кедрови шуми, а поради оваа распространетост, голем број видови цицачи живеат во шумските делови на националниот парк . Шумите околу реката Бикин се пример за мешана вегетација на север и југ од паркот. Во северното подрачје растат растенија како кедар, бреза, јасен, орев и други, додека на југ растат женшен, Eleutherococcus, Rhododendron dauricum, киви и аралија.[5]

Клима[уреди | уреди извор]

Во областа на националниот парк доминира умерена континентална клима, со големи разлики во температурата, со топли и влажни лета и студени зими.[6]

Население[уреди | уреди извор]

Тунгуско- манџурските народи Удегејци и Нанајци живеат во просторот на Националниот парк Бикин и неговата околина. До крајот на XIX век, Удегејците не биле квалификувани како народ, тие и Нани се сметале за еден народ.[7] .

Материјалната и духовната култура на бикинските Удегејци и Нанајци има многу заедничко, бидејќи пред многу години се настанати во ова подрачје. Древното население кое живее во Приморскиот крај се занимава со лов, риболов, собирање овошје и многу традиционални занаети на овие простори уште од дамнешни времиња.

Во областа на Националниот парк Бикин, се наоѓаат природни и историски знаменитости кои бикинските Удегејци и другите мали народи од Приморскиот крај многу ги почитуваат, а тоа се древни населби, стари мелници и многу други градби кои се составен дел од културата и историјата на народите на овие простори. За Удегејците, амурскиот тигар е свето животно.[8]

Управување со паркот[уреди | уреди извор]

Заедно со заштита на природата и еко-туризмот, инфраструктурата на паркот се развива на начин наменет за заштита на начинот на живот на Удегејците и Нанајците. Се проценува дека 600 домородни жители на оваа област живеат со традиционален начин на живот и се занимаваат со риболов, лов и собирање пињоли. За време на зонирањето на паркот за различни начини на користење (зачувување, научно истражување, еко-туризам и др.), Владата на Руската Федерација се обврза дека 68% од земјиштето ќе остане на располагање за традиционална употреба на луѓето што живеат тука.[9][10]

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. „Фонд по охране амурских тигров создан в РФ по инициативе Путина“. Посетено на 14. 9. 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Программа «Амурский тигр»
  3. АНО «Центр по изучению и сохранению популяции амурского тигра»
  4. 4,0 4,1 Национальный парк Бикин
  5. 5,0 5,1 „Национальный парк «Бикин»“. Архивирано од изворникот на 23. 02. 2018. Посетено на 13. 04. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  6. „Climate Data, Khabarovsk“. climate-data.org.
  7. „Национальный парк «Бикин»“. Архивирано од изворникот на 04. 04. 2018. Посетено на 13. 04. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  8. ЭТНИЧЕСКИЕ ПРЕДСТАВЛЕНИЯ ТУНГУСО -МАНЬЧЖУРОВ О ПРИРОДЕ И ОБЩЕСТВЕ
  9. „November 10 - Bikin National Park“. Посетено на 10. 1. 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. „Directive Creating Bikin National Park“. Ministry of Natural Resources of the Russian Federation. Посетено на 10. 1. 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]