Прејди на содржината

Западен Кавказ

Координати: 44°N 40°E / 44° СГШ; 40° ИГД / 44; 40
Од Википедија — слободната енциклопедија
Западен Кавказ
светско наследство на УНЕСКО
МестоКраснодарски крај, Русија
Критериумприродно: (ix), (x)
Навод900
Запис1999 (XXIII заседание)
Површина2.989 км2
Координати44°N 40°E / 44° СГШ; 40° ИГД / 44; 40
Поглед на Западниот Кавказ од врвот Табунаја кај Краснаја Пољана, Сочи.

Западен Кавказ — западниот дел на Кавказот во јужна Русија, од Црното Море до планината Елбрус.

Светско наследство

[уреди | уреди извор]
Маркотх — еден од најзападните ограноци на Голем Кавказ.

Подрачјето кое го опфаќа крајниот западен раб на Кавкаските Планини е прогласено за светско наследство на УНЕСКО. Ова се пределите 50 км на север од градот Сочи и важи за единствената поголема планина во Европа поштедена од значајно човечко влијание. Нејзините живеалишта се исклучително разновидни во однос на малата површина, опфаќајќи од низини до ледници.

Биосферен резерват

[уреди | уреди извор]

Во Западниот Кавказ се наоѓа и Кавкаскиот државен природен биосферен резерват[1]) заштитен од државата во 1924 г. Опфаќа подрачја од Краснодарскиот крај и републиките Адигеја и Карачаево-Черкесија. Создадена е со цел да се заштитат огромните примероци на кавкаската ела (Abies nordmanniana) високи по 85 м кои се сметаат за највисоките дрва во Европа. Тука се врбојуваат и извонредните шуми од тиса (Taxus baccata) и зеленика (Buxus sempervirens) околу Сочи.

Околу една третина од високогорски растенија на Западниот Кавказ се ендемски. На подрачјето е сместен и Националниот парк Сочи.

Западниот Кавказ бил живеалиште на кавкаскиот бизон сè до отстрелот на последната единка 1927 г. од ловокрадци. По неколку децении бизонот е повратен во областа, делумно вкрстен со американскиот бизон.

Востановување на персискиот леопард

[уреди | уреди извор]

Во 2009 г. во Националниот парк Сочи е создаден центар за повраток на персискиот леопард со единки донесени од Туркменистан и Иран.[2][3][4]

Во 2012 г. во паркот се доведени два леопарда од зоолошката градина во Лисабон. Следната година двојката добила млади, кои потоа се пуштени во дивината. [5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Кавкаски биосферен резерват — профил на УНЕСКО (англиски)
  2. WWF (2009) Flying Turkmen leopards to bring species back to Caucasus. WWF, 23 September 2009
  3. Sochi.Live (2010) Sochi welcomes leopards from Iran Архивирано на 1 март 2014 г.. Organizing Committee of the XXII Olympic Winter Games and XI Paralympic Winter Games of 2014 in Sochi, 4 May 2010
  4. Druzhinin, A. (2010). Iranian leopards make themselves at home in Russia's Sochi. RIA Novosti, 6 мај 2010 г.
  5. „First Persian leopard cubs in 50 years born in Russian breeding center“. United Press International. July 19, 2013. Посетено на July 21, 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]