Палата на оружјето (Москва)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Палата на оружјето
Оружейная палата
Kremlin Armoury.jpg
Палата на оружјето
Општи податоци
Координати 55°44′58.25″ СГШ 37°36′47.9″ ИГД / 
Почната 1508
Сопственик Влада на Руската федерација

Палатата на оружјето (руски: Оружейная палата) е еден од најстарите музеи кои се наоѓаат во Московскиот кремљ, Русија. Објектот бил изграден во периодот од 1844-1851 година[1]. За главен архитект бил избран Константин Тон. Денеска, палатата претставува составен дел од целиот комплекс на резиденции во Москва.

Сепак, самиот музеј бил основан уште во времето на Иван III Василевич, под името Голема хазна. Музејот се наоѓал помеѓу Архангелската катедрала и Благовештенската црква. Освен оружје, овде биле чувани и златни и сребрени скапоцености, разни подароци од диплоимати, трофеи и слично.

Во текот на 1737 година и големиот пожар кој го опфатил целиот Кремљ, палатата со дел од нејзините богатства изгореле. Новата палата била изградена во 1851 година, од архитектот Константин Тон.

Оваа палата е првиот општествен музеј во Русија. Тој бил откриен во 1806 година од страна на Александар I, но започнал со работа дури седум години подоцна. Денеска музејот располага со над 4.000 експонанти кои водат потекло од руското, европското и азиското искуство. Најстариот предмет кој се наоѓа во музејот е еден шлем, кој најверојатно припаѓал на Јарослав I (9781054), татко на Александар Невски.

Наводи[уреди | уреди извор]