Боровитска кула (Москва)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Боровитска кула
Боровицкая башня
Moscow 05-2012 Kremlin 02.jpg
Поглед кон кулата
Општи податоци
ГрадЦрвен Плоштад, Москва
ЗемјаРусија
Почната1490

Боровитската кула (руски:Боровицкая башня) е кула која се наоѓа во Кремљ, на Црвениот плоштад во Москва, Русија. Кулата е именувана по Боровитскиот плоштад.

Кулата била изградена во 1490 година, а како главен архитект бил избран Пјетро Антонио Солари, по наредба на Василиј III Московски. Во 1493 година кулата била опожарена[1]. Во 1658 година, по наредба на царот Алексеј I од Русија, името на кулата било преименувано во Предченска кула, но ова име никогаш не станало популарно сред народот. Бо 1812 година кулата била оштетена од страна на француските војски при нивното повлекување. Во периодот од 1817-1819 година кулата била обновена од страна на архитектот Јосип Бов. Во 1935 година, Советите на нејзиниот врв поставиле ѕвезда. Така, заедно со неа, нејзината висина изнесувала 54,05 метри.

Наводи[уреди | уреди извор]