Благовештенска црква (Москва)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благовештенска црква
Благовещенский собор
Основни податоци
МестоМосква, Русија
Припадностправославие
ЕпархијаМосковски Кремљ
Осветен1489
ВодствоРуска Православна црква
Архитектонски опис
Архитектонски стилруска архитектура

Благовештенската црква (руски: Благовещенский собор) е христијански храм кој се наоѓа во Московскиот Кремљ во Русија. Црквата е посветена на христијанскиот празник Благовештение на Пресвета Богородица.

Оваа црква била дом на московските цареви. Црквата била изградена на Катедралниот плоштад од страна на архитектот Псков, во периодот од 1484 до 1489 година. Катедралата била изградена на местото на друг поранешен христијански храм, кој исто така го носел истото име, и кој датирал од 1416 година.

Во почетокот, храмот имал три куполи. Две од нив биле изградени во околу 1572 година. Во 1562 година црквата настрадала од пожар. Во периодот од 1562-1564 година била додадена четвртата купола. Самиот под на катедралата бил направен од јаспис, кој пак бил донесен од катедралата во Ростов од 16 век. Ѕидовите на катедралата содржат фрагменти од живопис, насликани од страна на Теодосиј (1508). Иконостасот содржи икони кои датираат од 14 век до 17 век, вклучувајќи ги и оние кои биле насликани од страна на Андреј Рубљов, Теофан Грек итн.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „sites.google.com“. Архивирано од изворникот на 2016-09-22. Посетено на 2010-10-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 55°45′00″N 37°37′01″E / 55.75000° СГШ; 37.61694° ИГД / 55.75000; 37.61694