Кули на Московскиот кремљ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кулите во 19 век.
Московскиот Кремљ и кулите околу неговите ѕидини

Московскиот Кремљ има 20 кули. Следува список на кулите.

Боровитска кула[уреди | уреди извор]

Боровитска кула

Боровитската кула била изградена во 1490 година, а како главен архитект бил избран Пјетро Антонио Солари, по наредба на Василиј III Московски. Во 1493 година кулата била опожарена[1]. Во 1812 година кулата била оштетена од страна на француските војски при нивното повлекување. Во периодот од 1817-1819 година кулата била обновена од страна на архитектот Јосип Бове. Во 1935 година, Советите на нејзиниот врв поставиле ѕвезда. Така, заедно со неа, нејзината висина изнесувала 54,05 метри.

Водоснабдителна кула[уреди | уреди извор]

Водоснабдителна кула

Водоснабдителната кула била изградена во 1488 година од страна на италијанскиот архитект Антонио Фријазин[2]. Во 1633 година, таа служела за пренос на вода од реката Москва кон Кремљ. Од овде, оваа кула денеска е позната како водоснабдителна кула. Во 1812 година, при повлекувањето на Наполеон Бонапарт од Москва, кулата била скоро целосно уништена. Во периодот од 1817-1819 година, кулата била повторно реставрирана од страна на архитектот Јосип Бове. Во 1937 година, на нејзиниот врв била поставена ѕвезда. Така, нејзината висина денеска е 61.25 метри,заедно со ѕвездата.

Благовештенска кула[уреди | уреди извор]

Благовештенската кула се наоѓа помеѓу Водоснабдителната кула и Тајната кула, по должината на реката Москва. Нејзиното име произлегува од христијанската икона "Благовештение". Најверојатно кулата била изградена во периодот од 1487-1488 година

Тајницка кула[уреди | уреди извор]

Прва Безимена кула[уреди | уреди извор]

Првата Безимена кула е единствената од сите кули која била градена неколкупати. За првпат таа била изградена во 1480-тите години[3]. Во 1547 година, кулата паднала за време на пожарот во Москва. Во текот на 16 век, кулата била повторно изградена. Во 1770 година кулата била затворена, поради реставрацијата на Големиот Кремљски дворец. Во 1812 година, кулата била целосно разрушена, по повлекувањето на француските војски од градот. Во периодот од 1816-1835 година, таа била обновена, а како главен архитект би избран Јосип Бове.

Втора Безимена кула[уреди | уреди извор]

Втората Безимена кула се наоѓа по должината на реката Москва, а на нејзината источна страна се наоѓа Првата Безимена кула. Кулата била изградена во 1480-тите години, а во текот на 1680 година реновирена. Како и другите кули, така и оваа, во 1771 година била затворена за време на реставрацијата на Големиот Кремљски дворец. Висината на кулата е 30,2 метра.

Петрова кула[уреди | уреди извор]

Петровата кулабила изградена во 1480-тите години. Во 1770 година кулата била затворена, поради реставрацијата на Големиот Кремљски дворец. Во 1812 година, кулата била целосно разрушена, по повлекувањето на француските војски од градот. Во периодот од 1816-1835 година, таа била обновена, а како главен архитект би избран Јосип Бове. Нејзината висина изнесува 27,15 метри.

Беклемишева кула[уреди | уреди извор]

Беклемишева кула

Беклемишевата кула била изградена во 1487 година. Во текот на својата историја, таа имала повеќе намени. Најпрвин била изградена за заштита и одбрана на градот. Во 1707 година кулата одиграла голема улога во војната против Швеѓаните. Во текот на 1917 година, при зазимањето на власта во земјата од страна на Болшевиците, кулата била оштетена. По крајот на револуцијата, таа во 1920 година била повторно обновена. Како главен архитект бил избран И. Рилски.

Набатниска кула[уреди | уреди извор]

Набатниската кула се наоѓа во близина на црквата Свети Василиј. Кулата била изградена во 1495 години. Нејзината висина изнесува 38 метри.

Константино-еленска кула[уреди | уреди извор]

Константино-еленската кула била изградена во 1490 година, од страна на италијанскиот архитект Пјетро Антонио Солари. Во 1770 година кулата била затворена, поради реставрацијата на Големиот Кремљски дворец. Во 1812 година, кулата била целосно разрушена, по повлекувањето на француските војски од градот. Кулата била обновена во 1950 и 1970 година. Висината на кулата е 36,8 метри.

Царска кула[уреди | уреди извор]

Царската кула е најмалата и најмладата кула која била изградена во 1680 година. Според некои, оваа градба не претставува кула, туку само камел темелник. Името на кулата доаѓа од една легенда според која, кога императорот Иван Грозни сакал да ја гледа церемонијата на Црвениот плоштад, тој се качувал под куполата на оваа кула. Па според ова, таа била наречена Царска кула. Кулата е висока 16 метри.

Фроловска кула[уреди | уреди извор]

Фроловска кула

Фроловска кула е главната кула на Московскиот кремљ. Кулата има еден влез, и е на пет спратови. Кулата била изградена во 1491 година од страна на италијанскиот архитект Пјетро Антонио Солари од Милано [4]. Во текот на 19 век, кулата служела и како часовник. Во истиот век местото станало многу популарно во градот. Во 1935 година, на нејзиниот врз наместо двоглавиот орел бил поставен советската црвена ѕвезда. Висината на кулата е 80 метри, заедно со црвената ѕвезда која се наоѓа на врвот.

Сенаторска кула[уреди | уреди извор]

Сенаторската кула била изградена во 1491 година од страна на италијанскиот архитект Пјетро Антонио Солари. Името кулата го добила според изградбата на Сенаторскиот дворец во 1787 година. Пред ова, кулата немала некое посебно име. Пред кулата се наоѓа Мавзолејот на Ленин. Кулата е висока 34 метри.

Николаева кула[уреди | уреди извор]

Николаева кула

Николаевата кула била изградена во 1491 година. Кулата е посветена на Свети Никола. Во времето на Советскиот Сојуз, на нејзиниот врв била ставена комунистичка ѕвезда. Така, нејзината висина од 67,1 метри, денеска заедно со ѕвездата изнесува 70,4 метри.

Аголна кула[уреди | уреди извор]

Аголната арсенална кула во текот низ историјата била една од најважните при одбрана на градот. Кулата била изградена во 1492 година од страна на италијанскиот архитект Пјетро Антонио Солари. Во кулата имало ископано бунар, кој служел во случај на опсада на тврдината. Денес кулата е висока 60 метри.

Средна кула[уреди | уреди извор]

Средната кула била изградена во 1493 - 1495 година од страна на италијанскиот архитект Пјетро Антонио Солари.

Троицка кула[уреди | уреди извор]

Троицка кула била изградена во 1495-1499 година од страна на италијанскиот архитект Алевиз Фријазин. Името на кулата е посветено на Света Троица, кое име го добила во 1658 година, по налог на царот Алексеј. Во текот на својата историја, кулата служела како азтвор, од 1585 до 1812 година, на неа имало прикачено часовник. Висината на кулата изнесува 80 метри.

Предмостна кула[уреди | уреди извор]

Предмостна кула

Предмостната кула била изградена во 1516 година, под раководство на италијанскиот архитект Алевиз Фријазин. Кулата била изградена за заштита на градот од надворешни напади. Таа имала стратегиско значење при определена опсада на градот. Кулата е висока 13.5 метри.

Управителна кула[уреди | уреди извор]

Управителната кула се наоѓа на северозападната страна од ѕидините, по должината на Александровата градина. Кулата била изградена во текот на 1495 година, од страна на италијанскиот архитект Алевиз Фријазино.

Арсенална кула[уреди | уреди извор]

Арсеналната кула се наоѓа помеѓу Боровитската кула и Управителната кула, по должината на Александровата градина. Кулата була изградена во периодот од 1493-1495 година.

Наводи[уреди | уреди извор]