Споменик на Минин и Пожарски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик Минин и Пожарски
Памятник Минину и Пожарскому
Moscow 05-2017 img07 Monument to Minin and Pozharsky.jpg
Општи податоци
ГрадЦрвен плоштад, Москва
ЗемјаРусија

Споменикот посветен на Димитриј Пожарски и Кузма Минин (руски: Памятник Минину и Пожарскому) претставува бронзена[1] статуа која се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва, Русија, во дворот на црквата Свети Василиј[2]. Споменикот е посветен на принцот Димитриј Пожарски и Кузма Минин, како резултат на протерувањето на полските војски од Московскиот кремљ во текот на 17 век.

Споменикот бил подигнат за време на 200-годишнината од ослободувањето на Москва. Како главни скулптури биле избрани Иван Мартос во 1808 година. Но, веднаш по овој избор започнала инвазијата на Наполеон Бонапарт, и самиот споменик не бил откриен до 1818 година. Во почетокот постоела дилема дали статуата да биде поставена во Нижни Новгород или во Москва. Сепак, императорот Александар I се решил да биде поставен пред црквата Свети Василиј на Црвениот плоштад.

По заземањето на власта од страна на Болшевиците, комунистите започнале со расчистување на Црвениот плоштад. Голем број на објекти биле разрушени. Во врска со споменикот, се водела дилема дали и тој да биде срушен. Сепак, во 1936 година било решено статуата да не се сруши, туку да биде преместена поблиску до соборниот храм, каде се наоѓа и денес.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Се верува дека споменикот е изработен од месинг.
  2. http://www.waymarking.com/waymarks/WM2FGR_Minin_and_Pozharsky_Red_Square_Moscow

Координати: 55°45′10″N 37°37′21″E / 55.75278° СГШ; 37.62250° ИГД / 55.75278; 37.62250