Двоглав орел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руски империски орел, Санкт Петербург.

Двоглавиот орел е чест симбол во хералдиката и вексилологијата. Најчесто е поврзуван со Византиското Царство, Светото Римско Царство, Српското царство, Руската Империја и државите кои се нивни наслединчки. Во византиската хералдика, главите го претставуваат императорот кој има власт над секуларните и религиозните прашања. Исто така, ја означувале доминацијата на императорот над Истокот и Западот.