Сиври Тепе

Координати: 40°45′11″N 22°53′46″E / 40.753° СГШ; 22.896° ИГД / 40.753; 22.896
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сиври)
Сиври Тепе
Σιβρί
Сиври Тепе на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.561 м
Координати40°45′11″N 22°53′46″E / 40.753° СГШ; 22.896° ИГД / 40.753; 22.896
Величина
Должина12 км
Географија
МестоСолунско, Егејска Македонија
Карта

Сиври Тепе (грчки: Σιβρί, Σιβρί Τεπέ; од турски: Sivri Tepe - „остар рид“) или Балџа (Μπάλτζα) — низок планински венец во Солунско, Егејска Македонија, со најголема висина од 561 м. Претставува северен продолжеток на планината Хортач.

Во османлиско време планината се нарекувала и Карадакли, наспроти Карадаг (планината Круша), која се смета за нејзин продолжеток.

Топографија и хидрографија[уреди | уреди извор]

Овој низок венец има правец на протегање југоисток-северозапад, во должина од 12 км. На југоисточниот крај продолжува во Хортач преку превојот Дервент, додека пак на северозападниот завршува кај Горчливото Езеро, на границата со Кукушко. Покрај истоимениот највисок врв, се издвојува и Висок Врв (Ипсили) со надморска височина од 465 м. Највисокиот врв нуди одличен поглед на Солун и Солунскиот Залив.

По Сиври Тепе течат бројни потоци, од кои највеќето завршуваат како притоки на реката Галик. На еден од овие потоци има добро зачувана воденица од византиско време.

Населени места[уреди | уреди извор]

Во подножјето на Сиври Тепе лежат следниве населени места:

Поврзано[уреди | уреди извор]