Корисник:Tropcho/самоил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Самоил
Цар на Средновековна Македонија[1]
Портрет
На престол9971014 год.
ПретходникКомес Никола
НаследникГаврило Радомир
Жена
ДецаГаврило Радомир
Полно име
Самуил
ТаткоКомес Никола
МајкаРипсимија
Споменик на царот Самоил на плоштадот „Македонија“ во Скопје

Цар Самоил[2] (958 - 6 октомври, 1014) бил средновековен владетел кој на преминот од 10 кон 11 век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот полуостров кое опфаќало територии од денешните држави Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Грција, северна и западна Бугарија. Во историската наука оваа држава се нарекува Самуилово царство,[3][4] а дел од историчарите за да направат дистинкција помеѓу Самоиловото царство и царството на бугарскиот цар Симеон I го нарекуваат Mакедонско словенско царство.[1] или Македонско царство [5][6][7][8][9] Бугарските историчари го сметаат за Бугарско царство (се нарекува уште и Западнобугарско царство),[10][11] но неспорен е фактот дека во тој период постоело веќе оформено Бугарско царство, на чело со царот Симеон.

Први години[уреди | уреди извор]

Бугарско - византиско - киевската војна[уреди | уреди извор]

Југоисточна Европа околу 1000 пр.н.е (Атлас на историската географија на Европа од Фриман, 1903)
Самуиловото царство во 996 година [12].

Во 60-те години на 10 век дошло до заострување на бугарско-византиските односи. Имено византискиот цар Никифор II Фока, чувствувајќи се доволно моќен го нарушил бугарско-византискиот договор за мир од 927 година, според кој Византија била обврзана да и плаќа данок секоја година наБугарија. Во 967 година Фока подготвил голема војска и ги нападнал пограничните бугарски територии. Византискиот владетел освоил повеќе тврдини, но морал да се повлече поради силниот отпор. Во изворите се истакнува дека Фока не сакајќи да му биде искасапена војската како добиток од Бугарите се вратил во Цариград. Бидејќи Фока немал доволно сили сам да ја заврши војната решил да склучи сојуз со Киевскиот кнезСвјатослав [1]. Овој кнез со 60.000 војници во 968 година ја минал реката Дунав и ги нападнал подунавските бугарски градови. Лав Ѓакон истакнува дека поради нападот на Свјатослав бугарскиот цар Петар I добил епилептичен удар и по кратко време умрел на 30 јануари969 година. По смртта на бугарскиот владетел навлегувањата на Свјатослав станале опасни и за самата Византија и затоа Фока го раскинал сојузот со Киевскиот принц и испратил пратеништво кај Бугарите за склучување на сојуз против Киевската држава. Бугарско - византиско - киевската војна која се водела во Подунавјето, влијаела врз бугарскиот двор да повлече дел од својата војска во Македонија.

Востанието на комитопулите и создавање на нова словенска држава[уреди | уреди извор]

По повлекувањето на бугарската војска во поранешната склавинија Берзитија дошло до востание [13]. На чело на ова востание застанале синовите на кнезот Никола, комитопулите (младите кнезови) Давид, Мојсеј, Арон и Самуил. Востанието било кренато во 969 година и била отстранета бугарската власт од Југозападна Македонија.[3][14][1][3] со што била создадена нова словенска држава која во науката е позната како Македонско словенско царство [1], Самуилово царство [3] или Западнобугарско царство со престолнина во Преспа.Византија, плашејќи се да не се прошири востанието и во нејзините владенија во Македонија, одлучила да ги ослободи синовите на покојниот бугарски цар Петар - Борис и Роман и ги испратила да го заземат празниот бугарски престол во Преслав, а според Јован Скилица и да ги спречат комитопулите во понатамошното напредување. На чело на бугарскиот престол застанал Борис II, а неговиот брат Роман не можел да биде прогласен за цар бидејќи бил кастриран.[3]

Уништувањето на Првото бугарско царство[уреди | уреди извор]

Додека се поставувале темелите на новата држава во Југозападна Македонија, бугарско - византиско - киевската војна во Подунавјето продолжила. Во меѓувреме Никифор Фока бил убиен, а за нов византиски цар бил крунисан Јован Цимискиј кој успеал за кратко време да ја острани киевската опсаност одБалканот. Во 971 година Свјатослав морал да се повлече, а потоа Јован Цимиски се пресметал и со бугарскиот цар Борис II. Во оваа војна победила Византија и во 971 година било ликвидирано Првото бугарско царство и Бугарија бил претворена во византиска провинција. Царот Борис II и неговиот брат Роман биле одведени во Цариград како заложници, а таму била испратена и бугарската царска круна. [15]. Византија во истата 971 година ја наметнала својата власт и над Србија кој станал византиска провинција. Новата словенска држава во Југозападна Македонија како независна продолжила да егзистира до 971 година. Според Стјепан Антољак, ерменското потекло на византискиот цар Јован Цимискиј и четворицата браќа - комитопули, влијаело за сето време на нивното владеење тој да ги остави на мира [3]. Тоа значи дека новата словенска држава во 971 година ја признала врховната власт на Византија, но комитопулите си ја задржале управата во свој раце. Јован Цимиски во 973 година и дозволил на Македонско словенската држава да испрати свои преставници на дворот на германскиот император Отон I во Кведлинбург и заедно со останатите европски владетели да му го честитаат Велигденските празници. Според Антољак во Кведлинбург со богати подароци заминал Самуил со еден од своите браќа [3].

Востанието на комитопулите против Византија[уреди | уреди извор]

Во 976 година византискиот цар Јован Цимиски умрел, а комитопулите повторно кренале востание овојпат да ја остранат наложената врховна византиска власт. Со ова востание Македонско словенската држава повторно станала независна [3], а комитопулите успеале да присоединат и голем број на бугарски области, затоа што населението на овие области се кренало против Византија и се ставиле под власт на комитопулите. Во текот на овие настани бугарскиот цар Борис II и неговиот брат Роман успеале тајно да избегаат од Цариград [3], но на границата Борис бил убиен, а брат му Роман кој успеал да провлече бил поставен од комитопулите за управник на градот Скопје [3].

Прогласувањето на Самуил за монарх[уреди | уреди извор]

Во текот на 976 година за неполни шест месеци умреле двајца од браќата на Самуил [3]. Според Јован Скилица Давид бил убиен кај месноста Убави дабови од страна на Власи, а Мојсеј загинал во битка со Византиците под sидовите на градот Сер. Потоа, Арон бил убиен затоа што сакал да ја приграби власта за себе со помош на Византиците. Самуил покрај Арон ги ликвидирал и сите членови на неговото семејство со исклучок наЈован Владислав кој бил спасен од Гаврило Радомир. На тој начин Самуил станал единствен владетел на целата држава [3].

Потекло[уреди | уреди извор]

Ликот на царот Самуил, реконструиран според неговиот череп (од саркофаг "Г") црква Свети Ахил, Мала Преспа (по Н. Муцопулос, Βασιλική).

За потеклото на четворицата браќа комитопули, вклучително и Самуил, во историската наука сѐ уште се водат полемики. Засега се доминантни четири хипотези. Првата се сведува дека комитопулите потекнувале од словенски род и тоа од племето Берзити. Втората дека се од бугарски род, a оваа теза се заснова врз сведоштвото на Јован Скилица кои истакнува: Потоа пак, Бугарите, штом умре кралот, кренаа востание и за свои владетели избраа четворица, браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, синови на некој кнез, кој кај Бугарите бил многу моќен и затоа се наречени комитопули. Ова укажува на тоа дека сите дотогашни подготовки на комитопулите вродиле со плод и дека Бугарите од стариот центар на Бугарија кренале востание против Византија и ги повикале своите владетели Самуил и неговите браќа. Tретата хипотеза дека се од персиски род т.е од оние персиски колонисти кои Византија ги населила воМакедонија. Четврта претпоставка е дека тие се од ерменско потекло [16]. Приврзаниците на последната хипотеза се потпираат на Стефан Таронски, наречен Асохикили Асолит. Тој истакнува дека Самуил и неговите браќа потекнуваат од ерменски род. Но бидејќи овие вести хронолошки се неточни прашањето за потеклото на комитопоулите во науката.

Македонска војска[уреди | уреди извор]

Структура[уреди | уреди извор]

Охридската тврдина

Самуил откако станал монарх започнал со собирање и обучување на својата војска. Војската во почетокот била составена од војници од територијата на Македонија, а подоцна од војници од немакедонските територии кој биле вклучени во рамките на Самоиловото царство. воениот кадар ан кој главно се потпирал Самуил, го сочинувале луѓе со потекло од Македонија. Од нив најбројни биле слободните селани, потоа војните занаетчии и војници собрани од градовите. Војската се состоела од два основни рода: коњаница и пешадијата како најбројна. Пешадијата покрај специјално извежбаните војници ја сочинувале и машкото население кое било способно да војува. Кога се водела одбранбена војна посебно место и значење имала коњаницата. Главен командант на сета војска бил царот Самуил, а по неговата смрт и неговите наследници Гаврило Радомир и Јован Владислав. Според византиските извори, Самуил бил способен војсководач кој успешно и се спротиставувал на византиската војска. Најголемиот дел од војсководачите биле истовремено и управници на оделни македонски области. Некои од византиските извори овие управници ги нарекувале Филакс, каторхонт и т.н. Низ целото Самуилово царство биле изградени градови и тврдини, а за тоа соопштува и Јован Скилица кој истакнува дека управителот Кракра на градот Перник кој носел титула Филакс на Василиј II му се предал со други 35 архонти - управници на тврдини. Во овие тврдини и градови биле сместени војските кој на повик на врховниот командант влегувале во акција.

Опрема и оружје[уреди | уреди извор]

Пешадијата била опремена со штит кој имал елипсовидна и тркалезна форма и копје со знаменце и висулки. Таа била вооружена со мечови и лакови за фрлање на стрeли. Таа ималa труби и знамиња. Коњаницата била подобро опременa. Војниците биле облечени различно од зависност на социјалниот статус и носеле селcка облека до најбогата опрема. На главата носелe шлемови, а поголемиот дел од телото им било покриено со железо.

Тактика и стратегија[уреди | уреди извор]

Самуил со помош на своите војсководачи и синот Гаврило Радомир успеал да собере голема војска и да изгрди борбена тактика со која можел да води успешни војни против Византија. Стратегијата која ја создал Самуил се сведувала на брз и изненаден напад врз Византија. Самуил и неговите војсководци го пуштале противникот да мине низ тесните долини, а на враќање во заседа го сочекувале и уништувале. Исто така, бил и усовршен системот на градење деми (прегради). Ваквата стратегија овозможила македонската војска долго да и се спротиставува на Византија.

Освојувања[уреди | уреди извор]

Борби во Северна Грција[уреди | уреди извор]

Самуил откако станал монарх [17] започнал офанзивна војна против Византија. Според византиските тој ги искористил внатрешните немири во империјата за да го нападне целиот запад, односно византиските владенија се до Пелопонез. Првите походи на Самуил биле насочени кон Северна Грција каде успеал да освои неколку тврдини по што го опседнал градот Лариса и по неколкуте обиди за негово заземање градот во 985 година бил без крв освоен, а многу луѓе биле одведени во ропство меѓу кои и убавата Ирина во која се вљубил синот на Самуил - Гаврило Радомир. Радомир ја избркал својата жена која била бремена, инакуунгарска принцеза и се оженил за Ирина [18]. Самуил од Лариса ги однел и моштите на свети Ахил и ги пренел во Преспа.

Битка кај Трајановата порта[уреди | уреди извор]

Со падот на Лариса бил отворен патот на самоиловата војска кон останатиот дел на Северна Грција и тоа го принудило византискиот император Василиј IIпротивдејствија. Откако подготвил силна војска, Василиј II го опседнал градот Сердика, а покрај царската војска се движела и војската под команда на Лав Мелесин кој имал задача да ја штити царевата заднина од напади. Според Лав Ѓакон опсадата на Сердика траела 20 дена, а во меѓувреме во околината на овој град со своја војска дошол и Самоил, меѓутоа според Јован Зонара, Самоил не се осмелил да влезе во судур со Византиците и затоа својата војска ја распоредил по врвовите на околните планини. Со доаѓањето на Самоил во летото 986 година Василиј II ја прекинал опсадата и се повлекол кон Пловдив. Самуил сметал дека повлекувањето на византискиот цар е поради страв и затоа се решил да го нападне. На 17.08.986 година дошло до битката кај Трајановата порта во која Византијците биле катастофално поразени. Византиската војска била заобиколена во тесните и непристапни места и таа била нападната од сите страни, при што голем број византиски војници биле убиени или заробени [19]. Според Скилица царот Василиј II одвај успеал да се спаси, повлекувајќи се кон Филопол (Пловдив). Лав Ѓакон кој учествувал во битката истакнува дека сета византиска коњаница била уништена. Јован Геометар пак од своја страна во една своја песна соопштува дека во битката:

стрелите на Мизијците (Самоиловите б.н) ги надминаа копјата на Абзоните...[20]

Овој напад војниците предводени од Самоил, неговиот син и внук, го проследиле со борбени извици и силни викотници, со што внесле уште поголема забуна во редовите на Византијците. Византиската армија ја зафатила огромна паника и во тој хаос се заробени царските знамиња, царската благајна, целокупниот воен материјал, заедно со царскиот шатор.[21].

Поход во Далмација[уреди | уреди извор]

Охрабрен од оваа победа Самуил уште истата 986 година презел поход кон Далмација. За овој поход податоци имаме во летописот на Поп Дукљанин кој истакнува дека Самуил најпрво ги нападнал владенијата на дукљанскиот кнез Јован Владимир, кој не сакајќи да му биде уништена воската се повлекол кон планината Облик [22]. Меѓутоа Самуил успеал да го зароби Владимир и го испратил на својот двор во Преспа. По заробувањето на дукљанскиот кнез самуиловите војници го опседнале градотУлцињ, но не успеале да го освојат. Според летописот на Поп Дукљанин, Самуил бил огорчен поради не освојувањето на градот па почнал да ја пустошиДалмација, а особено настрадале градовите Котор и Дубровник. Самуил потоа стасал до Задар, но не успеал да го зазеде и се упатил конБосна и Рашка. Овие области успеал да ги освои и ги приклучил кон својата држава и потоа се вратил во Македонија. Во својата престолнина, Самуил дознал дека неговата ќерка Косара се вљубила во Јован Владимир и затоа Самуил донел одлука да се одржи свадба, а Јован Владимир бил вратен воДукља да управува со неа и со Требиње како вазал на Самуил.

Напад на Солун[уреди | уреди извор]

Самуил ја уништува византиската војска кај Солун (996) и го убива Григориј Таронит

Додека Самуил војувал во северозападниот дел на Балканот, Василиј II се пресметувал со своите внатрешни противници и откако успеал да ги совлада во 991 година презел поход против Самуил. Византискиот цар од Цариград заминал за Солун со цел да ја засили одбраната на овој град. Во периодот помеѓу 991 и 995 година војната помеѓу двајцата владетели се водела со наизменичен успех но во 995 година Василиј II бил принуден да се повлече од Балканот и да замине на исток во војна против Арапите. Заминувањето на византискиот цар го искористил Самуил и со голема војска се упатил кон градот Солун. Одбраната на градот ја раководел Григориј Таронит и располагал со голема војска. Кога Самуил со своите војници се доближил доСолун, Таронит го испратил својот син Ашот да ја испита големината на самуиловата војска но паднал во заседа и бил заробен, а неговиот татко се упатил да го ослободи но и тој бил опколен по што бил убиен. Кога Василиј II разбрал за смрта на Григориј Таронит му наредил на прославениот војсководач и командант на западните војски Никифор Уран [23] да замине во поход против словенскиот цар.

Битка кај реката Сперхеј[уреди | уреди извор]

Додека Уран бил на пат кон Солун, Самуил се повлекол од солунско и спуштил кон Тесалија. Самуиловата војска ја минала тесалската теснина и успеала преку Бојотија и Атика да се спушти се до Пелопонез пустошејќи и ограбувајќи. Меѓутоа Никифор веднаш се упатил кон Пелопонез и успеал да ги стаса кај реката Сперхеј каде Самуил логорувал со својата војска. Поради силните дождови, се чинело дека не е можен никаков судир меѓу двете војски. Но, сепак, Уран ја преминал ноќе реката на погоден премин, и ја нападнал војската на Самуил на спиење и голем дел од восјската била уништена. Поради факторот изненадување, војската на Самуил не успеала да се брани. Дури и самиот Самуил и неговиот син Гаврило Радомир биле тешко ранети и успеале да избегаат затоа што се скриле меѓу труповите. Наредната ноќ, тајно пребегале преку Ајатолските Планини се упатиле кон Пинд а отаму за Македонија и стигнале во Преспа. Уран ги ограбил и ги оставил незакопани војниците на Самуил, а заробените Византијци ги ослободил и со голем плен се вратил во Солун [24].

Крунисување[уреди | уреди извор]

Во Преспа Самуил решил да се круниса за цар и тоа со помошта и подршката на римскиот Папа [25]. Во научната литература сѐ уште не е точно утврдена годината на прогласувањето на Самуил за цар и на неговата држава за царство. Едел од историчарите истакнуваат деке тоа се случило најверојатно во последните години на 10 век. Според некој официјалното крунисување на Самуил за цар било извршено во црквата св. Ахил во Мала Преспа и тоа во присуство на римските прставници кои по склучената спогодба меѓу него и папата Григориј V во Преспа ја донеле царската круна [25]. Со тоа градот Преспа станал царско седиште на Самуиловото царство [25]. Самуил успеал да ја оствари својата цел како што истакнува Поп Дукљанин во својот летопис. За сметка на Византија создал големо кралство т.е кралство на Словените. Според некој научници градот Преспа станал и црковно седиште на Самуиловото царство. Со папска дозвола Самуил својата црква ја издигнал во ранг на архиепископија [25]. Со крунисувањето на Самуил за цар неговата држава добила меѓународно признавање. Од расположливите податоци не може да се утврди видот на круната кој ја добил Самуил од Папата. Најверојатано е дека Папата го удостоил Самуил со титулата рекс што значи дека добил кралска круна, на латински наречена corona. Треба да се истакне дека Римската црква со царка титула единствено ги удостоила франечките владетели почнувајќи од Карло Велики и германските владетели од Отон I. Самуил иако формално - правно се стекнал со кралска титула, тоа не му сметало да се нарекува цар или поточно бугарскки цар. Некој од западните автори избегнувале да ја употебуваат царската титула за Самуил, а таков пример е Лупус Протоспатариус кој во своите анали го нарекува Самуил (Samuel rex), сепак Самуил бил признат за цар и таа титула била прифатена од византиските, арапските и другите автори [26].

Полемики[уреди | уреди извор]

Има само два извора кои опишуваат како Самуил станал цар. Првиот е Јахја, современик на овие настани, кој изнесува дека Самуил по поразот што му го нанесе Никифор Уран, отпрвин барал од Василиј II милост, ветувајќи му послушност. И токму кога владетелот сакал да се согласи со тоа, се случи да умре бугарскиот цар, кој се наоѓаше во царскиот затвор во Цариград. Кога Самуил чу за неговата смрт, самиот се прогласи за цар. Втор, но подоцнежен извор е Поп Дукљанин, кој вели:

Во тоа време, се крена некој Самуил, кој наредил да го нарекуваат цар, и започна многу војни со Грците и ги исфрли од цела Бугарија, така што во негово време Грците не се осмелуваа ни да се приближат [27]

Јасно е дека круната на Самуил не му ја дал младиот Василиј II, со кого бил во непријателство. Исто така е јасно и дека бугарската круна била воЦариград заедно по 971 година, па до неа Самоил не можел никако да дојде. Затоа е очигледно дека патот до круната му бил отворен единствено преку Рим, каде што седиште имал папата, што се потврдува со подоцнежната кореспонденција меѓу бугарскиот цар Калојан(1197-1207) и папата Инокентие III (1198-1216) [28]. Дека Самуил навистина имал круна (се споменува круна составена од зрна бисери), сведочат неколку наодот, меѓу кои и извештајот од шпанскиот Евреин Ибрахим Ибн Јакуб.[29]. Но, и покрај сите претпоставки, денес не се знае со сигурност каде е крунисан, кој присуствувал на овој важен чин и каква обврска примил Самуил при крунисувањето [30]. Титулата на цар Самоил како бугарски цар, крунисувањето и воопшто, припадноста на Самоил и неговото царство е контроверзна денес и претставува предмет на спор меѓу историчарите.

Распарчувањето на Самуиоловото царство[уреди | уреди извор]

Предавството на Ашота[уреди | уреди извор]

За време на својот престој во Преспа, Самуил својата ќерка Мирослава ја омажил за Ашот, синот на убиениот солунски управител Григориј Таронит. Веднаш потоа Ашота како царски зет бил испртен да управува со Драч и во потчинетост да ја држи сета драчка област. Но набргу Самуил бил предаден. Имено Ашот во договор со својата жена Мирослава го предале градот Драч на византијците. За тоа предаство византискиот цар го удостоил Ашот со титулатамагистер а неговата жена со дворската титула Зости (дворска дама). На тој начин градот Драч повторно се нашол во рамките на Византија.

Војната со Василиј (1001-1004 година)[уреди | уреди извор]

Веднаш по прогласувањето на Самуил за цар, византискиот влаадетел Василиј II уште додека бил на истокот им наредил на патрициј Теодорокан и протоспатариј Никифор Ксифијас да ги нападанат самуиловите владенија на територијата помеѓу Дунав и Стара Планина односно голем и мал Преслав иПлиска и по успешниот поход византиската војска се вратила во Цариград. Откако Васили II склучил примирје со египетскиот калиф Ал-Хакимон, се посветил на борбите против Самоил. Во 1001 година Василиј II со голема војска се насочил кон Солун. По патот за Солун го зазел селото Вероја (Бер) кое било предадено од тамошниот управник Добромир и кои за таквото дело ја добил титулата антијат. Тогаш Василиј II се обидел да го придобие на своја страна и управникот на Сервија, но неуспеал по што таа била опседната и освоена. По падот на овој град Василиј II од него иселил голем број на луѓе а заробениот Николица го однел во Цариград кој подоцна успеал да избега и да се врати кај Самуил. Потоа Сервија била опколена од самуиловите војници, но Василиј II успеал да ги натера да се повлечат и зазеде неколку тврдини во околината на градот. При овие борби Николица повторно бил заробен и однесен во Цариград, а Василиј II го освоил и Воден по што се вратил во Солун. Во летото 1002 година ненадејно се појавил со својата војска на брегот на реката Дунав, и тоа пред градот Видин. Самоил не дошол да му помогне на градот, и конечно после осум месеци во1003 година, Видин паднал во рацете на Византијците [31]. По освојувањето на овој воено-стратешки центар, Василиј II се насочил кон северо-западна Македонија. Јован Скилица соопштува дека за време на овој поход во овој дел на македонија бил нападнат и градот Скопје. Во одбраната на овој град учествувал лично Самуил со својата војска. Тој сметал дека Василиј не ќе може да ја мине реката Вардар, па затоа се улогорил на другата страна од реката. Но со помош на сплавови византиците ја минале реката и го изненедиле Самуил. Не очекувајќи го сето тоа Самуил избегал го оставил својот логор и царски шатор[32]. Така во 1004 година византиците го освоиле градот. Всушност, СкопјеВасилиј II го освоил по пат на предавство, а градот бил предаден од Роман Симеон, син на покојниот бугарски цар Петар, на кого уште во 976година Самуил му ја доверил управата. За овој чин Роман од страна на Василиј II бил удостоен со титулата Патрициј и Препозит и бил испратен како стратег во Абидос [33]. По заземањето наСкопје, Василиј II тргнал кон Перник (блиску до Софија) кој бил бранет од управникот Кракра. Но откако видел дека не може да го освои, се откажал од Перник, па заминал кон Пловдив, и оттаму во Цариград. Така завршил овој четиригодишен поход на Василиј против Самуил[34]. ВОјната меѓу двајцата влдетели се разгорелеа и се проширила на територијата на Македонија како и на други Самуилови владенија. Византискиот цар сѐ уште не успеал да ја уништи главнината на Самуиловото царство, а самиот Самуил кроел планови како да му нанесе катастрофален пораз на Василиј II.

Беласичка битка (29 јули 1014 година)[уреди | уреди извор]

До 1014 година, Василиј II секоја година навлегувал во териториите на Самоиловото царство и напаѓал. Откако Самуил ги проучил сите начини за судир со византискиот цар и откако се дознал по кои патишата главно се движела византиската војска, одлучил во 1014 година да влезе во директен судир со Василиј II. За таа цел, Самуил презел напор за преградување на кој водел од Цариград преку Струма кон нејзината притока Струмица. Овој пат бил познат како царски пат. На најтесното место каде се доближуваат Беласица и Огражден [35], Самуил изградил дема (преграда) и на неа поставил добро извежбани луѓе, а во стрмните долини распоредил добро извежбани стрелци. Според Јован Скилица, царот Василиј II имал обичај секоја година да навлегува во центарот на Македонија, па затоа Самуил се одлучил да му го прегради приодот на византискиот владетел низ теснината Кимба Лонга што во превод значи долго поле и е од влашко потекло и Клидис што значи клуч. По теснината е наречена и сета клисура по течението на реката Струмица односно Клучка клисура и овој израз е од грчко потекло. Кога во летото 1014 година Василиј II ја минал реката Струма и се упатил кон градот Струмица наишол на демата. Тогаш војниците на Самуил почнале да стрелаат и од демата и од стрмнините, нанесувајќи и на византиската војска голема загуба. Според Скилица, византискиот цар сакал да се повлече и врати назад но бил разубеден Никифор Ксифија кој му предложил план за освојување на демата. Според планот Никифор Ксифија требало со својата војска да ја заобиколи планината Беласица и да се спушти од другата страна и зад грб да ги нападне бранителите на демата и овој план бил одобрен од византискиот цар. Самоиловите војници не очекувајќи напад, се исплашиле и почнале да бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќе биле заробени. Ова го искористил Василиј II кој успеал да ја сруши демата и на 29.07.1014 година дошло до голема битка меѓу двајцата владетели. Таа се одвивала во самото подножје на планината Беласица на просторот меѓу Клучката клисура и денешните села Борисово и Мокриево. Во оваа битка учествувал и самиот Самуил При тоа тој решил да стави сè на коцка, и го испратил Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со војска кон Солун, со цел да отворат два фронта и да ја поделат војската на Византијците. Но, тука веќе подготвен чекал војсководецот на Василиј, Вотанијат, кој ја разбил војската на Несторица, Самоиловиот војсководец [36]. Вотанијат всушност, гонејќи ги Самуиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал планината наречена Беласица, и ги изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб [37][38][39]. Самоиловите војници биле целосно поразени, а Самиот Самуил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го одвел во тврдината нареченаПрилеп [40]. По битката Василиј II се упатил кон тврдината Мацукион која се наоѓала во подножјето на планината Беласица и откако ја разурнал заминал кон другата тврдина Термица која се наоѓала во близината на денешнатабања Банско но неуспеал да ја освои и затоа се упатил кон Струмица. Според Јован Скилица, додека траела опсадата на Струмица византискиот владетел го испратил словенскиот дукс Теофилакт Вотанијата со еден дел од војската да му обезбеди пат кој водел низ Дојран за Кукуш и Солун. На овој пат Гаврило Радомир имал поставено повеќе заседи. Кога Теофилакт Вотанијат одел по овој пат бил пушен да помине но кога се враќал назад бил нападнат и целата византиска војска била уништена. Михајло Деволски истакнува дека Гаврило Радомир лично го убил Теофилакт Вотанијат. Кога византискиот владетел разбрал за смрта на својот војсководач решил да се одмази. Василиј II уште пред да ги крене опсадите на Струмица, Мосинопол иМелник наредил сите самуилови војници да се ослепат, а на секој стоти да му се извади по едно око и така тие осакатени да ги однесат останатите ослепени војници кај Самуил во Прилеп. Ова се случчило во село Водоча по што и само село го добило своето име [41][42][43][44]

Смрт[уреди | уреди извор]

Смртта на Самоил, Ватикански ракопис од XIV век. Превод: "Василиј цар разби Самоила цар бугарски и ослепи илјади бугари: и виде Самоила цар ослепених и умре" [45]

По малку повеќе од два месеци на 6 октомври 1014 година, Самуил умрел од срцев удар [46][47]. Во историската наука нема согласност каде точно умрел Самуил. Според веста на Јован Скилица еден дел од историчарите се на мислење дека тоа се случило во Прилеп но некој од научниците се сомневаат во тоа. Треба да се истакне дека Јован Скилица воопшто не соопштува каде Самуил починал. Имено тој соопштува за бегството на Самуил по битката во Прилеп, а потоа раскажува за ослепувањето на самуиловите војници и истакнува:

... и нареди (Василиј) секој група од сто ослепени да ја води еден кој има едно око и ги испрати кај Самуил. А тој, гледајќи ги како доаѓаат во таков број и неможејќи храбро да ја поднесе таа несреќа, му се заврте во главата и падна во несвест на земјата. Присутните со вода и со мириси му ја повртија свеста и тој малку се опорави. Откако се поврати побара да се напие ладна вода. Кога ја испи доби срцев напад и по два дена умре[48]

Скилица детално ја опишува смрта на Самуил но не наведува каде починал, а настаните ги изложува како тие да се случувале последователно и брзо еден по друг и поради тоа се добива впечаток дека Самуил починал во Прилеп. Меѓутоа се заборава дека помеѓу двете случувања: бегството на Самуил во Прилеп и неговата смрт поминале повеќе од два месеци. Затоа дел од историчарите се сомневаат дека тој останал во Прилеп и дека всушност тој починал во Преспакако што наведува Михаил Аталијат [49].

Наследник[уреди | уреди извор]

Самуил како законски наследник го поставил својот син Гаврило Радомир, дотогашен свој совладар, како и најмладиот свој незаконски син со непознато име [50] Самоиловото царство останало независно уште 4 години по смртта на својот водач.

Гроб[уреди | уреди извор]

Во 1969 година грчкиот археолог професор Николаос Муцопулос правел ископувања во базиликата Свети Ахил на истоимениот остров во Мала Преспаи на десниот нејзиниот наос отворил четири богати гроба, кои биле ограбени уште во средниот век. И покрај отсуството на натписи Муцопулос претпоставува дека тоа се гробовите на Самуил, неговиот син Гаврило Радомир, Иван Владислав и зет му Јован Владимир. Антрополошките истражување на коските за кои се смета дека се на Самоил, покажуваат дека мажот бил висок околу 1,60 метри и починал на околу 70 години.

Внатрешните прилики за време на Самуил[уреди | уреди извор]

Познато е дека во Самуиловата држава први и најбројни биле Македонците, потоа Словените во Грција и на Пелопонез, а по нив Србите, Хрватите, Ромеите, па Арбанасите (Албанци) и Власите, а потоа Романите, Турците Вардариоти и Ерменците.[51] Треба да се нагласи дека нема ниту еден изворен податок дека Македонците самите себеси се нарекувале Бугари. На чело на ваквиот конгломерат на народи,[52] стоел царот и автократ Самуил, „раб божји“, како што се нарекувал самиот себеси. Службен јазик бил словенскиот, за што сведочат спомениците што самиот Самуил ги подигнал.

Јадрото на неговата држава било сосема поинакво. Тој востанови и врховна црковна институција на својата млада империја, во сосема друг центар, со седиште прво во Преспа, а потоа во Охрид. Но папската курија не се согласила Самуиловата држава да добие патријарх, туку архиепископ, а бидејќиОхридската архиепископија се косела со интересите на Византија, Василиј II не сакал да ја потврди.[53] Во одделни истакнати манастири постоеле и препишувачки училишта, каде писарите-монаси препишувале на стариот словенски црковен јазик.

За судството од тоа време, не постојат посебни документи, освен дека самиот владетел е врховен судија.

Тези на историографијата во Република Бугарија[уреди | уреди извор]

Бугарските историчари му даваат бугарски каракатер на Самуил и на неговото царство и притоа се истакнува дека Самуил е Бугарин по род, по смртта на бугарскиот цар Борис II, за цар е прогласен Роман, неговиот брат, а во приод од околу 6 години Самуил бил главен војсководец и дури по смртта на законскиот владетел се прогласил за бугарски цар [54][55][56][57][58][59][60][61][62][63][64][65], и дека 23 владетел на Првото бугарско царство [66][67][68]. Дека Самуил е бугарски цар тие се повикуваат на голем број средновековни документи во кој Самуил се нарекува бугарски владетел и бугарски цар [69][70][71][72][73] . Дополнително на тоа се истакнува дека како Македонец се нарекува византискиот цар Василиј II и дека тој потекнувал од византиската тема Македонија, која се наоѓала во денешната област Тракија и дека по уништувањето на самуиловата држава Василиј се нареколБугароубиец [74][75][76] . Покрај овие тврдења се истакнува дека бугарскиот патријарх Дамјан бега во Охрид и дека овој град станува седиште на бугарската патријаршија со што се тврди дека Охрид е бугарска престолнина, а не македонска [77]. Уредувањето на самуиловата држава ги имала истите традиции како и Бугарското царство [78][79] и дека денешната област Македонија по 1018 година е именувана од страна на Василиј II за посебна административна единица или тема под името Бугарија. Во бугарската историографија посебно се истакнува битолскиот натпис на Иван Владислав во кој себеси се именува како бугарски цар од бугарски род, а неговиот син го носи името Пресијан како името на бугарскиот хан.

Научни погледи[уреди | уреди извор]

Потекло и карактер на Самоиловото царство[уреди | уреди извор]

Околу прашањето за потеклото и карактерот на Самуиловото царство во историската наука постоелe и сѐ уште постојат на голем број на дискусии и несогласувања. Преовладувале неколку теории. Eдната теза коja е застапувана од страна на бугарските научници е прифатена во голема мера и од светската историографија. Според оваа теорија во 972 година по падот на Бугарското царство по локален револт тоа се создало наново, во денешна Македонијаи според оваа хипотеза, западниот дел успеало да опстои и тоа станало јадрото на новото Бугарското царство.Тезата дека Самуил е владетел на Првото бугарско царство е отфрлена од научниците во поранешна Jугославиja, поради едноставна причина што Византија го уништува Првотобугарско царство во971 година [80], а тезата дека Роман бил крунисан за бугaрски цар е отфрлена бидејќи бил шкопен и според средновековната традиција неможел да носи царско звање.[81][82]. Една од постарите хипотези е Дриновљевата теорија за Западнобугарско царство на Шишманови од 963 година но оваа теорија одамна е отфрлена како неточна. Откако оваа теорија била отфрлена во историската наука се спротиставиле две гледишта за Самуиловото царство. Другата гледна точка која се спротиставила на бугарските научници, а најасано и најдетално била изложена од страна на Д. Анастасијевиќ, Хипотеза за Западното Бугарско царство преставена во Гласник на скопското научно друштво 3 (1928) (L hipotese de la Bulgarie Occidentale Recueil Uspenskij I, 1930, 20 sg.). Според ова гледиште никогаш во историјата не постоела поделба на Западно и Источнобугарско царство, а Јован Цимиски го освоил целото Бугарско царство и дури потоа во 976 година со востанието на Комитопулите против византиската власт и било созадено ново царство во Македонија. За карактерот на Самуиловото царство, Острогорски истакнува:

Идеолошки, Самуиловото царство било поврзано за старото Бугарско царство, затоа и самите негови творци (Самуил и неговите наследници б.н) и Византија го нарекувале бугарско. Бидејќи традициите за царство и патријаршија, освен во Византија, постоеле уште само во Бугарија (се мисли само за Балканот б.н). Самуил ги прифатил тие традиции и го презел наследството на Симеоновото и Петровото царство (Првотобугарско царство б.н), кое паднало под ударите на Византиците. Всушност неговото цартсво (на Самуил б.н) значајно се разликувало од Симеоновото и Петровото царство. И по составот и по карактерот тоа било ново царство. Неговиот центар се преместило према југозапад и Македонија го сочинувало неговото јадро. Ако главниот цил на Самуил би бил воспоставување на стaрото Бугарско царство, тој секако би се свртел кон бугарските земји и на прво место би се стремел да ги ослободи. Меѓутоа интересот на Самуил кон старите бугарски земји бил впечатливо мал. Во текот на сите негови борби во областите источно од Сердика играле изненадувачки скромна улога, така што изворите скоро и не ги спомнуваат. Ексапнзијата на Самуиловото царство било пред се свртено кон југ [82]

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Шарл Дил „ИСТОРИЈА ВИЗАНТИЈСКОГ ЦАРСТВА“
  2. Енциклопедија на МАНУ, стр. 1296
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“, том 1, Мисла, Скопје, 1985.
  4. Ушче од времето на паг'аiн'ето на Самуилоото царство, македонците не iеднаш праиiа силни востааiн'а против Византиiа, многу по силни од бугарцкото во време на браiк'а Асановци, но не можаа да се ослободат, зашчо каi ниф сет друзи географцките прилики каi бугарите друзи. - Крсте Петков Мисирков, Состауала, состауат и можит ли Македониiа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична iединица?
  5. Владимир Чоровиќ, "Историjа спрског народа", глава VIДржава мачедонских Словена“, издание на страницата www.rastko.org.yu, Белград, 2001. (српски)
  6. Бранко Панов, "Македонија низ историjата", "Менора", Скопjе, 1999, стр. 15.
  7. "Историjа на македонскиот народ", том 1, Македонија од праисториско време до паѓањето под турска власт, Институт за историjа, Скопjе, 2000, стр. 357.
  8. Коста Аџиевски, „Пелагонија во средниот век“, Скопје, 1994.
  9. Александар Атанасовски, Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора - византиски историограф од XIV век. -Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, Кн. 27 (53), Скопје, 2000. Истото е објавено во: Славянскиј Сборник. Вѕпуск 6. Саратовскога университета 2003.
  10. Иречек, История, 215-19.
  11. Хипотеза о Западној Бугарској, Glasnik Skopskog nauchnog drushtva, b. III, Skopie, 1928
  12. Според Димитар Ризов(Преземено од атласот: Die Bulgaren in ihren historischen, etnographishen und politischen Grenzen, Berlin, 1917, p. 14) - Бугарите во нивните историски, етнографски и политички граници, Берлин, 1917, с. 14
  13. Во историската наука сеуште не е јасно дали во 969 година комитопулите кренале востание, види Георгије Острогорски, „Историја на Византија“, Народна Књига Алфа, 1998, Adontz, Samuel l’ Arménien 5 sg. и Runciman, Bulgarian Empire 218.
  14. На западу, y брдима и изолованим долинама Македоније, где ни Руси ни Византинци нису крочили за време рата, царска власт je била углавном номинална, па je и даље живела политичка традиција свргнуте бугарске државе. И управо на том месту су после Цимискове смрти 976. године четворица синова једног локалног македонског управитеља подигла побуњанички барјак. Најмлађи Самуило, искористио je грађанеки рат y Византији који je избио после смрти Јована Цимиока, и полако изградио државу чији je главни град најпре био на Преспаноком језеру, a потом y Охриду. До краја века ова држава проширила ce на већи део пређашње бугарске територије између Црног ,и Јадранског мора, уз Србију све до доњег тока Саве, Албаније, јужне Македоније, Тесалије и Епира Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ, ПРОСВЕТА, БЕОГРАД 1996
  15. На капијама града y суерет су му изашли највиши достојанственици цркве и Царства, певајући химне y славу цара, и пружили му круну и схиптар од злата и драгог камен>а. На позлаћеним кочијама y четворопрегу y којима ce иначе вози цар, била je икова Богородице коју je он лично донео из Бугароке, a испод ње лежале су одоре и дијадеме бугарских царева. Док je поворка улазила y град, иза кочија јахао je цар на белцу, окићен свим царским обележјима, a иза њега je пе-шлце ишао бугарски цар, Борис II, којег je ЦЈ«ИИСК заробио y Преславу. У цркви Св. Софије византијски цар по-ложио je сјајну круну Бугарске на високи олтар, нао зна-мење првог ратног плена и захвалности. Онда je, пред сакупљеном гомилом y главном броду цркве, наредио бу-гарском цару да скине своја владарска обележ;ја и доде-лио му виз^антијску дворску титулу магистра. Само током једне године (971) Јован Цимиск постигао je војни тријумф којем нема премца y средњовековним - аналима Балкана. Уклонио je руеку опасност која je угрож:авала опстанак Визан1-ије y Евроли, поново утврдио северну границу на Дунаву и повратио теритарију коју су Аспарухови Бугари одузели од Византије још пре три века. За време овог суровог рата Бугари су беспомоћно гледали две највеће војне силе источне Европе како ce боре око шихове земље. Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ, ПРОСВЕТА - БЕОГРАД 1996
  16. Б. Прокиќ, Постанак једне словенске царевине... Глас... LXXVI, 245
  17. Не станува збор за Самуил како цар туку за Самуил како еднинствен владетел во државата, за едновластие за разлика од зедничкото владение на Комитопулите (Млади кнезови) кое е познато како тетрархија
  18. Михаил Деволски (XI–XII век.) Епископ на Деволската епархија во рамките на Охридската архиепискоипја и хроничар. Во 1118 година извршил 66 дополнувања кон Хрониката на Јоан Скилица од втората половина на XI век и овие дополнувања се однесувале за Самуиловото царство и тогашните состојби во Охридската архиепископија
  19. Leonis Diaconis Historae, JP. Migne P G 117, 905
  20. Јоан Геометар исто пишува дека „Истаротго заграби венецот на Рим“, очигледно се мисли на царската круна. Инаку Геометар самиот го опеал овој пораз во песната под наслов „Пораз на Ромеите во бугарската клисура“. Joannis Geometrae, ut ferunt, carmia varia argumenti sacri vel historici, J.P. Migne, PG 106, Paris 1863, 934.
  21. Грчки извори, том VI, стр. 277
  22. Дел од научниците сметаат дека станува збор за денешната планина Тарабош
  23. Византиски извори, том III, 248.
  24. Грчки извори, том VI, стр. 278-279.
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 Историјата на македонскиот народ“, објавена во 2000 година, во поглавјето за античка и средновековна Македонија, Бранко Панов
  26. Историјата на македонскиот народ, објавена во 2000 година, во поглавјето за античка и средновековна Македонија, Бранко Панов
  27. Ф. Шишиќ, Летопис... стр. 330.
  28. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, издание на Мисла, Скопје, 1985, стр. 435
  29. М. Кос, О натпису цара Самуила, Гласник Скопског научног друштва V, 212.
  30. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, издание на Мисла, Скопје, 1985, стр. 443
  31. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, Мисла, Скопје, 1985, стр. 446-451.
  32. Грчки извори, VI, 282; Cedr. II, 188, c. 456.
  33. Византиски извори, III, 249; Les Historiens et Chroniques... Paris 1583, 932.
  34. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, Мисла, Скопје, 1985, стр. 454.
  35. Според мислењето на Ј. Иванов, Кимба Лонга е влашки топоним и се наоѓала во Струмичко подрачје, а Клидион би било селото Клуч, што лежело меѓу Беласица и Огражден.
  36. Грчки извори, VI, 285.
  37. Vindob. hist. 74 (13-14).
  38. Византиски извори, III, 106.
  39. Грчки извори, VI, 284.
  40. Michaelis Glykas, Corpus, t. 16, 578.
  41. Кекевман пишува дека Василиј заробил 14 илјади војници, Скилица, Зонара, Ефрем и Гликас споменуваат бројка од 15 илјади војници.
  42. Ephraimi Chronologi Caesares, J.P. Migne, PG 148, 118.
  43. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, издание на Мисла, Скопје, 1985, стр. 470-471.
  44. Интересно е дека Д. Грубер, сепак донесува дека овие војници дошле во Преспа пред Самоил, каде избегал Самоил по поразот.
  45. Ватикански ракопис од XIV век
  46. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, издание на Мисла, Скопје, 1985, стр. 472.
  47. Ефрем таа глетка и смртта на Самуил ја опишува во стихови. Ephraimi, J.P. Migne, PG 148, 118, 119.
  48. Поради немање на оргинал цитирано од Коста Аџиевски, Пелагонија во средниот век, Скопје, 1994.
  49. Коста Аџиевски, Пелагонија во средниот век, Скопје, 1994
  50. Грчки извори, VI, 292.
  51. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, издание на Мисла, Скопје, 1985, стр. 500.
  52. П. Среќковиќ пишува дека Самоил водел словенска политика, па затоа се преселил во срцето на словенската земја- во Македонија. П. Среќковиќ, Историја српскога народа I, Београд 1884, стр. 251, 252, 274.
  53. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, издание на Мисла, Скопје, 1985, стр. 507-513.
  54. Тhe Oxford Dictionary of Byzantium. Vol 1. Oxford University Press, 1991. (page 1838)
  55. ''Ulf Brunnbauer, DREVNA NACIONALNOST I VJEKOVNA BORBA ZA DRŽAVNOST: HISTORIOGRAFSKI MITOVI U REPUBLICI MAKEDONIJI (BJRM), Zbornik radova "Historijski mitovi na Balkanu", Sarajevo, 2003: Postojeća nauka smatra Samuilovu državu bugarskom, što je pretpostavka koja ima oslonca u primarnih izvorima: bizantijski autori zovu je 'Bugarska' a njen živalj 'Bugari'. Samuil je sebe smatrao vladarom 'Bugara', a ne 'Makedonaca'. Bizantijski car Vasilije II, koji je zadao strašan poraz Samuilovim snagama 1014. godine, zaslužio je epitaf 'bugarski koljač'. (бошњачки)
  56. Steven Runciman, "A history of the First Bulgarian Empire", G. Bell & Sons, London, 1930, chapter The end of an empire. (англиски)
  57. Срђан Пириватрић, "Самуилова држава. Обим и карактер", Београд, 1997, стр. 133-144. (српски)
  58. Г. Г. Литаврин, "Формирование и развитие болгарского раннефеодального государства (Конец VII - начало XI в.), "Раннефеодальные государства на Балканах VII-XII вв.", Академия наук СССР, Институт Славяноведения и Балканистики, Москва, 1985, стр. 178-183. (руски)
  59. Оболенски, "Византийската общност. Източна Европа 500-1453", Университетско издателство "Св. Климент Охридски", София, 2001, стр 177-180.(бугарски)
  60. Федор И. Успенский, "История Византийской империи", том 2, "Мысль", Москва, 1997, стр. 415-429. (руски)
  61. Барбара Йелавич, "История на Балканите XVIII-XIX в.", София, 2003, том 1, стр. 32. (бугарски)
  62. . В. Горина, Московский государственный университет, ЗАВОЕВАНИЕ БОЛГАРИИ ВИЗАНТИЕЙ (КОНЕЦ Х-НАЧАЛО XI в.) В РУССКОМ ХРОНОГРАФЕ, "МАКЕДОНИЯ - ПРОБЛЕМЫ ИСТОРИИ И КУЛЬТУРЫ", Институт славяноведения, Российская Академия Наук, Москва, 1999. (руски)
  63. И. И. Калиганов, Институт славяноведения РАН, РАЗМЫШЛЕНИЯ О МАКЕДОНСКОМ "СРЕЗЕ" ПАЛЕОБОЛГАРИСТИКИ, "МАКЕДОНИЯ - ПРОБЛЕМЫ ИСТОРИИ И КУЛЬТУРЫ", Институт славяноведения, Российская Академия Наук, Москва, 1999. (руски)
  64. Др. Милан Савиђ, "ИСТОРИЈА БУГАРСКОГА НАРОДА ДО ПРОПАСТЕ ДРЖАВЕ МУ", у Новом Саду, издање "Српске народне задружне штампарије", 1878
  65. Мишел Каплан, "Византија", Клио 2008, Београд (Главни уредник, Зоран Хамовиђ) стр. 34
  66. ЕНЦИКЛОПЕДИЯ ИСТОРИЯ НА СВЕТА, Издателство "Фют", София, 2002. Издадено със сългасие на Kingfisher Publication Plc.
  67. Steven Runciman, "A history of the First Bulgarian Empire", G. Bell & Sons, London, 1930, chapter The end of an empire. (англиски)
  68. Fine, Jr., John V.A. (1987). The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest. Ann Arbor: University of Michigan Press. ISBN 978-0-472-10079-8.
  69. "Историски синопсис" од Јован Скилица, види: Ioannis Scylitzae Synopsis Historiarum (ed. Hans Thurn, CFHB, 1973; ISBN (978)3110022858).
  70. Jaхиjа Антиохиски Византиско-Арапски хроники, види: The Byzantine-Arab Chronicle (938-1034) of Yahya b. Sa’id Al-Antaki (Yahya of Antioch).
  71. Летопис Попа Дукљанина, види: Ferluga, Jadran. Die Chronic des Priesters von Diokleia als Quelle fur die byzantinische Geschichte, Byzantina 10 (1980), 429-460
  72. Всеопшта историjа на Степанос Таронци, види: Stepanos, Tarōnetsi (Stepanos Asoghik Taronetsi, 10th-11th c.) Tiezerakan patmutyun, Erevan, 2000, Pp. 455 (303 - 304).
  73. Древнерусские хронографы, (вторая половина XIV-XVI в.) види: Турилов А.А. К вопросу о болгарских источниках Русского хронографа, Летописи и хроники: Сб. статей. М., 1984.
  74. Стојан Ристески - „Создавањето на современиот македонски литературен јазик“, Скопје 1988, НИО Студентски збор, стр. 52, 485
  75. Georgije Ostrogorski - „History of the Byzantine State“, Rutgers University Press, стр. 310
  76. ''Paul Stephenson. The Legend of Basil the Bulgar-Slayer, Cambridge 2003, стр. 1, Rather it is a survey, from the time of his death to the present, of Basil's reputation as the „Bulgar-Slayer“, which challenges the notion that his reign was the culmination of a „golden age“.
  77. Иван Снeгаровъ. "История на Охридската Архиепископия" Том 1. От основаването до завладяването на Балканския полуостров от турците, стр. 55-62
  78. Гюзелев, В., „Кавханите и ичиргу боилите в българското канство-царство (VII-XI в.)“, Пловдив, 2007, ISBN 978-954-91983-1-7, с. 79-80; Андреев, Й., Лазаров, Ив., Павлов, Пл., „Кой кой е в Средновековна България“, София, 1994, ISBN 954-01-0476-9, с. 99-100
  79. Moravcsik, G. Byzantinoturcica II. Sprachreste der Türkvölker in den byzantinischen Quellen. Leiden 1983, ISBN 978-90-04-07132-2, с. 156
  80. Димитри Оболенски, ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ Превела Ксенија Тодоровић ПРОСВЕТА - БЕОГРАД 1996
  81. Runciman, Bulgarian Empire, 221
  82. 82,0 82,1 Георгије Острогорски, Историја на Византија, Народна Књига Алфа, 1998.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Васил Н. Златарски, История на Първото българско Царство. II...
  • Историја на македонскиот народ“, проф. д-р Бранко Панов и проф. д-р Светозар Наумовски, Просветно Дело Скопје 1996
  • Акад. Др. Блаже Ристовски: Makedonija i makedonskata nacija, Skopje, (1995)
  • Шарл Дил - ИСТОРИЈА ВИЗАНТИЈСКОГ ЦАРСТВА
  • Коста Аџиевски, Пелагонија во средниот век, Скопје, 1994
  • Александар Атанасовски, Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора - византиски историограф од XIV век. - Годишен зборник на Филозофски факултет- Скопје, Кн. 27 (53) Скопје 2000. Истото е објавено во : Славянскиј Сборник. Вѕпуск 6. Саратовскога университета 2003.
  • Георгије Острогорски, Историја на Византија, Народна Књига Алфа, 1998.

Надворешно врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]