Прејди на содржината

Трајанова порта

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Трајанова врата)
Трајанова врата
Влезот на тврдината
Карта
Општи податоци
ГрадИхтиман
ЗемјаБугарија

Трајанова врата (бугарски: Траянови врата) е историски премин во близината на градот Ихтиман, а во денешно време и име на тунел долж автомагистралата „Тракија“.

Тврдина Трајанова врата

[уреди | уреди извор]

Проходот е именуван по римскиот Цар Трајан, кој во II век на ридот над тврдината направил тврдина како симболична граница помеѓу провинциите Тракија и Македонија. Тврината е позната и како Штипон.

На 17 август 986 год. византискиот цар Василиј II врши напад врз самоиловото царство, војската на чело со цар Самоил ја победува византиската армија токму кај преминот Трајанова врата.

Тунел „Трајанова врата“

[уреди | уреди извор]
Тунелот „Трајанова врата“ по патот кон Софија

Низ соседниот рид на тврдината е прокопан тунелот „Трајанова врата“, кој е дел од автомагистрала „Тракија“. Тоа се наоѓа на околу 55 километра од Софија, а наjблискиот град е Костенец. Тунелот ги има сите европски стандарди.