Тврдина Белоградчик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тврдина Белоградчик
Тврдината Белоградчик, сликана од првиот двор
Карта
Општи податоци
ГрадБелоградчик
ЗемјаБугарија

Тврдина Белоградчик (бугарски: Белоградчишка крепост) е тврдина која се наоѓа во северозападниот дел на Бугарија. Се наоѓа непосредно над градот Белоградчик во дел од познатите Белоградчишки Карпи. Најстарата тврдина во регионот била изградена во периодот на Траките и Римското Царство. Античката крепост била проширена во Средниот век, а нејзиниот денешен вид е од периодот на доцната Отоманско Царство од почетокот на 19 век. За последен пат била користена како воен објект во 1885 година во текот на Српско-бугарската војна.

Планот на тврдината е сообразен со теренот и со карпите, високи повеќе од 70 метри. Има општо три внатрешни дворови. Најдолниот е со најголема површнина, вториот е помал и претставува врска од првиот кон третиот, а третиот е изграден меѓу највисоките карпи над вториот двор. Во дворовите постојат подземни тунели и магацини. Темелите на ѕидовите се дебели околу 2 метри, а нивната максимална висина е 12 метри. Вкупната површнина на комплексот е 10,210 м2. Крепоста е целосно прилагодена за одбрана со огнено оружје.

Денес е отворена за посети како туристички објект.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]