Шуменска тврдина
Шуменска тврдина | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Шумен |
Земја | Бугарија |
Шуменската тврдина се наоѓа во близина на градот Шумен, Бугарија. Објектот е познат и како Стар град во Шумен.
Според археолошките испитувања, местото било населено уште пред 3000 години. Првите жители на овие простори биле тракиските племиња, односно Гетите. Во околу 1200 п.н.е. тие ја создале првата тврдина, а во 5 век п.н.е. била проширена. Во 15 година, овие области биле завладеани од страна на римјаните, и се претпоставува името на оваа тврдина во тоа време да било Даусдава. Во текот на римското влдеење, тврдината претрпела големи промени. Истото се случило и кога овие области биле во соствот на Византија.
По создавањето на Втората бугарска држава, градот бил еден од најразвиените во Бугарија. Во 1338 година, тврдината била заземена од страна на Османлиите. Во времето на крстоносните војни, односно во Битката кај Варна, оваа тврдина била заземена од страна на Владислав Варненчик, кое довело до разрушување на тврдината.
|