Цар Самоил (опера)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Цар Самоилопера на македонскиот композитор и професор Кирил Македонски, создадена помеѓу 1962 и 1966 година.

Создадена е и инспирирана од далечното славно минато на македонскиот народ и трагичната судбина на задушувањето на Самоиловото Царство и ослепувањето на 15000 војници.[1].

Оваа опера како и претходните две негови опери „Гоце“ и „Илинден“ е со високо професионални музички сегменти, што ги следат тековите на современата европска музика, потпирајќи се на традиционални базични елементи[2].

Содржина[уреди | уреди извор]

Операта е составена од четири чина и епилог.

Содржински, во неа се обработени дејствијата од судирот помеѓу цар Самоил и византискиот цар Василиј II. Либретото е дело на самиот композитор.

Операта опфаќа дејствие од периодот на Х и ХI век.

Авторот користел и историски документи, вградувајќи во своето либрето и историски личности: Цар Самоил тенор, Василиј II, бас како и многу други историски и измислени личности сето тоа било поткрепено со бројни масовни сцени.[3].

Стил[уреди | уреди извор]

Неговиот професор Луцијан Марија Шкерјанц напишал за неговиот стил „… дека е силен, динамичен и дека во оперските дела се гледа сигурноста на изразување на авторот со јазикот и средствата на дваесеттиот век... Во сите дела на Кирил Македонски посебно се забележува многу логичната, природна и силна пулсација на ритамот, која, секако, е национална одлика на македонскиот народ. Врз раскошното фолклорно наследство израснува работата на овој талентиран композитор што се наоѓа во напонот и зрелоста на своето творештво.“

Кирил Македонски, кој што имал многу јасни ставови за важноста на македонскиот фолклор во овој контекст на едно место напишал дека „… нашето народно творештво е природна клима во која се родив и израснав. Музичкиот фолклор за нас е духовен капитал. Ние во нас ги носиме драмата и лириката што во суштина се од иста музичка материја и кои на нашето творештво му даваат индивидуалност.“

Операта „Цар Самоил“ била магистерски труд на Кирил Македонски кои тој го одбранил со највисока оценка на Музичката академија во Љубљана.

На почетокот, операта „Цар Самуил“ не можела да се изведува во [Македонија]], така што познатиот оперски пејач Борис Христов му предложил на Кирил Македонски да ја постави во Рим, под услов да биде наведено дека Самуил е бугарски цар, но Кирил Македонски не го прифатил тоа.

Подоцна, оваа опера доживеала 50 изведби во Македонија.

Во операта, авторот користи елементи на византиската музика како и силни творечки инспирации од старата духовна македонска музика.

Покрај овие суштински музички темели тој користи и современ музички јазик, втемелен на музичката мисла од дваесеттиот век како и одредена асоцијација на музиката од Модест Мусоргски, сакајќи да создаде македонска национална опера поврзана со корените на културниот бит на нацијата.[4].

Праизведба[уреди | уреди извор]

Операта „Цар Самоил“ својата праизведба ја имала во Љубљана на музичката академија во вид на фрагменти и нотно прочитување, додека во Македонија нејзината изведба била спречувана и со доста проблеми, конечно по сугестија, залагање и најпозитивни оценки на еден од најзначајните диригенти Ловро Матачиќ, конечно операта се нашла и на репертоарот на Македонската опера и балет.

Случајот со операта „Цар Самоил“ имала и судска разрешница во која клучна улога одиграла стручната анализа токму на Ловро Матачиќ.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]