Коста Шуваковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коста Шуваковиќ
Роден 27 март 1919(1919-03-27)(105 г.)
Беденик, Кралство Југославија
Занимање оперски певец, бас

Коста Шуваковиќ (27 март 1919 во Беденик, Хрватска) — оперски певец и бас.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Шуваковиќ работел во Операта на Македонскиот народен театар од 1948 до 1974 година. Во овој период остварил повеќе од 30 помали и поголеми улоги, од кои позначајни се: Спарафучиле (Риголето), Големиот инквизитор (Дон Карлос), Дон Базилио (Севилскиот бербер), Осман (Грабнување од Сарајот), Оровез (Норма), Марко (Еро од оној свет), Кецал (Продадена невеста), Теодорик (Цар Самуил) и Гремин (Евгениј Онегин).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шукри“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1665. Text "series " ignored (help)