Артур Сурмејан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Артур Сурмејан (Цариград, 15 мај 1915 - Скопје, 2 јуни 1977) бил македонски оперски певец, тенор, првенец на Операта на МНТ. Бил и учесник во НОБ.[1] Негов син е познатиот македонски балетан и кореограф Хазарос Сурмејан.

Биографија[уреди | уреди извор]

Сурмејан е роден на 15 мај 1915 година во ерменско семејство во Истанбул, Турција. Пеење учел кај П. Холотков. Бил солист во Пејачкото друштво „Вардар“. Во 1935 година го одржал својот прв солистички концерт. Во Операта на МНТ работи од 1947 до 1971 година. Реализирал повеќе од 35 поголеми и помали улоги. Позначајни негови остварувања се: Манрико (Трубадур), Каварадоси (Тоска), Дон Хозе (Кармен), Војводата од Мантова (Риголето), Радамес (Аида), Рикардо (Бал под маски), Јеник (Продадена невеста,) Миќо (Еро од оној свет), Ленски (Евгениј Онегин), Црнољуб (Цар Самуил) и др.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Metodija Kotevski (1969) (на македонски). Skopskata brigada: Dvanaesettata makedonska narodnoosloboditelna brigada. Narodna armija.