Хазарос Сурмејан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хазарос Сурмејан
Роден 21 април 1943
Скопје
Занимање балетан и кореограф

Хазарос Сурмејан (Скопје, 21 април 1943) — македонски и канадски балетан и кореограф. Негов татко е македонскиот оперски певец, тенор, првенец на Операта на МНТ, Артур Сурмејан.

Животопис[уреди | уреди извор]

Сурмејан е роден на 21 април 1943 година. Балетското образование го завршил во Балетското училиште во Скопје, во класата на А. Доброхотов. Член е на Балетскиот ансамбл при МНТ (1958-1961). Играч со сигурна балетска техника и со чувство на танцова поддршка и партнерство. Солист на балетите во Келн и во Минхен (1961-1965), а од 1966 година и во Националниот театар во Торонто. За балетската сцена при МНТ го кореографира делото на Сергеј Прокофјев „Ромео и Јулија“ (1987), а подоцна (2003) и претставата „Ана Каренина“ (П. И. Чајковски). Моментално живее во Канада.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „УТРЕВЕЧЕР ВО МОБ - БАЛЕТОТ „РОМЕО И ЈУЛИЈА" СО ПОП АЛЕКСОВА И КОВАЧЕВСКИ“. Култура во Македонија. 3 април 2009. Посетено на 2011-09-03.[мртва врска]