Јордан Митровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Митровски
Роден 7 јануари 1924
Куманово, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање глумец
оперски пејач

Јордан Митровски (роден на 7 јануари 1924 година во Куманово) — македонски драмски глумец, оперски певец, бас и оперски режисер.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Јордан Данчо Митровски во МНТ работел од 1947 до 1963 и од 1965 до 1981 година. Диригентот Ловро фон Матачиќ го открил неговиот басовски потенцијал и природниот музикалитет и го прифаќа како свој музички воспитаник. Во почетокот бил носител на помали драмски улоги. Како солист дебитира во улогата на Сарастро во операта Волшебната флејта (1951), за да оствари повеќе забележани партии во својот фах: Колен (Боеми, 1950); Дон Базилио (Севилскиот берберин); Крушина (Продадена невеста, 1949); Ферандо (Трубадур, 1951); Сулејман (Никола Шубиќ Зрински, 1952), како и улогата на Гоце во изведбата на истоимената прва македонска опера (1954).

Како режисер, по двегодишното усовршување и работа во Загребската опера (1963–1965), на оперската сцена на МНТ реализирал повеќе од 15 премиери и обнови на оперите: Илинден, Кармен, Кавалерија рустикана, Кузман Капидан, Кнез Игор, Фауст, Така прават сите, Малиот принц, Цар Самуил.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Митровски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 969. Text "series " ignored (help)