Македонска опера и балет (објект)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед на зградата на Македонската опера и балет

Македонската опера и балет во Скопје (скр. МОБ) (англиски: Macedonian opera and ballet), е културен објект од областа на јавните згради за изведбени уметности која е изградена во 1979 година во центарот на градот, како дел од оформувањето на сликата и просторот во централното градско подрачје. Таа е проектирана за конкурсот кој е распишан со цел градот да добие нов културен центар како дел од комплекс на културни јавни објекти . Комплексот е дело на група словенечки архитекти од "Биро 77", односно архитектите Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Марјан Уршич и Богдан Сплиндер, кои со својот проект го добиваат конкурсот во 1968.

Историја[уреди | уреди извор]

По катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963, централното градско подрачје е под активна разработка од страна на многу експерти во полето на архитектурата и урбанизмот. Првично како дел од изработениот урбанистичкиот концепт на градот, а подоцна и како идеја, во 1967 година се објавува општ и анонимен конкурс за архитектонско-урбанистичко решение на Културен центар на кејот на реката Вардар, односно оперско-балетска зграда на Македонскиот Народен театар. Година подоцна, по пристигнување на 40 труда од светската сцена, првото место се доделува на словенечкото "Биро 77" од Љубљана - проект на архитектите Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Марјан Уршич и Богдан Сплиндер.

Опис на проектот[уреди | уреди извор]

Урбанистичко - архитектонски концепт[уреди | уреди извор]

Каспер Дејвид Фридрих: Das Eismeer

Како точка која ги поврзува старото градско ткиво на чаршијата, тврдината Кале и Камениот мост со плоштадот и новиот дел од центарот на градот, подрачјето на изградбата на културниот центар МОБ е важен дел од концептот на проектот, како и дел од урбанистичкиот план конципиран во проектот на Кензо Танге за обнова на Скопје по земјотресот. Обликувањето на надворешноста на објектот на МОБ како слободни маси кои постојат во просторот ги надополнуват ортогоналнo поставените нови објекти кои се наоѓаат во блиското опкружување. Како зафат на кејот на реката, тој пред себе отвара и плоштад (плато) кое ги обединува објектите и формира врска со реката, другата страна на градот и со своите посетители. Тој е каскадно обликуван со што внесува динамичност во просторот и естетски го обликува. Се вели и дека како инспирација за обликувањето е земена сликата "Морето од мраз" на Каспер Дeјвиид Фридрих.

Комплексот на Културниот центар во проектот е замислен како неколку различни објекти кои во себе ќе содржат најразлични функции и програми од објаста на изведбените уметности. Културниот центар во себе содржи: Музичко-балетско и високо музичко училиште, Комерцијално - инвестациона банка, Филхармонија на РМ, Оперска зграда на Македонскиот Народен Театар, Кино, како и најразлични продавници кои го опкружуваат плоштадот кој ги обединува. Под главниот пешачки плоштад се наоѓа и јавен паркинг за околу 300 возила, како и перон за такси и комуникации (скалишни јадра).

Програма и функции[уреди | уреди извор]

Македонска Опера и Балет (Оперско - балетска зграда на МНТ)[уреди | уреди извор]

Оперско - балетската зграда (МОБ) е проектирана за 781 - 1008 (во случај на драмски претстави) седишта во големата сала, и со 232 седишта во малата сала (експериментална сцена). Програмата предвидува простории за посетителите, како и простории за подготовка и изведба на уметностите. Просториите наменети за посетителите, како фоајеата, гаредорбите и санитарните јазли се обликувани во стилот на ектериерот со што се добива и репрезентативен ентериер и модерни материјали, додека за аудиториумот и седењето е обезбедена максимална удобност и квалитет. Димензионирањето на главната и другите сцени, сценската кула и техника, овозможуваат варијабилност во типот и начинот на изведување на уметностите, со што оперската зграда ставува повеќефинкционална и апликабилна за различни уметности. Делот за подготовка на изведувачите има капацитет за целиот ансамбл на Операта и Балетот, со многубројни гримиорни, сали за вежбање и проби, како и сали за индивидуални изведби. Делот за технички простории содржи и простор за изведување на сценска техника и сценографија, како и работилници за костимска и декоративна опрема.

Пристапот до објектот е од неколку страни, меѓу кои се и јавниот влез за посетители, влез за сценска техника и влез за вработени и администрација. Нето површината на објектот изнесува 16.404м2, додека бруто површината изнесува 10.405м2.

Филхармонија на РМ[уреди | уреди извор]

Филхармонијата предвидена во проектот во себе содржи голема концертна сала за концертни музички изведби со капацитет од 803 до 97 седишта за посетители, 86 членови од оркестарот, 170 наменети за хорот и 216 места за слушатели на камерни изведби. Во објектот се сместени и гардероби и простории за изведувачите, сали за вежбање и проби, простории за вработени и администрација, како и фоајеа, гардероби и паркинг за посетителите. Како надворешна програма е проектирана изложбена галерија преку која Филхармонијата се поврзија со јавниот плоштад на Културниот центар.

Вкупната површина на Филхармонијата изнесува 9.518м2 , од кои 1.264м2 припаѓаат на изложбениот простор надвор.

Кино[уреди | уреди извор]

Киното на Културниот центар во проектот е сместено покрај кејот на реката Вардар и се состои од голема кино-сала со капацитет од 1.120 места за посетители, како дополнителна мала сала за 160 гледачи. Дополнителна програма на киното се и бифето, гардеробите, санитарните јазли и простории за вработени и администрација.

Музичко-балетско училиште и Музичка академија[уреди | уреди извор]

Во целиот комплекс се испланирани и Музичкото училиште, Балетското училиште како и Високата музичка школа (Академија), кои се надоврзуваат на постоечките објекти на "Технометал" и "Ибни Пајко". Објектот е испроектиран во три тракта, каде првиот тракт ги обединува средните училишта и Академијата, а помеѓу овие делови се сместени балетските сали во сутеренот. Капацитетот на ученици во школите е 800, кои се сместени во училници за групна или индивидуална настава, библиотека, фонотека, сали за хор и оркестар, ресторан со кујна и клуб во корист на студентите на музичката академија. Како надворшна програма се сместува диско салон и продавници со комерцијална намена. Вкупната нето површина на училиштата е 6.230м2, а на вертикален план тој содржи сутерен, приземје и 4 нивои.

Комерцијално инвестициона банка[уреди | уреди извор]

Објектот на банката е проектиран на принцип на 'веле-бирои' со шалтер сала на две нивои кои се ориентирани кон кејот на реката Вардар. Освен шалтер салата, банката содржи и простории за вработените, а како надворешна програма објектот има ресторан со галериски простор и отворени тераси кои гледаат кон реката и плоштадот. Во склопна објектот, на ниво со платото и паркингот се испланирани и комерцијални простории. Објектот е составен од сутерен, приземје и 4 нивои. Вкупната површина на банката е 8.070м2, од кои надворешниот ресторан и програма зафаќа 2.600м2.

Продавници и комерцијална намена[уреди | уреди извор]

Овој помал објект во комплексот е ориентиран кон кејот на реката и проектиран да смести во себе широк дијапазон на комерцијални намени. По вертикала се состои од сутерен, приземје со површина од 1.211м2 и со две меѓу-нивоа, со површина од 2.267м2.

Конструкција и материјализација[уреди | уреди извор]

Планот за целиот комплекс на Културниот центар, односно моментално изведениот објект на Македонската опера и балет е следствено изведен во стилот и времето во кој е проектиран. Како останатите светски објекти од модерната, поточно во '70тите, Македонската опера и балет е скулптурално изведена во масивен коснтруктивен систем, односно носиви ѕидови од бетон кои и дозволуваат на формата да ја постигне динамиката во посакуваниот облик. Истото се повторува и во внатрешноста. Надворешната обработка на фасадните ѕидови е со бела завршница, т.е. бел малтер која му става на објектот акцент и го прави поента во просторот и блиското опкружување. Ентериерот е исто обработен во бела боја, со делови изведени од покривни материјали и мебел соодветен на својата функција.

Галерија и технички цртежи[уреди | уреди извор]

Наводи и литература:[уреди | уреди извор]

[1]www.marh.mk/моб-македонска-опера-и-балет-биро-77-1979/ - Македонска опера и балет / „Биро 77 ” -1979 - МАРХ

[2] „Културен центар во Скопје - изложба на идејни проекти“, З.Илиќ, 1970 / Одбор за изградба на „Културниот центар“, Скопје