Иматија
| Иматија Περιφερειακή ενότητα Ημαθίας | |
|---|---|
| Округ | |
Општини во округот Иматија | |
Иматија во Грција | |
| Координати: 40°35′N 22°15′E / 40.583°N 22.250°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Админ. центар | Бер |
| Управа | |
| • Управник | Костас Карапанајиотидис |
| Површина | |
| • Вкупна | 1.701 км2 (657 ми2) |
| Население (2021) | |
| • Вкупно | 136.602 |
| • Густина | 80/км2 (210/ми2) |
| Поштен. бр. | 59x xx |
| Повик. бр. | 233x0 |
| Рег. таб. | HM |
| Мреж. место | imathia.gr |
Иматија (грчки: Ημαθία) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Бер. Подрачјето на округот се совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Берско“. Денешниот округ е именуван по долномакедонската област Ематија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Географија
[уреди | уреди извор]Североисточниот дел на Иматија, заедно со долното течение на реката Вистрица ја образуваат огромна плодната рамнина Урумлак, позната произведува по одгледувањето на овошни култури како праската и јагодата. Голем дел од населението живее на ова подрачје, каде се наоѓаат градовите Гида и Бер. Иматија има и мал брег на Солунскиот Залив околу устието на Вистрица. Западниот дел на округот е планински. Највисока планина е Каракамен, која се издига на 2.052 м кај Негуш. Јужно од Бистрица, во јужниот на Иматија се протегаат и делови од планината Шапка. Иматија административно се граничи со окрузите Пиерија на југ, Кожани на запад, Постол на север и Солун на исток. Има претежно средоземна клима со топли суви лета и благи врнежливи зими.
Општини
[уреди | уреди извор]Округот Иматија се дели на 3 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):[1]
Демографија
[уреди | уреди извор]Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 27 населени места и сочинуваат околу 15% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 20.500 Македонци.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
