Прејди на содржината

Латвија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Латвија
Latvijas Republika
Знаме Грб
Химна
Dievs, svētī Latviju!
Господ да ја благослови Латвија!
Податотека:Latvian National Anthem (instrumental).ogg

Местоположбата на  Латвија  (темнозелена) – на Европскиот континент  (светлозелена и темносива) – во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Латвија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (светлозелена и темносива)
– во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Латвија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (светлозелена и темносива)
– во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Рига
56°57′N 24°6′E / 56.950° СГШ; 24.100° ИГД / 56.950; 24.100
Службен јазик латвиски
Народности  62,1% Латвијци
26,9% Руси
  3,3% Белоруси
  2,2% Украинци
  5,5% останати[1]
Демоним Латвиец / Летонец
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Евика Силиња
 •  Премиер Едгарс Ринкевич
Независност од Русија и Германија 
 •  Објавена 18 ноември 1918 
 •  Призната 26 јануари 1921 
 •  Советско присвојување 5 август 1940 
 •  Германско присвојување 10 јули 1941 
 •  Второ присоединување кон СССР 1944 
 •  Објавена независност 4 мај 1990 
 •  Стапено во сила 6 септември 1991 
пристапила во ЕУ 1 мај 2004
Површина
 •  Вкупна 64,589 км2 (124-та)
 •  Вода (%) 1.5
Население
 •  проценка за јули 2009 г. 2,231,503 [2] (143-та)
 •  Попис 2000 ppl 2,375,000 
 •  Густина 36 жит/км2 (166-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $38.764 милијарди[3] 
 •  По жител $17,071[3] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $34.054 милијарди[3] 
 •  По жител $14,997[3] 
Џиниев коеф. (2003)37.7
среден
ИЧР (2013) 0.810[4]
многу висок · 48ма
Валута Евро () (EUR)
Часовен појас EET (UTC+2)
 •  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .lv
Повик. бр. 371

Латвија или Летонија[5] (латвиски: Latvija; ливонски: Leţmō), официјално Република Латвија или Република Летонија (латвиски: Latvijas Republika; ливонски: Leţmō Vabāmō) — држава во Балтичкиот регион во Северна и Источна Европа. Латвија се граничи со Естонија на север, со Литванија на југ, со Русија на исток и со Белорусија на југоисток. На запад државата има излез на Балтичкото Море, преку кое поморски се граничи со Шведска. Вкупната површина на Латвија изнесува 64.589 км2.

Доминантна етничка група во Латвија се Латвијците и се дел од балтичката група на народи. Културно, Латвијците се поврзани со Естонците и Литванците, но не се генеолошки и лингвистички поврзани со Естонците. Мајчин јазик на Латвијците е латвискиот јазик кој е најголем и единствен службен јазик во Латвија. Литванскиот и латвискиот јазик се единствените сè уште живи балтички јазици. Латвија е и дом на големи нелатвиска заедница, пред сè на голема руска малцинска заедница.

Латвија е унитарна парламентарна демократија поделена на 118 општини. Најголем град во Латвија е Рига, кој воедно е и главен град на државата. Со своите 2.23 милиони жители, Латвија е најслабо населена држава во Европската Унија и со пад на населението од 14.9% од 1991 па до денес.[6] Латвија е член на ООН од 17 септември 1991, потоа член на ЕУ од 1 мај 2004 и на НАТО од 29 март 2004 година.

По Втората светска војна, Латвија била под власт на СССР. Советската контрола на територијата на Латвија траела до 1991 година. По период од стагнација во раните 199о-ти, Латвија забележала голем пораст на БНП-от, особено во периодот од 1998 до 2006. За време на финансиската криза од 2008 до 2010 година, Латвија била една од најпогодените држави во ЕУ со пад на ПНД-от од 26.54%.[7][8] БНП по глава на жител бил 49% од просекот на ЕУ во 2009 со што ја прави трета најсиромашна држава-членка на ЕУ.[9]

Историја

[уреди | уреди извор]

Територијата на денешна Летонија во минатото била позната и како Ливонија. Во 13 век, овие територии паднале под влијание на германскиот рицарски орден Браќа на мечот. Во XVIII век и XIX век била завладеана од страна на Руската Империја. По Првата светска војна, Летонија ја објвила својата независност на 18 ноември 1918 година. На 17 јуни, територијата и била анексирана од страна на СССР, и таа како таква се нарекувала Латвиска ССР. На 21 август 1991 година Летонија ја објавила својата независност. Во 2004 година станала членка на НАТО и ЕУ.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Карта на Латвија.

Латвија е држава која се наоѓа на источните брегови на Балтичкото Море. Територијата на Латвија е составена од плодна почва, голем број низини и шумски предели. Најголеми реки во Латвија се Даугава, Лиелупе, Гауја, Вента и Салаца. Брегот на Латвија изнесува 531 километар.

Латвија на запад излегува на Балтичкото Море, преку Ришкиот Залив. На север од државата се наоѓа Естонија, на исток е Русија, на југ е Литванија и на југоисток е Белорусија. Вкупната површина на Латвија изнесува 64.589 км2, од кои 1.57 % се вода. Најголем град во државата е Рига, кој воедно е и главен град.

Во поглед на дивиот свет, во Латвија има диви елени, свињи, мечки, рисови, лисици, дабари, волци и останати.[10] Бројот на копнени цицачи во Латвија изнесува 159 видови.

Латвија има континентална клима со влијание на температурите од Балтичкото Море. Летата се топли, додека пролетта и есента се умерени. Зимите во Латвија можат да бидат екстремно ладни и сурови поради самата местоположба на државата. Во Латвија доминираат ладните ветришта од Русија.

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Латвија е унитарна парламентарна демократија. Како највисоко законодавно тело во Латвија е еднодомното Собрание наречено „Саеима“ („Saeima“). Собранието на Латвија е составено од 100 пратенички места кои се избираат на парламентарни избори за мандат од четири години. Претседателот на Латвија се избира од страна на латвиското собрание за мандат од четири години. Латвискиот претседател го назначува премиерот на Латвија, кој заедно со кабинетот министри ја сочинуваат извршната власт во државата. Овој систем на управување, Латвија го имала и пред Советската ера.[11]

Надворешни односи

Главни цели на латвиската надворешна политика биле членството во ЕУ и НАТО за време на политичкиот период во раните 1990-ти години. На 20 септември 2003 година, Латвија одржала референдум за членство во ЕУ, каде 66.9 % од населението се изјаснило за членство во Унијата. На 1 мај 2004 година, Латвија станала членка на ЕУ, а како член на НАТО е од 29 март 2004.

Латвија имала спор околу границата со Русија кој завршил со потпишување на заемен договор. Со договорот, округот Абрене бил предаден на руска контрола. Исто така, Латвија има територијален спор со Литванија, каде во фокусот се одредени наоѓалишта на нафта во морето.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Административна поделба на Латвија.

Земјата има 43 единици на локална самоуправа, од кои 36 општини (novadi) и 7 државни градови (valstspilsētas), порано наречени „републички“. Државни градови во Латвија се: Даугавпилс, Јекабпилс, Јелгава, Огре, Лиепаја, Резекне, Рига, Валмиера и Вентспилс. Исто така, во Латвија има четири историски и културни региони, а тие се: Курланд, Латгалија, Виѕеме и Земгале. Границите меѓу регионите не се прецизирани и истите варираат. За да се развие државата подеднакво, територијата била поделена на плански региони:

региони најголем град површина население
Рига Рига 10.132 км2 706.000 – (108,3/км2)
Курземе Лиепаја 13.596 км2 301,621 – (22.1/км2)
Латгале Даугавпилс 14.549 км2 343,646 – (23.5/км2)
Земгале Јелгава 10.733 км2 281,928 – (26.1/км2)
Виѕеме Валмиера 15.246 км2 235,576 – (15.4/км2)
Латвија Рига 64.256 км2 2.248.000 – (34.9/км2)

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Латвија е член на Светската Трговска Организација, уште од 1999 година, и на ЕУ од 2004 година.

Макроекономски показатели

[уреди | уреди извор]

Од 2000 година, Латвија имала еден од најголемиот раст на БДП во Европа.[12] Но, во првите три месеци на 2009 година, латвискиот БДП се намалил за 18%, што претставувало најголем пад во ЕУ.[13][14] Според Евростат, БНП по глава на жител во Латвија во 2008 година изнесувал 56% од просекот на ЕУ.[15] Во 2019 година, БДП по глава на жител на Латвија изнесувал 18 172 долари, со што таа била рангирана на 27. место во однос на Европа и 48. во светот.[16] Во 2018 година кефициентот Џини во Латвија изнесувал 36,3%.[17]

Демографија

[уреди | уреди извор]
Етнички групи во Латвија[1]
Латвијци
  
62,1 %
Руси
  
26,9 %
Белоруси
  
3,3 %
Украинци
  
2,2 %
Полјаци
  
2,2 %
Литванци
  
1,2 %
други
  
2,1 %
Население

Латвиското општество било мултиетничко низ вековите, иако демографската слика на Латвија драстично се променила во XX век како директна последица на двете Светски војни. Врз демографската слика на Латвија влијаеле емиграцијата, одселувањето на Балтичките Германци, Холокаустот и окупацијата на Советскиот Сојуз. Според пописот на Руската Империја во 1897 година во Латвија живееле 68.3% Латвијци, додека Русите биле 12%, Евреите биле 7.4%, Германците 6.2% и Полјаците 3.4%.[18]

Латвијците и Ливонците, староседелците на Латвија, денес сочинуваат околу 62,1% од вкупното население на Латвија. Потоа следуваат Русите со 26,9%, Белорусите со 3.3%, Украинците со 2.2% , Полјаците со 2.2%, Литванците 1.2%, Евреите со 0.3%, Ромите со 0.3%, Германците со 0.1, Естонците со 0.1% и останати со 1.3.[1] Во некои поголеми градови, како што се Рига, Даугавпилс и Резекне, Русите ги надбројуваат Латвијците. Така, во 1935 година, во Латвија имало 77% Латвијци, додека во 1989 година имало само 52%.[19] Според пописот во 2000 година, во Латвија живееле 2.377.383, додека во 2011 година се проценува дека има 2.067.887 жители. Рускиот јазик го зборуваат една третина од населението и руските активисти во 2012 година организирале референдум за официјализирање на рускиот јазик во државата. Мнозинството латвиски граѓани ја одбиле таа идеја.[20]

Јазик

Службен јазик во Латвија е латвискиот јазик, кој е дел од балтичките јазици на индоевропското семејство. Покрај латвискиот, друг значаен јазик кој е речиси исчезнат е ливонскиот јазик. Ливонскиот јазик е дел од групата на балтофински јазици, подгрупа на уралските јазици. Заедно со латгалскиот јазик, кој е дијалект на летонскиот, уживаат заштитен статус во државата. Латгалскиот јазик се смета за историска варијанта на латвискиот. Доста зборуван малцински јазик е рускиот јазик, кој најдоминантен бил за време на СССР и Руската Империја. Рускиот јазик го разбираат скоро сите Латвијци кои биле родени за време на СССР. Во Латвија, задолжително е учениците да учат латвиски, англиски и германски или руски јазик.

Религија
Катедрала во Рига
Верници во Латвија
лутеранци
  
34,3 %
Католици
  
25,1 %
Православни
  
19,4 %
Други Христијани
  
1,2 %
Други
  
20,0 %

Најголема религија во Латвија е Христијанството.[1] Најголеми религиски христијански групу во 2006 биле:

Според Евробарометарот од 2005 година,[22] 37% од латвиските граѓани се изјасниле дека „веруваат дека има Бог“, 49% се изјасниле дека „веруваат има некој вид дух или спиритуална сила“ и 10% се изјасниле дека „нема Бог, некој дух или спиритуална сила“.

Лутеранството била главна религија во Латвија пред советската окупација. Од тогаш, Лутеранството почнало да опаѓа, а Римокатолицизмот се зголемувал. Ова било случај кај сите три балтички држави. Латвиската Православна Црква е полуавтономна религиска организација под јурисдикција на Руската православна црква.

Образование

Најстар универзитет во Латвија е Ришкиот технички универзитет, кој бил основан на 14 октомври 1862 година. Овој Универзитет е со седиште во Рига и првично бил познат како Ришки политехнички институт.[23] Универзитетот во Даугавпилс е втор најголем универзитет во Латвија. Во периодот од 2006 до 2010 година, Латвија затворила 131 училиште, што е пад од 12.9% и во истиот период бројот на новите ученици со образованието паднал за 54.000 ученици, или пад од 10.3%.[24] Покрај овие два, познат е Латвискиот универзитет за земјоделство во Јелгава.[25]

Јавно здравство

Латвискиот здравствен систем е универзална програма, која во добар дел се финансира од даноците кои владата ги наплаќа.[26] Здравствениот систем на Латвија е најслабо рангиран во Европа, најмногу поради долгите чекања за лекување, недоволни медицински средства и современи медицински достигнувања и останати фактори.[27] Во 2009 година имало 59 болници, во 2007 имало 94 додека во 2006 имало 121 болница.[28][29][30] Просекот на животниот век во Латвија е проценет на 72.7 години, втора најслабо рангирана држава во ЕУ.[31]

Корупцијата во латвискиот здравствен систем е релативно расширен, но сепак во овој поглед се забележал напредок од 1990-те. Во 2007 година, во Латвија биле забележани 10.000 жители болни од СИДА.[1] Покрај тоа, во Латвија има 32.376 жители болни од алкохолизам во 2008, меѓу останатите зависности.[32]

Латвиски пејзаж во Сабиле.

Традиционалниот латвиски фолклор, особено танците и народната музика, се развивала повеќе од илјада години. Повеќе од 1,2 милиони текстови и 30.000 мелодии на народни песни биле до денес забележани.[33]

Меѓу 13 и 19 век, Балтичките Германци, од кои голем дел не биле со германско потекло но биле асимилирани од германската култура, биле доста влијателни во латвиското општество. Тие развиле посебно културно наследство, проследено со латвиско и германско влијание. Оваа традиција била задржана и кај денешните Балтички Германци, иако добар дел се преселиле во Германија, САД, Канада и останати држави. Исто така, во Латвија во одреден степен е задржана и паганската изворна латвиска традиција, често испреплетена со христијански елементи. Денес, најпознат фестивал во Латвија е Јањи, пагански фестивал кој ја слави летната рамнодневница.

Во XIX век, латвиските патриотски движења пропагирале латвиска култура и ги охрабрувала Латвијците да земат активно учество во тоа пропагирање. 19 век и почетокот на 20 век, често е карактеризиран како класичен културен латвиски период. Најпопуларен спорт во Латвија е хокејот, додека исто така застапени се фудбалот, кошарката, тенисот и останати спортови.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Sākumlapa | Centrālā statistikas pārvalde“.
  2. CIA Factbook: Latvia Архивирано на 16 октомври 2015 г., (англиски)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Latvia“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  4. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  5. Според правописот на македонскиот јазик, двата назива „Латвија“ и „Летонија“ се користат подеднакво во македонскиот јазик, па така и низ оваа статија.
  6. „Latvijas Statistikas“. Csb.gov.lv. 2010-09-27. Архивирано од изворникот на 2009-01-10. Посетено на 2010-10-16.
  7. Peach, Gary (2010-03-11). „2009 worst year on record for Latvia, Estonia“. BusinessWeek. Посетено на 2010-06-06.
  8. „Report for Selected Countries and Subjects“. Imf.org. 2006-09-14. Посетено на 2010-06-06.
  9. Fidler, Stephen (2010-06-21). „Europe Rich and Poor: New Data - Real Time Brussels - WSJ“. Blogs.wsj.com. Архивирано од изворникот на 2010-06-30. Посетено на 2010-08-12.
  10. „List of species“. Nature of Latvia. Архивирано од изворникот на 2006-02-07. Посетено на 2007-03-07.
  11. (летонски)Constitution of the Republic of Latvia with amendments and revisions (Official english translation) Архивирано на 13 јули 2007 г. (Посетено на December 24, 2006)
  12. „Growth rate of real GDP per capita“. Eurostat. Посетено на 2007-07-28.
  13. Eglitis, Aaron (2009-05-11). „Latvian GDP Shrank 18% in First Quarter, EU's Biggest Fall –“. Bloomberg.com. Посетено на 2010-10-16.
  14. „Latvian economy in rapid decline“. BBC News. 2009-05-11. Посетено на 2010-04-04.
  15. „GDP per capita in PPS“ (PDF). Eurostat. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-07-11. Посетено на 2009-06-25.
  16. http://statisticstimes.com/economy/european-countries-by-gdp-per-capita.php statisticstimes.com (пристапено на 12.06.2020)
  17. knoema.com (пристапено на 13.7.2020)
  18. Latvia – Population. Source: U.S. Library of Congress.
  19. „About Latvia“. Latvian Academy of Culture. Архивирано од изворникот на 2007-06-29. Посетено на 2007-07-28.
  20. Отфрлен рускиот јазик како официјален во Латвија
  21. 21,0 21,1 21,2 „Na Łotwie działa ponad 1,2 tys. wspólnot religijnych“ (полски). Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на 2007-07-28.
  22. „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 – page 11“ (PDF). Посетено на 2007-05-05.
  23. „Riga Polytechnical Institute Home Page“. Rtu.lv. Посетено на 2010-10-16.
  24. „Latvijas Statistika“. Csb.gov.lv. 2010-05-17. Архивирано од изворникот на 2011-05-14. Посетено на 2010-06-06.
  25. „Education“. Csb.gov.lv. 2010-05-17. Архивирано од изворникот на 2007-12-16. Посетено на 2010-10-16.
  26. „Latvia's Healthcare System is Funded by General Taxation and All Latvians and Foreign Residents Are Guaranteed Medical Care | Business Wire | Find Articles at BNET“. Findarticles.com. 2005-11-18. Архивирано од изворникот на 2011-05-14. Посетено на 2010-02-05.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  27. The Baltic Course – Балтийский курс (2008-11-14). „Latvia has worst health care system in Europe :: The Baltic Course | Baltic States news & analytics“. The Baltic Course. Посетено на 2010-02-05.
  28. Jolly, David (2009-06-18). „Latvian Health Official Resigns Over Cuts“. The New York Times. Посетено на 2010-04-04.
  29. „Latvijas Statistika“. Csb.gov.lv. 2010-01-22. Архивирано од изворникот на 2007-12-16. Посетено на 2010-02-05.
  30. „The Baltic States and their health systems – From Soviet to EU“. European-Hospital. Архивирано од изворникот на 2011-05-11. Посетено на 2010-02-05.
  31. United Nations World Population Prospects: 2006 revision – Table A.17 for 2005–2010
  32. „Latvijas Statistika“. Csb.gov.lv. 2010-01-22. Архивирано од изворникот на 2007-12-16. Посетено на 2010-02-05.
  33. „Welcome to Latvia – Folk Songs“. Li.lv. 2006-05-01. Архивирано од изворникот на 2011-05-15. Посетено на 2010-10-16.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]