Јекабпилс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јекабпилс
Jēkabpils
град
Плоштадот во Јекабпилс
Плоштадот во Јекабпилс
Знаме на Јекабпилс
Знаме
Грб на Јекабпилс
Грб
Јекабпилс се наоѓа во Латвија
Јекабпилс
Местоположба во Латвија
Координати: 56°29′58″ СГШ 25°52′42″ ИГД / 
Земја  Латвија
Станал град 1670
Управа
 • Градоначалник Леонид Салцевич
 • Советници 13
Површина
 • Вкупна 26,284 км2
Население (1 јануари 2016)[1]
 • Вкупно 24.146
 • Густина Ова е лошо заокружено0.91.865.773.854.817.00/км2
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. LV-52(01–06)
Повик. бр. (+371) 652
Мреж. место jekabpils.lv
Поглед на Јекабпилс и Кројцбург во 1792 г.

Јекабпилс (латвиски: Jēkabpils; германски: Jakobstadt; полски: Jakubów) — град на реката and spanning Даугава (Западна Двина) во југоисточна Латвија, на половина пат меѓу Рига и Даугавпилс. Историски, Јекабпилс бил сместен на левиот брег на реката, во областа Селонија, додека Крустпилс (Кројцбург) бил на левиот, во областа Латгалија. Во 1962 г. градовите се обединиле под името Јекабпилс, но подрачјата го имаат задржано својот регионален карактер. Градот е административен центар на истоимената општина.

Кај градот се наоѓа воздушната база „Јекабпилс“ во служба на латвиското воено воздухопловство.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1237 г. Епископот Ришки го изградил замокот Кројцбург (денес Крустпилс) веднаш до веќе постоечка населба. Археолошките ископувања на блиската тумба Асоте укажуваат на тоа дека ова место било трговски значајно за латвинското племе Латгали, кои живееле тука уште во 1000 г. п.н.е. Со изградбата на замокот, населбата се проширила во поголемо село, кое го добило името Крустпилс. Селото било разрушувано до темел во честите воени судири како што се битките меѓу Полска и Шведска, но секогаш било градено одново.

Во XVII век крај Даугава се доселиле староверници прогонети од Русија. Оваа населба почнала да се зголемува, за во 1670 г. да биде прогласена за град од војводата на Куронија, Јакоб Кетлер и го добила името Јекабпилс (гер. Јакобшат) во негова чест.

Предание[уреди | уреди извор]

Според преданието за потеклото на градот, еден ден војводата бил во лов и се изгубил. Крај реката Даугава си ја нашол среќаата, истовремено здогледувајќи рис под елка и населено место. Согласно преданието, на грбот на Јекабпилс е прикажан рис застанат под елка.

Географија[уреди | уреди извор]

Јекабпилс има население од 29.100 жители. Двата историски дела на градот — стариот Јекабпилс и Крустпилс — се поврзани со мост преку реката Даугава.

Демографија[уреди | уреди извор]

На 1 јануари 2013 г. населението на градот броело 25.883 жители.

Етнички состав на населението во 2011 г.[2]
Латвијци
  
61.9%
Руси
  
27.6%
Белоруси
  
3.0%
Полјаци
  
2.8%
Украинци
  
1.6%
останати
  
3.1%

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Замокот Крустпилс

Јекабпилс[уреди | уреди извор]

Најстариот дел од градот и постарите градби се зачувани.

Општина Јекабпилс[уреди | уреди извор]

Еден од потезите на Струвеовиот геодетски лак минувал низ Струвеовиот парк во денешната општина Јекабпилс. Недалеку од градот, во местото Таденава се наоѓа спомен-куќата на големиот латвиски поет Рајнис (1865-1929). Тука се и рушевините на замоците Јустине и Дигнаја. Во атарот на Клауце се наоѓа највисоката точка во Селонија — ридот Ормањкалнс. По патот меѓу Нерета и Акнисте е сместен и музејот „Риекстињи“ во чест на познатиот писател Јанис Jаунсудрабињш (1877-1962).

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Latvijas iedzīvotāju skaits pašvaldībās 01.01.2016. (PDF)“. PMLP.gov.lv.  (летонски)
  2. [1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Шаблон:Latvian regional cities