Вентспилс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стар замок во Вентспилс

Вентспилс е град во Летонија, сместен во западниот дел на државата. Исто така градот претставува и независна градска општина.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Вентспилс е сместен на западниот дел од Летонија. Главен град на Летонија е Рига кој се наоѓа 185 километри северозападно од Вентспилс.

Релјеф: Вентспилс се наоѓа во историската покраина Курландија. Градот бил формиран на устието на реката Вента во Балтичко море. Градот се наоѓа во рамничарско подрачје, на 5-8 метри надморска висина.

Клима: Во Вентспилс владее континентална клима

Вода: Градот Вентспилс бил формиран на устието на реката Вента во Балтичко море. Како пристаниште на Балтичко море градот е важен, бидејќи не замрзнува во зима. Реката Вента му го дала името на градот. Реката ги дели стариот и новиот дел од градот.

Население[уреди | уреди извор]

Со приближно 44 илјади жители, Елгава е петти град по големина во Летонија. Меѓутоа, од вемето на независност (1991. година) бројот на жители осетно опаднал. Причината за оваа емиграција на Русите, другите народи и заминувањето младите во странство или Рига е поради невработност.

Етнички састав: Матични Летонци се нешто повеќе од половина од градските жители. Националниот састав е:

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Вентспилс било населено уште во праисторијата. Денешната населба под германско име Виндау ја основале германски витези, а во 1314 година населбата добила градски права. Во 1617 година градот е приклучен на државната заедница на Полска и Литванија. Во 1711 година градот ја окупирал Руската имерија и го променил името во Вентспилс. Во 19 век градот доживеал екномски просперитет.

Во 1920 година, Вентспилс бил поврзан со новоформираната Летонија. Во 1940 година тој се приклучил на Советскиот Сојуз, но наскоро паднал во рацете на Третиот рајх (1941-44). По војната градот бил дел од летонската ССР, со цел повторно да воспостави независност Летонија, во 1991 година Вентспилс бил признат како град во Летонија.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Вентспилс е познат по старата тврдина, чии најстар дел доминира од времето на владеење на Тевтонците.