Хокеј

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хокеј на трева[уреди | уреди извор]

  • Во играта учествуваат две единаесетчлени екипи; целта на играта е со свиткана палка да се уфрли топката во голот на противничката екипа.
  • Погодокот може да се постигне само од просторот на гаѓање.
  • Играта има две полувремиња во траење од 35 минути.
  • Во хокејот на трева брзината на топката достигнува и до 160 км/ч.

Палка[уреди | уреди извор]

Палките за хокеј се свиткани на пареа, така што влакната на дрвото го следат свитканиот дел. Така се постигнува поголема цврстина на палката. Топката смее да се удри само со плоснатиот дел на палката. Таа е тешка од 340 до 794 g за мажи, а за жени до 650 g.

Топка[уреди | уреди извор]

Топката е со бела боја, а изработена е од плута и подебел конец и преслечена е со кожа.

Були[уреди | уреди извор]

Були е специфична одлика на хокејот. Со нив се почнува или продолжува играта по прекинот. Играчите со палка трипати ја допираат палката на противникот и дури тогаш можат да ја удрат топката.

Опрема[уреди | уреди извор]

Играчот носи маица и пантолони, односно сукњичка, и штитници за потколениците и листовите. Голманот носи додатна заштитна облека.

Игралиште[уреди | уреди извор]

Хокејот вообичаено се игра на отворена, трева или синтетичка површина.
Ширината на игралиштето е 55 m, а должината е 91,40 m.
Висината на голот е 2,14 m, а ширината 3,66 m.

Хокеј на мраз[уреди | уреди извор]

  • На лизгалиштето играат две шестчлени екипи; секоја има уште 14 резервни играчи.
  • Целта е да се однесе плочката (пак) во голот на противникот.
  • Женскиот хокеј на мраз стана олимписки спорт во Нагано 1998 година.
  • Хокејот на мраз е најбрзата екипна игра воопшто. Пактот лета со брзина од 190 км/ч.

Палка[уреди | уреди извор]

Палката на играчите во полето се состои од дршка со лопатка свиткана под одреден агол. Палката на голманот е потешка, а лопатката е поширока.

Плочка[уреди | уреди извор]

Плочката е со црна боја, а е изработена од тврда гума.

Игралиште[уреди | уреди извор]

Игралиштето е ледена површина, опкружена со дрвена ограда. Широко е 29–30 m. Должина има од 60–61 m. Голот широк 1,83 m, а висок 1,22 m.