9 април
Изглед
<< | април | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | ||||
2024 |
9 април — 99-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (100-и во престапна година). Остануваат 266 денови до крајот на годината.
Настани:
1387 | Османлискиот султан Мурат I го освоил Солун. |
1682 | Роберт Кавалие де Ла Сал го открил устието на реката Мисисипи, го прогласил за француска територија, и го нарекол по својот крал — Луизијана. |
1865 | Воениот водач на Конфедерацијата генерал Роберт Ли се предал заедно со своите војски на силите на Унијата (САД) со што завршила Граѓанската војна во САД. |
1867 | Сенатот на САД со еден глас мнозинство го ратификувал договорот за купување на Алјаска од Царска Русија за 7.200.000 УСД, или околу 4,75 центи за хектар. |
1873 | Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари. |
1909 | Турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал. |
1928 | Како дел од реформите кои ги започнал Ататурк, исламот престанал да биде државна религија во Турција. |
1967 | Првиот лет на Боинг 737. |
2003 | Багдад и Ирак биле освоени од коалиционите сили предводени од САД. |
Родени:
1336 | Тамерлан — монголски владетел, еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото. |
1821 | Шарл Бодлер — француски поет. |
1865 | Ерих Лудендорф — германски офицер. |
1906 | Виктор Вазарели — унгарско-француски сликар. |
1932 | Карл Перкинс — американски пејач. |
1933 | Тихо Најдовски — македонски поет. |
1933 | Џан Марија Волонте — италијански глумец. |
1933 | Жан Пол Белмондо — француски глумец. |
1933 | Радојка Шверко — хрватска пејачка. |
1954 | Виолета Ачкоска — македонска историчарка. |
1959 | Љупчо Димовски — министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. |
1959 | Киро Стојанов — римокатолички бискуп на Скопската бискупија. |
1962 | Мирсад Јонуз — македонски фудбалски голман и тренер. |
1971 | Жак Вилнев — канадски автомобилист, првак во трките на „Формула 1“. |
1972 | Жељко Ребрача — српски кошаркар. |
1975 | Роби Фаулер — англиски Фудбалер. |
1979 | Бујар Османи — министер за здравство на Република Македонија. |
1985 | Антонио Ночерино — италијански фудбалер. |
1986 | Николас Мес — белгиски велосипедист. |
1986 | Ивана Младеновска — македонска сликарка. |
1987 | Блез Матуиди — француски фудбалер. |
1990 | Кристен Стјуарт — американска глумица. |
1994 | Вуко Борозан — црногорски ракометар. |
Починале:
915 | Константин — римски папа. |
1024 | Бенедикт VIII — римски папа. |
1483 | Едвард IV — крал на Англија. |
1492 | Лоренцо де Медичи — владетел на Фиренца. |
1588 | Паоло Веронезе — италијански сликар. |
1626 | Франсис Бекон — англиски филозоф и државник. |
1942 | Орде Чопела — македонски народен херој. |
1951 | Вилхелм Бјеркнес — норвешки метеоролог. |
1959 | Френк Лојд Рајт — американски архитект. |
1962 | Харолд Ламб, американски историчар. |
1983 | Александар Доброхотов — руски педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје. |
1997 | Стево Теодосиевски — македонски естраден уметник. |
2014 | Светлана Велмар Јанковиќ — српска писателка. |
Празници:
* | Ден на македонските железничари |
* | Ден на македонскиот фудбал |