Кристен Стјуарт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кристен Стјуарт
Стјуарт во 2012
Роден(а) Кристен Џејмис Стјуарт
Лос Анџелес, Калифорнија
Националност Американка
Занимање актерка
Активен период 1999–до денес

Кристен Џејмис Стјуарт (оригинал англиски: Kristen Jaymes Stewart) (родена на 9 април 1990) е американска актерка. Таа е најпозната поради играњето на Бела Свон во Самрак сагата. Таа исто така има играно во филмови какви што се Паник Соба (2002), Затура (2005), Во земјата на жените (2007), Земја на авантурите (2009) и Избеганите (2010). Таа има добиено многубројни награди во последните три години.