Паоло Веронезе
Паоло Веронезе Paolo Veronese | |
---|---|
Автопортрет (1558–63) | |
Националност | Италијанец |
Познат(а) по | сликарство |
Правец | ренесанса |
Паоло Веронезе (италијански: Paolo Veronese; 1528 – 19 април 1588) — важен венецијански ренесансен сликар. Родено име му било Паоло Каљари или Паоло Калијари (Paolo Cagliari или Paolo Caliari)[1]. Го завикале „Веронезе“ бидејќи родум бил од Верона.
Како младич, Веронезе учел кај локалните венецијански уметници како Џовани Франческо Карото. Потоа за кратко се преселил во Мантова во 1548 (каде насликал фрески во главната катедрала, Дуомо) пред да се врати во Венеција и да ја започне својата плодна кариера.
Веронезе, Тицијан и Тинторето сочинуваат триумвират од најважните венецијански сликари од доцната ренесанса (1500-ти). Веронезе е познат како врвен колорист, како и по своите илузии во фреска и во масло. Највеќето негови дела се комплексни наративни виклуси, изведени во драматичен и разнобоен маниристички стил, полн грандиозни архитектонски окружувања и блескави свечени призори. Особено исклучителни се неговите големи слики на библиски гозби насликани за трпезарии во манастири во Венеција и Верона. Неговото кратко искуство со Инквизицијата често се споменува како увид во сликарските методи и тематики во тоа време.
Сликал и олтари, слики на митолошки теми и портрети. Во цикулација се и голем број на композициони скици во молив, мастило и туш, студии на тела во креда, како и кјароскуро модели и рикорди. Тој стоел на чело на неговата семејна ликовна работилница сѐ до неговата смрт во 1588 год.
Познати дела
[уреди | уреди извор]- „Алегорија на Мудроста и Силата“
- „Битка кај Лепанто“
- „Гозбата во Левиевиот дом“
- „Лукреција“
- „Портрет на Даниеле Барбаро“
- „Свадбата во Кана“
- „Семејството на Дариј пред Александар“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Rearick, W. R.: The Art of Paolo Veronese 1528–1588, стр. 20. National Gallery of Art, 1988. На неговата прва позната слиак е потпишан како „P. Caliari F.“ - ова е присвоено презиме, бидејќи по сите наоди може да се заклучи дека неговите родители немале презиме.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Паоло Веронезе“ на Ризницата ? |
- Биографија на Паоло Веронезе со врска до многу негови слики (англиски)