27 декември
Изглед
<< | декември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
2024 |
27 декември — 361-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (362-и во престапна година). Остануваат 4 денови до крајот на годината.
Настани:
1938 | Во Скопје за првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од драмскиот писател Ристо Крле. |
1945 | Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бретон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот. |
1949 | Холандската кралица Јулијана потпиша документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа. |
1979 | Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт. |
1992 | Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“. |
1993 | Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“ што ги погоди јужните Филипини. |
Родени:
1571 | Јохан Кеплер — германски астроном, математичар и физичар. |
1717 | Пиј VI — римски папа. |
1822 | Луј Пастер — француски хемичар и биолог. |
1901 | Марлен Дитрих — германска и американска глумица. |
1918 | Христо Брашнаров — македонски гинеколог, акушер и учесник во НОБ. |
1931 | Џон Чарлс — велшки фудбалер. |
1942 | Богољуб Петровиќ — српски и југословенски глумец. |
1943 | Живорад Јевтиќ — српски и југословенски фудбалер. |
1946 | Трифун Костовски — македонски стопанственик и поранешен градоначалник на Град Скопје. |
1948 | Оливие Бланшар — француски економист. |
1950 | Роберто Бетега — италијански фудбалер. |
1980 | Адријана Будимир — хрватска ракометарка. |
1981 | Никита Алексеев — руски хокеар. |
1982 | Терји Скибенес — гитарист на викиншката метал-група Тир од Фарските Острови. |
1984 | Жил Симон — француски тенисер. |
1988 | Хејли Вилијамс — американска пејачка, членка на групата „Paramore“. |
1990 | Милош Раониќ — канадски тенисер. |
Починале:
1534 | Антонио да Сангало Постариот — италијански архитект од времето на ренесансата. |
1585 | Пјер Ронсар — француски писател од времето на ренесансата. |
1743 | Ијасент Риго — важен француски барокен сликар и портретист. |
1911 | Штерјо Михајлов — учесник во македонското револуционерно движење. |
1923 | Густав Ајфел — француски инженер и градител на познатата Ајфелова кула. |
1836 | Ханс фон Сект — висок офицер во германската армија. |
1938 | Осип Манделштам — руски и советски поет и есеист. |
1952 | Рамадан Зејнели — писател за деца од албанската националност во Македонија. |
1978 | Крис Бел — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star). |
2011 | Хелен Франкенталер — американска сликарка. |