Рамадан Зејнели

Од Википедија — слободната енциклопедија

Рамадан Зејнели — писател за деца од албанската националност во Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Рамадан Зејнели е роден во Скопје во 1952 година. Починал во Скопје на 27 декември 1993 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како наставник во с. Љуботен, Скопско. Член на ДПМ од 1983 година. Автор е на книгите: Полжав златар (поезија, 1977), Возот со сто срца (поезија, 1978), Царот на снегулките (поема, 1980), Скржавец во царството на месечината (раскази, 1982), Изгубени бисери (поема, 1982), Риба и филозоф (поезија, 1983), Нагалениот на езерото (поезија, 1983).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 52.