Терји Скибенес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Терји Скибенес како гитарист на Тир на фестивалот Металманија 2007 во Катовице.

Терји Скибенес (фарски: Terji Skibenæs), (р. 27 декември, 1982) е гитарист во групата Тир од Фарските Острови која свири викиншки метал.

Скибенес е роден во Торсхавн, но израснал и до денес живее во Скипанес на островот Естрои. На 13 години живеел во Данска со семејството, кога неговиот постар брат купил гитара. Терји набргу се заинтересирал и од брат му научил некои акорди. Подоцна самиот се подочувал од таблатури во месната библиотека и свирел на гитара во придружба на снимки од неговите омилени гитаристи. Никогаш не посетувал часови по пеење, но затоа има природно солиден бас. Свирел во фарската група Флукс (Flux) пред да го повикаат во групата Тир (Týr) во декември 2001.

Терји е најмлад од пет деца (има две сестри и двајца браќа).