Славјанка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Словенка)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Славјанка
Slavyanka-Ang91.jpg
Поглед на Славјанка
Највисока точка
Надм. вис.2.212 м
Матичен врвГоцев Врв
Географија

Славјанка (бугарски: Славянка, грчки: Όρβηλος, до 1951 г. Алиботуш/Али Ботуш или Китка) — планина на границата на Пиринска и Егејска Македонија, т.е. денешни Бугарија и Грција.

Со планината Пирин на север се поврзува преку Парилското Седло, на запад е поврзана со Сенгелска Планина, на исток со планината Стргач и на jуг со планините Шарлија (Бродска Планина) и Црна Гора. Должината е околу 20 км и ширината 10-12 км. Наjвисоки врвови се Гоцев Врв (од старото име Алиботуш, денес го носи името на Гоце Делчев) со висина 2.212 мeтри, врв Шабран (2.196 м), Голем Царев Врв (2.186 м), Мал Царев Врв (2.087 м), Шабран (2.196 м), Саљува џамија (2027 м). Планината е позната по карстниот релjеф, црната молика, алиботушкиот чаj (Sideritis scardica) и резерватот „Алиботуш“.

Традиционалното име на планината е Али Ботуш. Во минатото, истражувачите и патниците ја сметале, целата група на планински висорамни меѓу Парилското Седло и Егејското Море како дел од Пирин планина. Современите научни сфаќања за границите на Пирин се релативно нови и датираат дури од почетокот на XX век. Во Грција Славјанка и досега традиционално се смета за дел од Пирин, и затоа се именува со античкото име на Пирин - Орбелос на новогрчки Орвилос.

На крајот на XIX и почетокот на XX век Али Ботуш е арена на ослободителните борби во Македонија. Во неа наоѓаат засолниште четите на ВМОРО на чело со војводите Гоце Делчев, Јане Сандански, Дедо Илија Крчовалијата, Атанас Тешовалијата и други. Комитските обиколки и дејсвија во Али Ботуш се живо опишани од поетот Пејо Јаворов во неговите "Ајдучки копненија". [1]

Во 1933 година Александар Дрјановски истакнува дека планината треба да се нарекува Китка [2] поради богатството на флора. Сегашното име на Али Ботуш — Славјанка е наметнато со државен указ во 1954 година во серијата преименување на географски објекти во земјата. Името Али Ботуш продолжува да се користи - така се вика резерватот, кој опфаќа голем дел од бугарската територија на планината.

Галериjа[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Dedov I. K. (2008). "Terrestrial gastropods (Mollusca, Gastropoda) of the Bulgarian part of the Alibotush Mts." Malacologica Bohemoslovaca 7: 17-20. PDF.