Атанас Шабанов-Тешовалијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Атанас Тешовалијата)
Атанас Шабанов-Тешовалијата
Роден 1860
Тешово, Пиринска Македонија
Починал 12 мај 1905
кај с. Зрново, Егејска Македонија

Атанас Шабанов-Тешовалијата или Атанас Стојанов Шабанов,[1] Атанас Тешовалијата (1860 - 12 мај 1905) — македонски ајдутин и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1865 година во селото Тешово (Неврокопско). Учествувал во Кресненското востание во 1878-1879 година.[1] Од 1897 е арамија по Пирин планина. Учествувал во четите на војводите Давко, Дончо Златков и Кочо Муструкот.

Во 1899 во село Горно Броди се среќава со Гоце Делчев, ги прима неговите идеи и се присоединува кон неговата чета. Во 1901 година е назначен за војвода во Неврокопска околија. Извршува поширока организациска дејност, основајќи комитети на Организацијата во сите села низ околијата.

Во април 1902 г. ја присоединува својата чета кон четата на Јане Сандански во с. Банско за заедничка борба против врховистите. Атанас Тешовалијата станува еден од најверните соработници на Јане.

Учествува со четата во Илинденското востание, кога ги прекинува телеграфските линии во неговата околија и се судрува со турскиот аскер на планината Црна Гора кај с. Зрново, Драмско.

На 12 мај 1905 четата наидува на турски аскер. Атанас Тешовалијата загинал во тој судир, на планината Али Ботуш.[1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 15
  • „Спомени“, И.Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Герџиков, д-р Х. Татарчев, редакција Иван Катарџиев, Скопје, 1995, стр. 214-218
  • Архивите говорат, Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (1893-1919), том I, дел I, стр. 480, 481, 497

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]