Шабран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шабран
Shabran peak Alibotush.jpg
Поглед на Шабран од исток
Највисока точка
Надм. вис.2.195 м
Координати41°22′50″ N; 23°36′25″ E / 41.3806° СГШ; 23.6069° ИГД / 41.3806; 23.6069Координати: 41°22′50″ N; 23°36′25″ E / 41.3806° СГШ; 23.6069° ИГД / 41.3806; 23.6069
Географија
МестоСветиврачко, Пиринска Македонија
Валовишко, Егејска Македонија
Матичен венецСлавјанка

Шабран — втор по висина врв планината Славјанка (Али Ботуш) на границата помеѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 2.195 м.

Се издига на главното планинско било, западно од првенецот Гоцев Врв, со кој е поврзан преку седло. На исток од него се наоѓа големата карстна вдлабнатина наречена Сухото Езеро. На север од Шабран се двои долг срт кој се протега сè до долината на Голешовска Река. Врвот има стрмни падини. Сочинета од мермери. Почвата е кафеава шумска, рендзина (хумусно-карбонатна) и планинско-ливадска. Падините се обраснати со високопланинска тревна растителност. Се среќаваат многу енемски растенија. На неколку метри јужно од највисоката точка на врвот минува државната граница помеѓу Бугарија и Грција.

За време на Преродбениот просец во НР Бугарија врвот е преименуван во Овчарец, но но ова име не успеало да се наметне ниту кај мештаните, ниту меѓу посетителите.

Искачување[уреди | уреди извор]

Главен приоди за искачување на врвот е планинарскиот дом „Извора“ над с. Петрово.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 73. ISBN 954-90006-2-1.