Змијница

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Серски Боздаг)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Змијница
Sminitsa IMG 4404.jpg
Поглед на Змијница од Словенка. Лево во далечината е масивот на Кушница
Највисока точка
ВрвКараѓоз Ѓол
Надм. вис.1.963 м
Географија
МестоСерски и Драмски округ, Егејска Македонија (денес во Грција)
ЗемјаГрција

Змијница или Серски Боздаг (грчки: Μενοίκιο, Меникио) — планина во североисточниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. По нае минува границата меѓу општините Сер и Просечен. Највисок врв е Караѓоз Ѓол (Μαυρομμάτα, Мавромата) со височина од 1.963 метри, наречен по истоимената месност во околината. За време на бугарската окупација во Серско во текот на 1940-тите години, врвот е преименуван во Варовитец.

Физички одлики[уреди | уреди извор]

Речиси целата планина се состои од мермерни карпи. Во ниските делови има песокливи терциерни наслаги и наносни конуси. Змијница е обесшумена, гола и претставува една од најпустите планини на Балканскиот Полуостров.[1]

Населени места[уреди | уреди извор]

Најблиски населени места околу планината се градовите Сер и селото Зелјахово на југ и селата Алистратик и Крлуково на запад и север. Подрачјето е меѓу најненаселените на Балканот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]