Церово (Гостиварско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Церово (Ростушко))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Церово
Церово is located in Македонија
Церово
Местоположба на Церово во Македонија
Координати 41°43′21″N 20°50′44″E / 41.72250° СГШ; 20.84556° ИГД / 41.72250; 20.84556Координати: 41°43′21″N 20°50′44″E / 41.72250° СГШ; 20.84556° ИГД / 41.72250; 20.84556
Општина Општина Маврово-Ростуше
Население 19 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 821 м
Церово на општинската карта
Церово во Општина Маврово и Ростуша.svg

Атарот на Церово во рамките на општината
Commons-logo.svg Церово на Ризницата

Церово е село во Општина Маврово-Ростуше, областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 10 километри од Гостивар, недалеку од патот Гостивар - Кичево. Североисточно селото допира до падините на Бистра, а југоисточно се издига Буковиќ. Има водовод изграден со самопридонес и асфалтиран пат кој води до селото.

Историja[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна сите села во околијата беа запалани од страна на балистот Џемо освен Церово, бидејќи тој како дете таму бил говедарче. Во селото постои и училиште кое сега не работи бидејќи во селото нема речиси постојани жители.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Церово живееле 240 жители, сите Македонци.[1]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 19 жители, сите Македонци.[2]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[3]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 240 225 255 186 107 43 13 17 19

Родови[уреди | уреди извор]

Церово е македонско село.

Родови во селото се: Тримовци (1 к.), Новевци (2 к.), Софевци (2 к.), Богдановци (5 к.), Трпевци (6 к.), Влкановци (7 к.), Столевци (2 к.), Бибовци (3 к.), Симјановци (3 к.), Ивановци (3 к.) и Иљовци (1 к.) сите овие родови се староседелски, од родот Богдановци потекнувал познатиот Богдан, за кој се збори дека бил голем јунак и од ништо не се плашел, исто така бил и прв во стрелаштво, тој исто така бил современик и на познатиот Пепо од Ново Село. Во Богдановци ја знаат следната генеологија Спиро (жив на 67 год. во 1946 година) Богдан-Маџо, за понатамошните предци не знаат; Божиновци (1 к.) доселени се од селото Горна Ѓоновица; Спировци (1 к.) стари доселени, доселени се од некое место во Албанија; Десовци (1 к.) доселени се од селото Горно Јеловце, се доселил предокот како домазет.[4]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Познати личности[уреди | уреди извор]

Јове Апостолоски

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Повеќето жители се иселени во Гостивар, дел во Скопје и во Србија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 213.
  2. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 216-217-218-219. 
  5. „Осветена возбоновенета црква „Св. Никола“ во гостиварско Церово“ (македонски). МИА. 16 мај 2009. конс. 2010-04-30. 
  6. светување на новиот храм „Св. Петка“ с. Церово-Гостиварско

Надворешни врски[уреди | уреди извор]