Промени

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дваесеттиот век раѓа писатели на научната фантастика Х. Џ. Велс, писател на класиците на детската литература Рудјард Киплинг, A.A. Милне, контроверзниот Д. Х. Лоренс, модернистката [[Вирџинија Вулф]], сатиричниот Ивлин Во, популарниот романсиер [[Греам Грин]], криминалистичката романсиерка [[Агата Кристи]], и поетите Тед Хјуз и Џон Бетчемен.
 
Британската литература има и богат придонес од шкотските писатели Артур Конан Дојл, романтичните дела на Сер Волтер Скот, писателот на детска литература М. Бери и епските авантурни дела на [[Роберт Луис Стивенсон]]. А повеќе мрачни сцени може да се најде во приказните Иан Ренкин и на психолошкиот хорор-комедија на Јан Бенкс. [[Шкотска]]та престолнина, [[Единбург]] е првиот прогласен град на книжевноста на УНЕСКО.
 
Најстарата позната песна од областа сега позната како [[Шкотска]], Y Gododdin, беше составена на кумбрик или старовелшки јазик на крајот од шестиот век каде е прв документ каде се спомнува кралот [[Артур]]. Најголемиот велшки поет на сите времиња се смета дека е Дафуд ап Гвилим. Поради доминантниот велшки јазик во [[Велс]], се до крајот на деветнаесеттиот век, поголемиот дел од велшката литература е на велшки. Автори од други националности, особено од Ирска, или од [[Комонвелтот]], живееле и твореле во Велика Британија. Такви познати автори се: [[Џонатан Свифт]], [[Оскар Вајлд]], Брам Стокер, Џорџ Бернард Шо, Џозеф Конрад, [[Т. С. Елиот]] и [[Езра Паунд]].

Прегледник