Хоншу
| Познат и како 本州 | |
|---|---|
![]() Хоншу | |
| Географија | |
| Место | Источна Азија |
| Архипелаг | Јапонски Архипелаг |
| Површина | 227.962,59 км2 |
| Подреденост по површина | 7. |
| Должина | 1.300 км |
| Ширина | 50–230 kм (160,000–750,000 ст) |
| Брегова линија | 5.450 км |
| Највисоко место | 3.776 м |
| Највисока точка | Фуџи |
| Држава | |
Јапонија | |
| Најголема населба | Токио (pop. 12,570,000) |
| Демографија | |
| Население | 103,000,000 (попис 2005) |
| Густина | 447 /km2 (1.158 /sq mi) |
| Етнички групи | Јапонци |
Хоншу (јапонски: 本州 = „главен крај“) е најголемиот остров во Јапонија, кој се нарекува уште и јапонско копно. Се наоѓа јужно од Хокаидо преку преминот Цугару, северно од Шикоку и североисточно од Кјушу преу преминот Канмон. Тој е седмиот најголем остров и вториот најнаселен во светот по островот Јава во Индонезија.
Островот е долг приближно 1.300 км и се протега од 50 до 230 км во ширина, а неговата вкупна површина е 230.500 км2, и зафаќа околу 60% од вкупната површина на Јапонија. Хоншу има брег долг 5.450 км.
Хоншу е планинско-вулкански остров на кој има чести земјотреси. Најголемиот врв е активниот вулкан Фуџи, висок 3.776 м. Има многу реки, вклучувајќи ја и најдолгата јапонска река Шинано. Климата е варијабилна - од ладниот север до суптропскиот југ.
Бројот на населението изнесува 103.000.000 жители и е највеќе сконцентрирано во низините, особено во низината Канто. На Хоншу се наоѓаат најголемите јапонски градови: Токио, Кјото, Осака, Кобе, Хирошима, Сендај и Нагоја. Островот е поделен на пет региони и содржи 34 области, вклучувајќи го и Токио.
|
