Паразит (филм од 2019)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Паразит (Parasite) - јужнокорејски филм од 2019 година, во режија на Бонг Џун-Хо (Bong Joon Ho). Во глвните улоги настапуваат: Сонг Канг Хо (Song Kang Ho), Ле Сун Кјун (Lee Sun Kyun), Чо Јео Џеонг (Cho Yeo Jeong), Чој Ву Шик (Choi Woo Shik) и Парк Со Дам (Park So Dam). Самиот режисер го опишал филмот како „комедија без кловнови и трагедија без негативци“. Во 2019 година, филмот ја освоил „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, како првиот јужнокорејски филм што се закитил со оваа награда. „Паразит“ претставува смеса од повеќе жанрови: црна комедија, социјална драма, сатира, хорор и трилер. Филмот претставува возбудливо и непредвидливо остварување со јасна социополитичка позиција. Сепак, неговата раскошност непотребно завршува со премногу долг и разводнет крај.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Четиричленото семејство Ки-Тек живее во влажен подрумски стан и секојдневно ги гледаат минувачите по тротоарот. Членовите на семејството се невработени, а заработуваат така што склопуваат кутии за пица. Еден ден, синот Ки-ву добива работа како приватен учител по англиски јазик во едно богато семејство кое живее во луксузна куќа на ридот. Служејќи се со итрини, другите членови на семејството успеваат да ги избркаат слугите во куќата и да ги заземат нивните места. Така, сестрата станува инструкторка за „уметничка терапија“, таткото - шофер, а мајката - домашна помошничка. Еден викенд, богатото семејство заминува на одмор и членовите на семејството Ки-Тек добиваат можност да уживаат во благодетите на луксузната куќа...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорѓи Јаневски, „Паразит“, Економија и бизнис, година 21, број 255, ноември 2019, стр. 116-117.
  2. Ѓорѓи Јаневски, „Паразит“, Економија и бизнис, година 21, број 255, ноември 2019, стр. 116.