Кука или Маја Кишес (од албанскиМаја Kishes; Црковен врв) е археолошко наоѓалиште во тетовското село Рогле. Претставува утврдена населба од раноантичкото и доцноантичкото време и црква од старохристијанското време. Се наоѓа на 1 км североисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато, што доминира над околината, каде се гледаат темели од повеќе објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови (сликани вази со црн фирнајс). Околу целото плато се гледаат темели од бедемот и кулите, градени од кршен камен и варов малтер. Во северозападниот дел на тврдината е откриена старохристијанска црква со мозаичен под. Во подградието на североисточната и јужната падина се среќаваат многу фрагменти од керамички садови, питоси и згура од топено железо. Најдени се и бронзени монети од IV и V век.[1]