Вариште

Координати: 40°07′N 21°40′E / 40.117° СГШ; 21.667° ИГД / 40.117; 21.667
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Варише)
Вариште
Βάρης
Вариште is located in Грција
Вариште
Вариште
Местоположба во областа
Вариште во рамките на Гребен (општина)
Вариште
Местоположба на Вариште во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°07′N 21°40′E / 40.117° СГШ; 21.667° ИГД / 40.117; 21.667
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најм. вис.&10000000000000756000000756 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.76
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51 100
Повик. бр.+30 24620
Рег. таб.ΡΝ

Вариште или Варише — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во Република Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 35 километри источно од градот Гребен. На исток се граничи со кожанското село Сфилци (Хромио).

Историја[уреди | уреди извор]

Под османлиско владение[уреди | уреди извор]

Кон крајот на ХІХ век Вариште е грчко христијанско село во нахијата Венци во Кожанската каза на Османлсикото Царство. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 година во Вариште живеат 155 Грци.[2] Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година во Βάρεσια има 100 Грци-христијани.[3] Според записите на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вариште (Varché) има 145 Грци.[4]

Грчка окупација[уреди | уреди извор]

Во текот на Првата балканска војна во 1912 година в селото грчките војски и во втората Втората балканска војна во 1913 година селото останува под окупација на Кралството Грција.

Во 1927 година името на селото е сменето на Варис.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во селото се занимава со одгледување на жито и поретко со сточарство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 113 94 155 121 68 101 76 42
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Годишната селска слава е на 20 мај.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 280.
  3. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 212-213.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]