Абдела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Абдела
Αβδέλλα
Панорама на Абдела
Панорама на Абдела
Абдела се наоѓа во Грција
Абдела
Координати: 40°01′ СГШ 21°08′ ИГД / 
Земја Грција
Област Западна Македонија
Округ Гребен
Општина Гребен
Најг. вис. 1.350 м
Најм. вис. 1.250 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един. 280
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 510 32
Повик. бр. 24620
Рег. таб. ΡΝ

Абдела или Авдела — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција[2]. Познато е како родно место на браќата Манаки.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 40 километри југозападно од градот Гребен на 1300 m надморска височина на планината Пинд. Во близина е границата на националниот парк „Пинд“.[2]

Историja[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Пред 1800 година селотое припаѓа на месноста Фадинес, но се преместува на денешното место, кое има подобра клима.[2] Населението претежно се состои од големи семејства на влашки овчари.[2] Селаните имале одредена автономија , но тие привилегии се изгубени во времето на Али-паша Јанински.[2]

Пред 1880 година Апостол Маргарит во Абдела отвора романско училиште.[3] Според други извори училиштето е отворено уште во 1867 година.[2][4]

Бо 1900 година според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) Абдела (Авела) има 1 500 жители-Власи.[5] Според грчката статистика од 1904 година во Абдела живеат 1.700 влахофони, од кои 400 се Романци.[6]

Поради силното влијание на романската пропаганда во текот на месец октомври 1905 година Абдела е нападната од грчка андартска чета[2] при што селото е срамнето со земја, биле изгорени 133 куќи, 8 дуќани, црквата и училиштето.[7][8] Во текот на месец мај 1906 година 60 семејства, се преселуваат од Гребен во Абдела под заштита на турската војска, но биле нападнати од грчки андарти, при што биле убиени 4 Власи и 10 Турци.[9]

Црквата на сретсело „Успение Богородично“ кој изгорела во 1905 година, одново е изградена во 1955 година.[10]

Грчка окупација[уреди | уреди извор]

За време на Балканската војна во 1912 година в селото влегуваат грчки војски и за време на Втората Балканска војна во 1913 година Абдела останува дел на Грција.

На 14 јуни 1944 година селото е запалено од страна ан германските војски.[2]

На сретсело се наоѓа споменик на Браќата Манаки кои се родени во ова село.[2]

Економија[уреди | уреди извор]

Населението во селото претежно се занимавало со сточарство и сточарски производи.

Демографија[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 424 6 2 4 360 130 448 280
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 „Αβδέλλα“. Η πόλη και τα χωριά του Νομού Γρεβενών. 19 јануари 2015. 
  3. Спомени на Д. Атанасеску, публикувани в сп. "Lumina", от октомври 1905 г., бл. 10, с. 319-330, в: Ласку, Стојка. Од историјата на ароманскиот печат во Македонија. Списанијата "Братство" и "Светлина", Скопје 2007, с. 122.
  4. Lascu Stoica (19 јануари 2015). „EVENIMENTELE DIN IULIE-AUGUST 1917 ÎN REGIUNEA MUNŢILOR PIND – ÎNCERCARE DE CREARE A UNEI STATALITĂŢI A AROMÂNILOR. DOCUMENTE INEDITE ŞI MĂRTURII. STUDIU ISTORIOGRAFIC ŞI ARHIVISTIC“. Armânlu. 
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.276.
  6. Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  7. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1943, стр. 264.
  8. Η Αβδέλλα στις αρχές του αιώνα
  9. Motta, Giuseppe. The Fight for Balkan Latinity. The Aromanians until World War I
  10. „Πληροφορίες τοπωνυμίου“. Greek tourism guide - GTP. 5 јануари 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]