Ограѓе (Бистренци)
„Ограѓе-Св. Петка“
| |
Местоположба | 41°26′48″N 22°12′02″E / 41.44667° СГШ; 22.20056° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Бистренци |
Општина | Демир Капија |
Тип |
|
Период | старохристијанско време |
Портал „Археологија“ |
Ограѓе-Св. Петка — црква и некропола од старохристијанско време во атарот на селото Бистренци, Македонија. На околу 800 метри југозападно од селото, во непосредната близина на селските гробишта и новоизградената црква „Св. Петка“, на мала површина има фрагменти од мермерни столбови и архитравни греди кои веројатно му припаѓаат на некаков сакрален објект. Според исказите на мештаните, при изградбата на црквата биле откриени и отворени повеќе гробови градени од камени плочи во кои имало керамички садови и ѓердани од стаклена паста. Во 1990, 1991 и 1994 година, Музеј на Македонија изврши ископувања. Во нивата на Васил Камчев (к.п. 809) се откриени 39 гроба со трапезоидни конструкции од обични камени плочи или без конструкции, со поставени камења во пределот на главата и нозете. Некрополата е во редови, правилно поставени во правец запад-исток. Меѓу откриените гробни прилози најзастапени се белезиците од метал и стаклена паста (тордирани, плетени), а има мониста од стакло сликани со бели орнаменти, прстени, обетки и друг накит. Материјалот од ископувањата се чува во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Дубљани — населба од римското време;
- Корминиш — некропола од доцноантичкото време;
- Рудина — населба и некропола од римското време;
- Бистренци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 224. ISBN 9989-649-28-6.