Бељаковце
Бељаковце Бељаковци | |
Воздушен поглед на селото Бељаковце | |
Координати 42°6′55″N 21°55′48″E / 42.11528° СГШ; 21.93000° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Куманово |
Област | Средорек |
Население | 54 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1304 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17009 |
Надм. вис. | 357 м |
Слава | Духовден |
Бељаковце на општинската карта Атарот на Бељаковце во рамките на општината | |
Бељаковце на Ризницата |
Бељаковце (познато и како Бељаковци) — село во Општина Куманово, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Името на селото првпат е забележано во XIV век (1326 г.) како Белјаковци. Името на селото потекнува од личното име Бељак, што означува „човек со бела коса или кожа“.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Куманово, чиј атар се допира со подрачјето на општините Кратово и Старо Нагоричане. Тоа е сместено на десниот брег на Крива Река и во минатото претставувало завршна железничка станица на линијата Скопје-Куманово-Бељаковце.[3] Селото е раштркано и неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 380 до 520 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 28 километри.[3]
Низ атарот на самото село поминува регионалниот пат 29277.
Бељаковце се наоѓа во долината на Крива Река и има многу разбиен тип. На падините лево од реката се наоѓаат две постари маала, Ѓуреско и Чифлачко, додека десно од реката се наоѓаат понови и помали маала како Качаровско, Вардарско, Шантиоровско, Големиновско, Неделинско и Средореченско Маало. Во минатото, селаните се снабдувале со вода за пиење од извори и бунари.[4]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Липац, Стари Козарник, Пезоски Камења, Говедарски Чуки, Остри Брест, Јанков Камен, Голи Врв, Голем и Мал Гарванец, Еленац и други.[4]
Поради големата разбиеност на селото, во минатото во него постоеле две основни училишта, едно за маалата на десниот брег на реката, додека друго за маалата на левиот брег на реката. Отсекогаш постоеле и одвоени гробишта.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Бељаковце е населено уште од римско време, за што сведочат две наоѓалишта околу селото.[5]
Како и другите села во долината на Крива Река, така и Бељаковце е многу издолжено во насока југ-север. Жителите сакале да имаат земја за полјоделство и сточарство, па така јужно од Крива Река биле нивите, а северно пасиштата. Поради ова, Бељаковце најпрвин се наоѓало само на јужната страна на долината. Тоа се состоеле од двете денешни селски маала, Ѓуреско и Чифличко Маало. На северната страна се наоѓале сточарските трла. Меѓутоа, во текот на XIX век овие трла постепено станувале куќи.[4]
До околу 1930 година, мештаните од новиот дел на Бељаковце своите починати ги закопувале на старите селски гробишта, лево од Крива Река. Но, од таа година тие основале свои нови гробишта. По Втората светска војна, во новиот дел на Бељаковце било изградено и посебно училиште.[4]
Во поново време, и железничката станица „Бељаковце“ било изградена на десната страна на селото, па поради тоа новиот дел на селото добило поголемо значење.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото има средна големина и зафаќа простор од 16,3 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 711,6 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 651,3 хектари, а на шумите 129,4 хектари.[3]
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[3]
Во минатото, кога Бељаковскиот манастир бил активен, во него имало стопанска активност.[4]
Во Чифличкото Маало се наоѓа најдобрата обработлива земја, поради што во него еден турски бег во отоманскиот период поседувал Чифлиг, па оттаму и името на маалото. Тој поседувал и воденица на Крива Река. Во втората половина на XIX век, земјата на тој чифлиг ја купиле предците на некои денешни родови.[4]
Во 1960 година, во селото започнал да работи помал рудник „Опалска бреча“, а суровините од тој рудник со железнички превоз се носеле во Скопје.[4] Во 2022 година, на местото на поранешната железничка станица била започната изградба на нова железничка станица, како дел од проектот за обнова на пругата Куманово-Бељаковце и подоцнежно нејзино продолжување до Бугарија.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бељаковце живееле 532 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бељаковце имало 648 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8]
Бељаковце било големо село, но по пат на иселување станало мало село. Во 1961 година селото броело 807 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 119 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Бељаковце живееле 64 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 54 жители, од кои 25 Македонци, 23 останати и 6 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 532 | 648 | 570 | 669 | 807 | 694 | 355 | 146 | 119 | 64 | 54 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Бељаковце е македонско село, а имало и Роми.[4]
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
- Ѓуревско Mаало: Ѓуревци (11 к.), Портаровци (5 к.), Николчевци (3 к.), Илијевци (2 к.), Јаневци (1 к.) и Рокинци (1 к.). Ѓуревци се најстар род во селото, додека останатите се доселени. Николчевци се доселени од селото Мургаш. Рокинци се гранка од родот Вардарци. А другите не си го знаат потеклото.
- Чифлак Mаало: Кајсевци (10 к.), Дрдорковци (6 к.), Мусевци (6 к.), Ѓурковци (4 к.), Суќевци (4 к.), Барабунци (3 к.) и Ѓурчинци (3 к.). Дрдорковци се доселени од Кривопаланечко. Ѓурчинци и Суќевци потекнуваат од ист предок доселен од селото Коњух кај Кратово. Другите не си го знаат потеклото.
- Mаало Качаровци: Качаровци (8 к.) и Дурмишовци (2 к.). Качаровци се доселени однекаде. Додека Дурмишовци се гранка од родот Портаровци.
- Mаало Вардарци: Вардарци (7 к.) и Грблевци (4 к.), првиот род потекнува од предок доселен од некое село во Мариово. Го знаат следното родословие: Стевко (жив на 99 г. во 1972 година) Пешо-Стојан-Стеван, кој се доселил.
- Mаало Шавтировци: Шавтировци (6 к.), доселени се однекаде.
- Mаало Големиновци: Големиновци (7 к.), доселени се однекаде.
- Mаало Неделинци: Неделинци (10 к.), доселени се однекаде.
- Mаало Средоречани: Во ова маало живеат доселеници од селата Пезово и Руѓинце. Како и од селото Дренак кај Крива Паланка. Тоа се доселеници од после Втората светска војна. Севкупно имаат (10 к).
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Родот Портарци се иселиле во селото Зубовце, родот Јовановски се иселиле во селото Умин Дол. Постари иселеници од селото има и во кривопаланечкото село Добровница.
После Втората светска војна иселувањето продолжило кон градовите.[4]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Поранешни основни училишта, едно на левиот и едно на десниот брег од Крива Река
-
Поранешно основно училиште (во поновиот дел на Бељаковце)
-
Поранешно основно училиште (во стариот дел на Бељаковце)
-
Општествен објект во селото
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Бељаковце било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Клечевце.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Клечевце во периодот од 1955 до 1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Клечевце, во која покрај селото Бељаковце, се наоѓале и селата Довезенце, Зубовце, Јачинце, Клечевце, Косматац, Мургаш и Новоселани. Во периодот 1950-1952 година селото влегувало во рамки на некогашната Општина Довезенце, во која влегувале селата Бељаковце, Довезенце, Јачинце и Мургаш.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1144 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватен објект.[15]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[5]
- Еленец — населба од римско време;
- Мало Градиште — утврдена населба од римско време;
- Мидел — црква со некропола од средниот век; и
- Св. Петка — сакрален објект од средниот век.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — манастирска црква.
- Манастири
- Бељаковски манастир — манастир над селото
- Споменици
- Споменик на НОБ
-
Манастирската црква „Св. Ѓорѓи“
-
Воздушен поглед на црквата „Св. Никола“
-
Поглед на манастирот
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Селски слави[4]
- Духовден — главна селска слава
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 48. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 26.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 185–187.
- ↑ 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 205. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 216
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 ноември 2022.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/45-1399. Посетено на 9 ноември 2023. Отсутно или празно
|title=
(help)[мртва врска] - ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|